Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.960
Поени од реакции
8.618
Ако ми е пасошот мерило, тогаш веројатно многу повеќе би ја ценел таа држава, поради фактот што со југословенскиот пасош сум можел да шетам низ највеќе земји во свет, без виза, повеќе од било кој друг пасош, од било која друга држава.
Постирај слики кај си се прошетал со југословенскиот пасош.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.701
Ако ми е пасошот мерило, тогаш веројатно многу повеќе би ја ценел таа држава, поради фактот што со југословенскиот пасош сум можел да шетам низ највеќе земји во свет, без виза, повеќе од било кој друг пасош, од било која друга држава.
Можеле да шетаат, ама 99% иделе да земат некоја обична роба од запад, па тука да ја шитнат и заработат некој динар плус, или на печалба.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Можеле да шетаат, ама 99% иделе да земат некоја обична роба од запад, па тука да ја шитнат и заработат некој динар плус, или на печалба.
Тогаш оделе со ЈУ пасошот низ Европа, а денес одат со Б'лгарскиот... :icon_mrgr:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.246
Поени од реакции
84.290
Постирај слики кај си се прошетал со југословенскиот пасош.
Aко јас лично не сум се шетал тогаш, со тој пасош, тоа несомнено би значело дека џабе е тоа што тој пасош бил пасошот со кој можат највише земји да се посетат и бил најбаран на црно.

иди фотокопирај се
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Во Југославија имало големи преселби на населението, после 2 светска војна настапува период на обнова и индустријализација на земјата, селата опустошуваат, а градовите раснат...
Голем дел од југословенската популација се преселува во урбаните центри, но исто така и голем дел од популацијата заминува надвор од Југославија или во западна Европа или во преку-океанските земји (САД, Канада, Австралија), кој како, некои го сакале системот, но многумина и не сакале да живеат под тој соц. систем и си заминале во капиталистичките земји ширум Европа и светот !
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Го болеше к** стариот себичен гомнар за неговите деца. Сееше семе кај ќе стигне и не ни знаеше на која глумица од холивуд и го истурил, платена нормално со народни пари. За него немаше семејни вредности, беше ладнокрвен кодош на НКДВ кој сите најблиски соработници си ги накодоши и ги среди во заговор (читај Моша Пијаде) па после ги величеше ко херои (стар комуњарски трик што Кастро му го напраи на Че Гевара). Комуњарите роден син (ко Сталин што го остави синот единец и не го трампаше за генерал Вон Паулсен) ќе си продадат, ти за наследство ми збориш.
Во секој случај бил опасен играч.Негова идеа се неврзаните кои место да одат во источниот блок со СССР биле неутрални.Чудно е шо за време на WW2 место Дража англичаните го подржале Тито.На неговиот погреб дошле многу државници од запад.Дефинитивно двоен играч ,матен лик,ама во секој случај интелегентен и опасен.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.960
Поени од реакции
8.618
Во секој случај бил опасен играч.Негова идеа се неврзаните кои место да одат во источниот блок со СССР биле неутрални.Чудно е шо за време на WW2 место Дража англичаните го подржале Тито.На неговиот погреб дошле многу државници од запад.Дефинитивно двоен играч ,матен лик,ама во секој случај интелегентен и опасен.
Од приказната со неврзаните профитираше само Америка ама не и обичниот југословенски ѓраѓанин. Тито тоа си го наплати дебело и ги собра, изеде и исра парите. За југословенскиот граѓанин остана месниот нарезок, конзервата сардина, четврт леб а посебната салама беше чувана само за гости и тука таму некој празник.
 
Јасно е дека Америка и западот профитираа.Тито беше нивни играч,нивниот 007.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Тито бил амерички играч, да речеме, обрнете внимание на зборот „играч“. Овие сега што наводно владеат што се, како да ги наречеме нив? Оти играчи сигурно не се. За да бидеш играч треба да имаш некаква геополитичка тежина, капитал со кој што можеш да си играш политика. Југославија била фактор, можеби не глобален, но регионален сигурно и поим за држава за денешниве испрдоци од држави во регионов. Има разлика од тоа да бидеш играч, до тоа да бидеш слуга. Ние денес не сме ни слуги, а за тоа е целата борба. Ние сме територија за поткусурување, ветена награда за верноста на Албанците, Бугарите, Грците кон интересите на САД и НАТО во регионов. Така било и во минатото кога не делеле, така е и денес.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
Во секој случај бил опасен играч.Негова идеа се неврзаните кои место да одат во источниот блок со СССР биле неутрални.Чудно е шо за време на WW2 место Дража англичаните го подржале Тито.На неговиот погреб дошле многу државници од запад.Дефинитивно двоен играч ,матен лик,ама во секој случај интелегентен и опасен.
од почеток наклонетоста на англичаните била кон дража пошто кралот пребегал англија а овај бил официјално командант на војската на југославија назначен од кралот за време на окупацијата...... во екот на најголемите битки на сутјеска 1943та англиска мисија се спуштила со падобранци со цел да се поврзат со тито и врховниот штаб, биле воодушевени од храброста и фанатичноста на југословенските партизани и колку германски дивизии наместо да бидат распоредени на источен фронт ги врзале за себе, па од тогаш цела помош од оружје,муниција, санитетски материјал итн била резервирана за партизаните, черчил го признава тито како единствен кој води вистинска војна против оската...... подоцна кога поголемиот дел на италија го завземаат сојузниците ранетите партизани се носат на лечење во бари
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.960
Поени од реакции
8.618
Aко јас лично не сум се шетал тогаш, со тој пасош, тоа несомнено би значело дека џабе е тоа што тој пасош бил пасошот со кој можат највише земји да се посетат и бил најбаран на црно.

иди фотокопирај се
Добро е тоа што луѓето газеле кал по "урбаните средини" и селата биле опустошени со услови за живот на ниво Зимбабве и најмногу имале финансии да се движат до најблиската "урбана средина" од 50 километри, за подалеку треба на "ударна акција" . Ама важно пасошот им е најбаран на црно.
Автоматски споено мислење:

Oзбиљно ова?
Тоа било и државна политика во тоа време. Состојбата во руралните средини во тоа време била неподнослива. За да одржат комуњарите мир и да лапаат девизи од странство ги собирале младите работоспособни луѓе со 8 одделение и ги праќале во таканаречените "работнички универзитети" каде за неколкумесечен курс ќе им дадат каква таква ќелава диплома и ајде у странство. После таму работа од утро до мрак а спиење во некакви контејнери. А после во кафеаната, секој со секого се кодошеле. Кој го пцуел Тито завршуел ко Ристо Шишков.
 
Последно уредено:
J

joli1

Гостин
Вашиот проблем у темава е тоа што сопствените идеологии не знаете да си ги тргнете настрана, па потоа малку да погледнете у минатото објективно.

И јас не сум комунист, и јас не сум социјалист, себеси се сметам за капиталист, за демократ (мада и тоа више избледува), ама треба да сте луди да ми тврдите дека било кој народ од бивша СФРЈ живее подобро или пак добил повеќе во своите независни квази државички отколку што живеел и добил во СФРЈ.

Па асфалтот на кој што денес чекорите ви е останат од СФРЈ, школите во кои што сте учеле основно ви се од СФРЈ останати, пушките со кои што се бранеше Македонија се останати од СФРЈ, зградите во кои што живеете или сте живееле или пак вашите живеат се изградени во СФРЈ, и тие минимален број фабрики кои што работаат денес ви се останати од време на СФРЈ.

Видовме како народ колку сме способни за водење држава и нејзино одржување, се што добивме у време на СФРЈ го изгубивме, вклучувајќи ја и слободата на самоодлучување како држава.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060

Пеер брат имам 4 стана и плата од 3000 евра у мк к.рац тоа ако беше СФРЈ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom