Gley.mk (македонска национална стриминг платформа за гледање серии и филмови)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Пишува 7 дена бесплатно, бираш претплата со картичка и во делот за пишување податоци од картичката најдоле пишува дека претплатата почнува за 1 ден :eek:

Screenshot_20220426-164028_Chrome.jpg
 
така пишува, инаку 7дена се, не се секирај
Ама е збунувачки тоа.

Се немам претплатено а сепак добив награда од Глеј на квиз прашања на Инстаграм кој пола и погрешно ги одговорив.
Добив торбичка платнена за пазарување, поларно ќебе, и смоки Стоби Флипс Giga Pack.

Ќебето е убаво меко темно маслинаста боја.
 
Последно уредено:
Имам HBO Max засега доволно ми е но не значи дека некогаш нема да се предомислам за Gley.
Не викам дека немаш. Ама муфте е, признај.
 
Гледам ставиле Mythbusters. Е ова им е добро :aplauz: но од сезона 5 само епизоди.
Screenshot_20220604-131912_GLEY.jpg
 
На RARBG ги имаш сите 15 сезони, и то ехееее од кога... шо се мачиш незнам.
Знам дека ги има на други сајтови. Сепак коментарот ми беше пофалба што некој се потрудил нешто такво да понуди на интернет со македонски превод.

Мене Mythbusters не ми е сега приоритет да гледам. На Gley не сум претплатен само апликацијата ми стои на телефонот уште од првиот пат кога се регистрирав и начекав бесплатно без внесување картичка.

Ако има нешто за мене привлечно македонска содржина некогаш момеби и би размислил да се претплатам. Сега за сега не.
 
Екслузивно ви го најавуваме стартот на соработката со првата македонска стриминг платформа Gley

Само во Нептун, со секој купен телевизор или лаптоп добијте до 3 месечна Gley претплата ❗

ℹ Прочитајте повеќе на следниот линк: https://bit.ly/3PEcGt5

 
А да подработеа на додавање повеќе содржини?!
 
А да подработеа на додавање повеќе содржини?!
Додаваат повеќе српски отколку македонски содржини. Последно имаат нешто Stand up Скопје гори од смеа.

Кај нас ретко се снимаат серии поради повеќе причини од кој главната е финансиите а вакви сервис услуги бара да се има голем избро филмови и серии. За странски содржини го имаме Netflix, HBO Max, Amazon Prime, Disney plus. Ок е да се има српска, хрватска и друг вид екс ју содржина но фали доста македонска содржина бидејќи сепак ова е македонски сервис.

Барем да се договореа со кинотека и кој се не е задолжен за стари македонски филмови па да ги ставеа дигитализирани од Стoле Попов филмовите, да ставеа Мис Стон, Македонска крвава свадба, Црно Семе и други.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom