Вашиот проблем у темава е тоа што сопствените идеологии не знаете да си ги тргнете настрана, па потоа малку да погледнете у минатото објективно.
И јас не сум комунист, и јас не сум социјалист, себеси се сметам за капиталист, за демократ (мада и тоа више избледува), ама треба да сте луди да ми тврдите дека било кој народ од бивша СФРЈ живее подобро или пак добил повеќе во своите независни квази државички отколку што живеел и добил во СФРЈ.
Па асфалтот на кој што денес чекорите ви е останат од СФРЈ, школите во кои што сте учеле основно ви се од СФРЈ останати, пушките со кои што се бранеше Македонија се останати од СФРЈ, зградите во кои што живеете или сте живееле или пак вашите живеат се изградени во СФРЈ, и тие минимален број фабрики кои што работаат денес ви се останати од време на СФРЈ.
Видовме како народ колку сме способни за водење држава и нејзино одржување, се што добивме у време на СФРЈ го изгубивме, вклучувајќи ја и слободата на самоодлучување како држава.