Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    762
Не бе,војната за три дена заврши,туку ова сега е специјална операција за денацификација.Како може фашисти да денацифицираат фашизам.Моментално Русија е најфашистичка,најагресорска земја на светот.Успеа скроз да го подели светот за наредни децении,башка на сцена го враќа и империјализмот и потчинувањето на други држави,окупирања територии и крадење ресурси на таа држава.И следи катаклизма,внатрешен распад ќе и се деси,политички и системски.

odi be vrti pleski u ger sledi teska zima. golem si od mama i tato da cekas da platat za tebe
 
Нема ништо да направат. Нема правда во одмаздата. Реално е само да се исклучи склопката кај тие некои неутрални што останаа во Русија. Е да ќе има и некои интересни смртни случаи после примање писма и телефонски повици. Слично што им правеа во Чеченија.
Иако ептен гаден потег.
На секој начин се обидуваат да ги испровоцираат.

Не знам, мислам дека треба да им дадат до знаење дека тероризам е апсолутно неприфатливо и ќе одговорат брутално на секој ваков чин.

Колку што се фанатични и крвожедни утре може и автобус со цивили да кренат во воздух или што ти знам.
 
Не бе,војната за три дена заврши,туку ова сега е специјална операција за денацификација.Како може фашисти да денацифицираат фашизам.Моментално Русија е најфашистичка,најагресорска земја на светот.Успеа скроз да го подели светот за наредни децении,башка на сцена го враќа и империјализмот и потчинувањето на други држави,окупирања територии и крадење ресурси на таа држава.И следи катаклизма,внатрешен распад ќе и се деси,политички и системски.
Гледам САД се распаднаа внатрешно додека сеуште држат територии под окупација. Во моментов имаат окупирано теротирија на Сирија и си вадат нафта без проблем и никој не се ни буни. Никогаш не ни престана империјализмот, само некој тоа медиумски друго го преставуваше на глупиот народ.
 
Дугин и немаше некои екстремни ставови кон Украина и украинскиот народ, незнам зошто бил таргет. Ниту пак е под закрила на Кремљ, нити била каква дејност извршува. Многу прљав чин.

Достапен е и нема заштита, и е релативно познат... Тоа е доволно за да биде цел на терористички напад, погледни дефиниција за доктрината на терор.

Инаку ако имаше било каква дилема:
Автоматски споено мислење:

"The incident took place on a highway some 20 kilometers west of Moscow around 21:35 local time, with witnesses saying that the blast rocked the vehicle right in the middle of the road, scattering debris all around," according to new details in RT. "The crippled car, fully engulfed in flames, then crashed into a fence, according to photos and videos from the scene."

"Emergency services said one person was inside the car and was instantly killed by the blast and crash – a female whose body was reportedly recovered burned beyond recognition."

Последно уредено:
Русија има долга историја и големо искуство со справување со тероризам од почетокот на веков. Бомби во јавен превоз, заложнички кризи од голем обем (Чеченците во театарот), итн... Децении да се влече ова? Попрво ќе видиш терористи обесени за јајца по бандери (метафорички кажано), отколку долготрајни терористички напади. Не е тоа неспособна држава, разнебитена и инфилтрирана одвантре (сите споредби со нашава држава се намерни).
 
Според медиуми Дугин и ќерка му биле заедно на фестивал наречен “Традиција”. Ги замениле возилата, имено во возилото кое експлодирало во движење требало да се вози Дугин. Со оглед на тоа дека Дугин и немаше некои екстремни ставови кон Украина и украинскиот народ, незнам зошто бил таргет. Ниту пак е под закрила на Кремљ, нити била каква дејност извршува. Многу прљав чин.
Баш затоа што е небитен, а медиумски експониран. Им треба пропагандна победа, а истовремено да не стават таргет на глава ако убијат некој од најблискиот круг на Путин.
 
После пола година војна, не ми е јасно до каде е Русија со исполнување на целите.
Од демилитаризација, Украина е можеби највооружана нација во светот. Постојан дотур на нови оружја и рекрути спремни за гинење.
Од заштита на Донбас и Лиганск, стигна работава редовно да им ги бомбардираат Крим и Белгород (Руска територија).

Во меѓувреме ситуацијата на фронтот е тежок stalemate, илјадници километри линија дневно се поместува за пола километар. Нема никаков абер за воен завршеток.

После заземањето на Лисичанск и Северодонетск дефинитивно се намали интензитетот од страна на Русите. Само артилерискиот оган е намален за упола. Моја претпоставка е дека или ги обновуваат силите и прават ротации или се чека како геополитички ќе се развие ситуацијата во однос на Русија кон САД и Европа.

Мислам дека способноста за спроведување на големи воени инвазии од страна на Русија после пола година војна е солидно намалена. Ама сметам дека во секој случај се целосно спремни за воени операции на дел на фронот како што беше случајот со целата воена операција од Попасна до Изиум.

Линијата на фронтот од Херсон па до Харков е долга ко од Скопје до Минхен. Русите на почетокот имаа околу 180 илјади активни војници, еве сеа да се нешто помала бројка, тоа е премалку за сериозен напредок по сите места. Но тоа не ги спречува да ја користат воздушната и артилериската надмоќ и да ги делкаат малку по малку.

Од друга страна Украинците не гледам дека имаат способност за нешто повеќе од одбрана на своите позиции и правење на диверзии и саботажи. Премногу војска и премногу опрема имаат изгубено, ударните единици им се со загуби преку 70% и тенки се на ресурси. Се виде тоа пред месец дена кога тргнаа да прават контра офанзива во Херсон и беа парчосани по тоа отворените полиња од непријател кој е артилериски надмоќен.

Мислам дека Русите ќе имаат уште еден push пред зима, најверојатно во Донбас и другото ќе биде статус кво.
 
Не бе,војната за три дена заврши,туку ова сега е специјална операција за денацификација.Како може фашисти да денацифицираат фашизам.Моментално Русија е најфашистичка,најагресорска земја на светот.Успеа скроз да го подели светот за наредни децении,башка на сцена го враќа и империјализмот и потчинувањето на други држави,окупирања територии и крадење ресурси на таа држава.И следи катаклизма,внатрешен распад ќе и се деси,политички и системски.
Ти не си добар, ова со враќање на сцена на империјализам и потчинување на други држави го имаш многу одамна... многу читаш и слушаш ББС и СНН, намали малку до следење на тие медиуми, а повеќе вклучување на мозок.
 
Мислам дека способноста за спроведување на големи воени инвазии од страна на Русија после пола година војна е солидно намалена. Ама сметам дека во секој случај се целосно спремни за воени операции на дел на фронот како што беше случајот со целата воена операција од Попасна до Изиум.

Линијата на фронтот од Херсон па до Харков е долга ко од Скопје до Минхен. Русите на почетокот имаа околу 180 илјади активни војници, еве сеа да се нешто помала бројка, тоа е премалку за сериозен напредок по сите места. Но тоа не ги спречува да ја користат воздушната и артилериската надмоќ и да ги делкаат малку по малку.
За вакви предвидувања треба да имаш увид во состојбата на стратешките резерви (и производните капацитети) на РФ... Имаш увид? :)
Инаку бројката на људството зависи од целите и задачите - премалку или доволно, кој знае што точно им е планот? Ние овде секако не.
 
Site ovie napadi i provokacii se del od strategijata da ja vovlechat rusija vo vojna i mobilizacija. Ama toa nema da se desi. Rusite ne se impulsivni, imaat golemo trpenie i imaat iskustvo vo igranje golemi igri. Plus neograniceni resursi. Toa gi pravi mnogu zaeban neprijatel.

Ukrainskata strategija e jasna, ke provociraat se dodeka ne uspeat NATO da go vovlechat vo vojnava. Dosega vagjaat maksimum so toa sho go imaat.
 
Не знам, мислам дека треба да им дадат до знаење дека тероризам е апсолутно неприфатливо и ќе одговорат брутално на секој ваков чин.

Колку што се фанатични и крвожедни утре може и автобус со цивили да кренат во воздух или што ти знам.
Се сложувам.
Треба да има некој Калибар во Киев или Ливов. Буквално да им збрише уште тоа што им останато од военото раковдството.

Мада не е Украина сама во ова. Им функционираат службите и на другите земји во Русија. Од тоа што се врти низ руски медиуми, полковник во оставкa во руското СВР изјави дека можно е во вакви настани да се замешани Британците.
Ова е прв успешен чин. До сега имаше обиди на неколку други јавни личности како тој Сололиев.

Бомбата била сместена под седиштето на возачот.

Збориме за државен теороризам.
Ќе се ситат како медиумска победа или пропагандата така ќе го продава наративот, но незнам баш дека е така во случајов. Жртва е ќерка на филозоф. Не е ниту генерал, ниту лице од структурата на Кремљ. Обичен цивил.

Баш затоа што е небитен, а медиумски експониран. Им треба пропагандна победа, а истовремено да не стават таргет на глава ако убијат некој од најблискиот круг на Путин.

Сите обиди до сега кои беа спречени. Се обиди врз лица од медиумите. Медиумска победа за пред западот? Па никој не се не интересира кој е Дугин во Брисел или Берлин.
Победа пред својата јавност, да веќе така го третираат.
Пред Руската јавност само повеќе одобрување ќе добие операцијава на Украина.
 
Во западните медиуми. Немам видено што пишува низ британски и амерички весници денес, ама се кладам дека сегде се збори за ќерката на мозокот на Путин, центарот на операциите, главниот идеолог, чуда, врагови. Мора на западната јавност да ѝ се врати нешто од “инвестицијата“ што ја прифаќаат во донации на оружје и нарушен животен стандард.
 
Site ovie napadi i provokacii se del od strategijata da ja vovlechat rusija vo vojna i mobilizacija. Ama toa nema da se desi. Rusite ne se impulsivni, imaat golemo trpenie i imaat iskustvo vo igranje golemi igri. Plus neograniceni resursi. Toa gi pravi mnogu zaeban neprijatel.

Ukrainskata strategija e jasna, ke provociraat se dodeka ne uspeat NATO da go vovlechat vo vojnava. Dosega vagjaat maksimum so toa sho go imaat.
Ако не беа импулсивни, немаа воопшто да започнуваат војни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom