Оди де шетај се со Социјалната помош од 18.000 денари... Таа сума јас не ја нарекувам плата туку социјална помош. Башка што и таа „социјална помош“ доста луѓе не ја земаат редовно. Ќе ти речи газдата абе немам промет, чекам пари од странство кај што ја извезувам робата, сметката ми е блокирана, ме заеба ортакот или големи давачки имам ме казна трудова инспекција со 5.000 евра... Абе во доста фирми сега на септемвриски Спасовден на 15 септември ќе земаат плата, а следната плата ќе ја земат некој ден пред Св. Никола...Во 2011 година плата јас зедов за Водици а следната плата ја зедов за Велигден... Барем мене никој да не ми кажува колку се редовни работодавците со платите, бидејќи јас не сум фчерашен...
"Kadaif“ Дека со северџанскиот пасош можеш да си се шеташ низ цела европска унија без виза. Оди тоа кажи им го на жителите на планинските Битолско - Прилепските села во Мариовскиот регион, граѓаните на Македонски Брод, Берово, Валандово, Виница, Демир Капија, Злетово, Пробиштип, Радовиш... Ете и тие си имаат пасоши, ами де што не си шетаат насекаде низ државите на ЕУ??? Или пак ги имаат заборавено пасошите во кој шкаф ги оставиле? Или некаде по пат ги имаат изгубено поради скинат џеб од фармерките, па сега МВР им прави проблем за да си извадат нов...