Македонска берза

Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Мене ми се допаѓа шо КМБ, АЛК и ТНБ фундаментално растат а од друга страна акцијата им паѓа.

YТD:
  • МБИ 10 -5.7%
  • ALK -8.35%
  • TNB -12.66%
  • KMB -1.16%
Сите комании имаат добри два квартала до сеа а акцијата им тоне. Resilience највеќе покажува КМБ шо годинава да ја заврши со 1200 денари ЕПС, од јануари 2023 натака 12.000 -13.000 денари пазарна цена ќе значи 10 п/е шо е врв. Реална вредност пер шеер
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Ако распродадовте акциите, да стаиме по едно кафе.

#Кеш ис нот а треш :neetaka: #Костолани мајндсет на наЈЈако
Побитното прашање е што со кешот? Еврото и денарот се во најлошата положба откако постојат, а ако решиш да купуваш други валути губиш од старт.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Побитното прашање е што со кешот? Еврото и денарот се во најлошата положба откако постојат, а ако решиш да купуваш други валути губиш од старт.
Д о л а р ама амерички, не од твоите :D.
Прогнозите 1еур: 0.80 $$$
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Д о л а р ама амерички, не од твоите :D.
Прогнозите 1еур: 0.80 $$$
Малку купив, а сега ми е ризик да го докупувам, и не знам како ќе биде афектиран ако инфлацијата отиде уште нагоре на 21ви.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Д о л а р ама амерички, не од твоите :D.
Прогнозите 1еур: 0.80 $$$
Мислам спротивно. Амеро-доларот моментално е атрактивен пошо ФЕД притиска на каматните стапки правејќи ги обврзниците компелинг' за надворешни инвеститори. Напорот на ФЕД да ја заузда инфлацијата со високи камати и со свесно туркање на САД во подлабока рецесија за жал сеуште влева доверба на домашните и светот дека ФЕД ќе успее во тоа. Јас мислам дека не само шо нема да успее туку двоцифрени бројки на ифналција ќе има уше долго време а со тоа во амбис оди и доларот. И, и de ja vu повторно циклус на стимул и девалвирање на доларот. Прв индикатор дека нешо не е како шо треба е цената на златото од 1700 долари пер унца коа трошоците да се ископа истото се неколку пати горе. Пендулумот мислам дека во најбрзо време ќе тргне од овој смешно јак долар шо ни на американците не им одговара кон враќање на атрактивноста на златото од каде се почна, ин есенс. Со покачување на федерал фунд и основна каматна стапка го третираш симптомот а не изворниот проблем а тоа е натрупан баланс шит и премногу пари во оптек шо не престанува да се условно принта. Флоскулата дека лејбр маркетот е толку јак шо он е крив за ова рапидно покачување на цени. НЕТОЧНО, јак лејбор маркет и 100% вработеност само може да ја намалат инфлацијата поради борба за конкуренција меѓу истите. Све е политика у суштина. ФЕД демек праи затегачка политика во исто време Бајден инфлаторно опростува студентски заеми и ја алиментира Украина како никогаш од почеток на војна а ФЕД продолжува на печати фиат валута. Увертирата за крај на петро-доларот веќе не е зад завеси. Пуста среќа имаат шо ЕУ и Кина се исто така во нокаут. САД заслужува краш од епски размери после кој би се тргнало од почеток. Уше стои она,, Never bet against America'' пошо тие пак ќе го заземат приматот но треба политички и секаков сакрифајс.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.945
Мене ми се допаѓа шо КМБ, АЛК и ТНБ фундаментално растат а од друга страна акцијата им паѓа.

YТD:
  • МБИ 10 -5.7%
  • ALK -8.35%
  • TNB -12.66%
  • KMB -1.16%
Сите комании имаат добри два квартала до сеа а акцијата им тоне. Resilience највеќе покажува КМБ шо годинава да ја заврши со 1200 денари ЕПС, од јануари 2023 натака 12.000 -13.000 денари пазарна цена ќе значи 10 п/е шо е врв. Реална вредност пер шеер
Пред една година на било каков квартален извештај растеа, а сега паѓаат. Продадов и јас зошто мислам дека за неколку месеци ќе купам поевтино.
 
Член од
20 декември 2021
Мислења
202
Поени од реакции
231
I jas ne bi prodal akcii od firma sto pravi dobri rezultati.Nekoj prodava od strav da ne navleze podlaboko vo minus dodeka mnogumina prodavaat zatoa sto i dividentite gi zatvorija vo akcii za uste pogolema dobivka ne predviduvajki deka godinata e dolga i nepredvidliva so mnogu povisoki trosoci od planiranoto.Ne bi rekol deka sega nekoj prodava za vo nareden period da kupi poevtino oti nepredvidliva e berzava,neki mnogu lakomenje koga ima krizi sto velat stari da se pomine -zlatna sredina cuvanje poveke kes i reagiranje koga ke se pojavi po nekoj davenik od dobrive firmi nikogas ne e zagubeno samo vreme da pomini.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Мислам спротивно
ОК, ама никаде во постот не напиша што со кешот.... Од напишаното, на почеток излегува дека си за евра...

Пуста среќа имаат шо ЕУ и Кина се исто така во нокаут. С
Не е до среќа, туку тоа се причински последични врски. Ја кажа едната страна т.е. негативни последици врз САД (и со право), но ај сега направи анализа за ЕУ, Кина и УК, па да видиме кој е веќе во лајната, а кој само се зацапал.
Земи во предвид процесот на глобалниот рестарт, долговите на државите, последиците од високите цени на енергенсите, па после види кој е веќе во лајната, а кој само се зацапал. Во такви ситуации, големите пари прво што бараат е сигурност, а тоа може да им го обезбеди само империјата (сега се САД) и само економијата на САД може да апсорбира толку трилиони долари, ниту Кина (за сега) ниту цела Јужна Америка.
Врска инфлацијата, САД како денешна империја, нема шанси да има поголема инфлација, во споредба со сите други држави. Ниту една империја не настрадала од хиперинфлација, туку обратно. Додека сите други економии, ќе се соочат со хиперинфлација.
Сегашнава инфлација е поради недостаток на производи, а не поради зголемена побарувачка или повеќе испечатени долари.

Еве за Германците кои нели се кремот на ЕУ
https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/rabota/ako-padne-germanija-nie-nishto-podobro-nema-da-pomineme
Кревањето на границата за пензионирање би било магичното решение за два големи германски проблеми - недостаток на работна сила во земјата и недостаток на пари во пензискиот фонд.
Како е можно да нема пари во пензиските фондови, односно каде, како и зашто :).

САД заслужува краш од епски размери после кој би се тргнало од почеток.
Ќе си го добие, ама до тогаш прво другите ќе го јадат стапот, тие на крај, како и со сите други империи.

Јас сум во долари ( купувани од 49-56 денари), поради историските податоци и објаснувања што ги дава господин Мартинчо https://www.armstrongeconomics.com/


МКД акции само овие ги оставив (тел, окта).
Се што најавил, прогнозирал, така се остварува, бидејќи зема во обзир повеќе факти и причинско последично резултати.
Од почеток читај му ги пишувањата, со факти и објаснувања, па спореди дали се остварували или не
https://www.armstrongeconomics.com/writings/

Ќе покаже времето, дал долар или евра.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Банките со многу подобри резултати од лани,а цените потоп.Не знам само дали се рефлектира состојбата од странските берзи, или дури сега разбравме што ке се случува понатаму.Уште колку пад очекувате кај банкарските акции ??
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Кога купував во време на Ковид или кога следствено на тоа ЕЦБ даде командна препорака за забрана за дивиденди, тргувањето со акции беше последно нешо на секој у предвид. Се спротивно шо гледавме подоцна во хајп коа оној копиљ милион евра стаи на 13.300 на КМБ.
Мене искрено ми се хит вакви мрачни зимски антиципации, преживувања и резервираност за било какво идно вложување (освен у кладилници пошо тие ми се репер дека миграцијата на траш трејдери е направена од пазар на капитал, се надевам прочитавте колку е пораснат обртот).
Доаѓаме во период коа нема ниту кафекуварки, ниту коментари на портали, форуми и муабети у кафани за акции и дивиденди. Кога секој или веќе продал, или чека уше еден баунс за да заврши работа или пак никогаш веќе не би влегол. Сите овие сигнали се предзнак на ботом. Абе не затворија со месеци дома пред две години. Шансите да преживееме од Ковид или немаштија беа неколку пати помали од овој тип проблеми како supply constraints, војна во Украина и 800 долари цена на струја на HUPX.
Се ќе се среди. И тука и во УСА и во ЕУ и у Украина. Само треба гатс' да истраеш без да направиш некоја глупост како овие денес шо продаваат ТНБ на 24k. Во ова време шо ќе ви се парите (со ислучок за нужна цел или елементарни потреби)?. Ако сега не се купува стан, кола, инвестира во бизнис или еве вие додадете, шо ќе ви се парите со 16% инфлација ? Тајминг нема да направите подоцна, пошо секогаш ќе има за шо да се грижиш и работите ќе се сменат дур да трепнеш.
Lucky;
Јас очекувам КМБ под 10.000, ТНБ под 20.000 и АЛК 14.0000 шо би било бинго.
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
na 28 januari 2022 napisav deka ALK ke go cekam na 15000 i KMB na 9500
no togas komentarite bea mnogu grubi kon mene.
Izlegov na 17800 ALK sega vlegov na 16600 i sum vo dobra kondicija za uste-- bombona biznis

KMB izlegov na 10900 loso ,ama cuvstvuvam :uzi::uzi:
zabavata e vo tek,uzivajte
Ова со АЛК не ти давам кредит пошо за 1200 ден. разлика у цена, минус провизија за излез ,влез и не е некој скор.

КМБ си продал на 10.900, минус излезна провизија 0.75-1%, минус дивиденда 570 денари, значи во превод си напраил paper hands' на 10.221 денари.

Не бе брат, не е добро, ни тогаш ни сеа ... :)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Nemozam da svatam i jas da prodavas na ovaa inflacija sto bi pravel so kesot spored moe mislenje parite ulozeni vo akcija se zastiteni od inflacija
Автоматски споено мислење:

Pogotovo vo firmi sto imaat rekorden rast vo dobivka
Јас не продадов ништо, бев зафатен со обврски и ги оставив.
Единствено една компанија не ми ја бива во целото портфолио(BYND), еднаш решив да инвестирам во нешто што е тренд и се заебав (од веганите ни тука нема ќар), за другите не се плашам, 3 години да има криза ниту една нема да пропадне/отиде многу надоле.
Во план сум периодов како што одврзувам кеш, така постепено да пикам во акции.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom