Македонска берза

Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.945
Nemozam da svatam i jas da prodavas na ovaa inflacija sto bi pravel so kesot spored moe mislenje parite ulozeni vo akcija se zastiteni od inflacija
Автоматски споено мислење:

Pogotovo vo firmi sto imaat rekorden rast vo dobivka
Не продадов поради инфлација туку поради страв од економска криза и очекувам да купам за поевтино. Сметките за струја ќе го збришат профитот кај многу компании, а тоа е трошок што не можеш да го одложиш со плаќање. Може да се појават и проблеми со ликвидност кај компаниите што ќе се рефлектира и кај банките така што не очекувам дека ќе има "расположение" за раст на македонската берза.
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
Врска инфлацијата, САД како денешна империја, нема шанси да има поголема инфлација, во споредба со сите други држави. Ниту една империја не настрадала од хиперинфлација, туку обратно. Додека сите други економии, ќе се соочат со хиперинфлација.

Ќе си го добие, ама до тогаш прво другите ќе го јадат стапот, тие на крај, како и со сите други империи.
Иако е малку поразлична ситуација, но економската криза од 2008 год. ти го побива аргументов. Тогаш Америка загази прва, но и најмногу, преку 7 милиони нивни граѓани ги изгубија домовите, а преку 3 милиони стечајни постапки се забележани 2007-2009.
Најголемиот банкрот во историјата на САД е од тој период. Леман Брадерс ојдоа јабана.
Знаеме што се случи и со берзата, а и тоа дека огромна бројка луѓе останаа невработени, процентот на сиромашни се зголеми драстично итн итн.

Секако, разликата е што тогаш имаше силно производство и голема понуда, проследено со олеснети услови за земање кредити, па со други зборови и ќораво сакато можеше да подигне голем заем, без да има реално покритие за истиот. Тој лесен пристап до пари доведе до инфлација (можеби не хиперинфлација), но балонот стана неодржлив и за релативно брзо време експлодира и еба се околу него.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212
Не продадов поради инфлација туку поради страв од економска криза и очекувам да купам за поевтино. Сметките за струја ќе го збришат профитот кај многу компании, а тоа е трошок што не можеш да го одложиш со плаќање. Може да се појават и проблеми со ликвидност кај компаниите што ќе се рефлектира и кај банките така што не очекувам дека ќе има "расположение" за раст на македонската берза.
STRAV NAJOPASNA REAKCIJA ZA GUBENJE PARI NA BERZA
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Иако е малку поразлична ситуација, но економската криза од 2008 год. ти го побива аргументов.
Значи ти си против во долари да е кешот или ќе си останеш во Комерцијална Банка!
Постот ти е турли тава, мешање баби и жаби, небитно се тоа, туку најбитното не го кажувате на прашањето од кај почна муабетот (што со кешот?)... да се чуваат акциите ли, да се купуваат евра и зашто, или па денари и зашто, како жената на премиерот што орочила дури 1.042.730 денари.:cool:
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936

Јас за мене ќе ти кажам сине. Оној traditional rule од памтивек шо вика 25% Gold 25% Real Еstate 25% cash 25% stocks and bonds кој го врти јас би си го реоптимизирал по мој модус.
  1. 40% VOO или SPY со 4-5 индивидуални велју акции за продажба на covered calls (тука вклучувам кинески ADR и евтин SPLG 500 за колови)
  2. 10% emerging markets (VWO,SMIN,EWZ,MCHI)
  3. 10% MSE (прва љубов јбг)
  4. 10% злато,мајнери (GDX, GLD)
  5. Real estatе неблагодарно воопшо не го третирам во balance sheet пошо ми се лонг трм, не ги играм ниту знам да ги играм
  6. 30% кеш мандаторно во секое време за FED У-трн, SPX на 3.300-3.400, крај на војна или за продавање на cash secured puts
У основа 90% од ова ми е исполнето со искучок на број 2 шо мислам уше е рано и мсе-то шо ми е одамна нечепнато. Профитот шо ми го генерираат дивидендите, шорт и опциите го користам за рутинска занимација преку комбинаторики како straddle, strangle, iron condor , микс деј трејдинг со опции и x3 leveraged TQQQ i SQQQ ;)
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.945
STRAV NAJOPASNA REAKCIJA ZA GUBENJE PARI NA BERZA
Не значи ако си продал дека си загубил пари, е сега дали ќе загубиш идна добивка или ќе успееш да влезеш поевтино е прашање што ќе го одговори времето :)

Она што го очекував се случува со Бетон, ми се чини дека таа компанија ќе заврши како истоимената што котираше на берза до пред 2-3 години.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
Мислам спротивно. Амеро-доларот моментално е атрактивен пошо ФЕД притиска на каматните стапки правејќи ги обврзниците компелинг' за надворешни инвеститори. Напорот на ФЕД да ја заузда инфлацијата со високи камати и со свесно туркање на САД во подлабока рецесија за жал сеуште влева доверба на домашните и светот дека ФЕД ќе успее во тоа. Јас мислам дека не само шо нема да успее туку двоцифрени бројки на ифналција ќе има уше долго време а со тоа во амбис оди и доларот. И, и de ja vu повторно циклус на стимул и девалвирање на доларот. Прв индикатор дека нешо не е како шо треба е цената на златото од 1700 долари пер унца коа трошоците да се ископа истото се неколку пати горе. Пендулумот мислам дека во најбрзо време ќе тргне од овој смешно јак долар шо ни на американците не им одговара кон враќање на атрактивноста на златото од каде се почна, ин есенс. Со покачување на федерал фунд и основна каматна стапка го третираш симптомот а не изворниот проблем а тоа е натрупан баланс шит и премногу пари во оптек шо не престанува да се условно принта. Флоскулата дека лејбр маркетот е толку јак шо он е крив за ова рапидно покачување на цени. НЕТОЧНО, јак лејбор маркет и 100% вработеност само може да ја намалат инфлацијата поради борба за конкуренција меѓу истите. Све е политика у суштина. ФЕД демек праи затегачка политика во исто време Бајден инфлаторно опростува студентски заеми и ја алиментира Украина како никогаш од почеток на војна а ФЕД продолжува на печати фиат валута. Увертирата за крај на петро-доларот веќе не е зад завеси. Пуста среќа имаат шо ЕУ и Кина се исто така во нокаут. САД заслужува краш од епски размери после кој би се тргнало од почеток. Уше стои она,, Never bet against America'' пошо тие пак ќе го заземат приматот но треба политички и секаков сакрифајс.
Мислев дека повеќе знаеш. Јас се мислам дека е спротивно од ова. Лонг сум на УСД и шорт на нафта. Со успех исто сум шорт на УС500. Злато продадов по одамна. Исто и мсе веќе долго сум излезен. Не викам дека оваа ситуација ќе трае долго но цел ми е шорт терм гејн. И тоа сега за сега супер оди. Најверојатно ќе отварам лонг позиции за помалку од година дена и тоа на сребро и крипто.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Мислев дека повеќе знаеш. Јас се мислам дека е спротивно од ова. Лонг сум на УСД и шорт на нафта. Со успех исто сум шорт на УС500. Злато продадов по одамна. Исто и мсе веќе долго сум излезен. Не викам дека оваа ситуација ќе трае долго но цел ми е шорт терм гејн. И тоа сега за сега супер оди. Најверојатно ќе отварам лонг позиции за помалку од година дена и тоа на сребро и крипто.
Со отварање лонг на Крипто и сребро у Киосаки стаајл едноставно би требало да ти биде забрането повеќе да мислиш пошо од такви тралалајки дојдовме до тука. Се шо се случува денес е антипод на ваквите појави или санација на овие дивергентни трендови
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
Со отварање лонг на Крипто и сребро у Киосаки стаајл едноставно би требало да ти биде забрането повеќе да мислиш пошо од такви тралалајки дојдовме до тука. Се шо се случува денес е антипод на ваквите појави или санација на овие дивергентни трендови
Не те разбирам. Не знам што сакаш да кажеш...
 
Член од
23 мај 2017
Мислења
66
Поени од реакции
35
Beton skopje ima pobaruvanje od drzavata 25 000 000eu, severdzanite ne mu prefrlaat pari i resila preku dui ( pucko petrol ) da go stavat Minco do zid sam da go prodade Besk .Da napomenam ova im go napravija i na Skopski pazar .Ovie reketiranja na Makedonski biznismeni im odi na prilog se znae samo na kogo i koj kupuva se vo momentov .
 
Јас купув БЕСК во 2020та продадов во 2021. Ми изгледаше ефтино и потценето. Имав помали загуби. Добро што ги ликвидирав на време. Една од моите најголеми утки.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Не те разбирам. Не знам што сакаш да кажеш...
Инфлацијата во суштина е нахален дигитален принт на незаслужени и непокриени средства пуштени во оптек. Значи тоа е генезата на растот на цените. Повредата на понудата и дисбалансот со побарувачката само направија егзесербејт' на иницијалниот проблемот. Индиректно тој ,,нелегален'' принт донесе понзи крипто, НФТ и слични шпекуланти шо сеа коа е време на краш, беар маркет и рецесија главната идеа е да се отстрани таа девијација и да се озаконат сите ,,холандски крипто лалиња'' и сличен траш шо го компромитираат традиционалниот глобален монетарен систем.

Ај сеа да ме разбереш. Ти мислиш дека повеќе знаеш од мене со идеа да инвестираш долгорочно у крипто и сребро. Постои еден Роберт Киосаки со идентично твое гледиште шо уше пред 10 години пропагира дека среброто е деплетирано и дека со цена ќе дое ЕГАЛ со златото. Истиот тој Киосаки со неговата белетристика за вишфул тинкинг милионери без 5 денари у џеб беше амбасадор на таа крипто револуција и сите тие таквите како него, Cuban, O'leary почнаа неодамна да менуваат плоча но еве гледам не и ти. За една година веројатно коинот или ЕТФ криптото шо сакаш да вложиш ќе биде законски регулирано и смешно неатрактивно. Јас како пропонент за златото VS ти за среброто. Шо мислиш кој ќе победи и на краток и на долг рок? Еве нека сведочи наративов и луѓево шо читаат од денес.

p.s. Со шорт на нафта и лонг на се останато ти си уствари шорт на Бафет и Мангер заедно. Дрско
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Додуша и БЕСК имаше објавувано на берза некакви небулозни прогнози за идни баснословни приходи и добивки. Веројатно за таква манипулација со инвеститорите во сериозни држави се глави сериозен затвор
Автоматски споено мислење:

Инаку, судијката што ја запржи чорбата со катастрофалните првостепени пресуди во ПКБ и СТБП отишла во пензија. У нормална држава МВР и ЈО би се позанимавале со таквите што користат да си го натоварат магарето додека партиите се договараат каков послушник да изберат на упразнетото место
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
Инфлацијата во суштина е нахален дигитален принт на незаслужени и непокриени средства пуштени во оптек. Значи тоа е генезата на растот на цените. Повредата на понудата и дисбалансот со побарувачката само направија егзесербејт' на иницијалниот проблемот. Индиректно тој ,,нелегален'' принт донесе понзи крипто, НФТ и слични шпекуланти шо сеа коа е време на краш, беар маркет и рецесија главната идеа е да се отстрани таа девијација и да се озаконат сите ,,холандски крипто лалиња'' и сличен траш шо го компромитираат традиционалниот глобален монетарен систем.

Ај сеа да ме разбереш. Ти мислиш дека повеќе знаеш од мене со идеа да инвестираш долгорочно у крипто и сребро. Постои еден Роберт Киосаки со идентично твое гледиште шо уше пред 10 години пропагира дека среброто е деплетирано и дека со цена ќе дое ЕГАЛ со златото. Истиот тој Киосаки со неговата белетристика за вишфул тинкинг милионери без 5 денари у џеб беше амбасадор на таа крипто револуција и сите тие таквите како него, Cuban, O'leary почнаа неодамна да менуваат плоча но еве гледам не и ти. За една година веројатно коинот или ЕТФ криптото шо сакаш да вложиш ќе биде законски регулирано и смешно неатрактивно. Јас како пропонент за златото VS ти за среброто. Шо мислиш кој ќе победи и на краток и на долг рок? Еве нека сведочи наративов и луѓево шо читаат од денес.

p.s. Со шорт на нафта и лонг на се останато ти си уствари шорт на Бафет и Мангер заедно. Дрско
Јас сум краткорочен шпекулант во пракса подолго од година 2 не ме интересира така да. Се си е ок на кратокрок. На долгрок...кој чека причаче.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom