Нуклеарна војна, и загрижувачкиот тренд на неразбирање на последиците од истата

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.615
Поени од реакции
33.767
Нуклеарна војна е често дискутирана тема посебно од аспект на последиците од неа, но во поново време се почести се и размислувањата дека дури и нуклеарна војна меѓу велесили, наводно „немало да биде фатална по победникот, и по човештвото“. Ова е фалична теза, и наратива која за жал се почесто се бутка по западните медиуми. Во дискусијава ќе се обидам да приложам студии, научни трудови, и разни текстови посеветни на тема последици од нуклеарна војна. Можеби и да влијаам на тие што ова не го разбираат озбилно.

Една од најпознатите студии за последиците од нуклеарна војна, е студија која ја популарзираше познатиот научник Карл Сеган а која со користење на симулации предвидува повеќегодишна нуклеарна зима и климатски промени кои човештвото нема да ги преживее.

Денес заклучоците и предупредупредувањата од оваа студија се критикуваат, во рамки на наративата дека нуклеарна војна меѓу велесили наводно немало да биде „толку лоша“ по човештвото и дека немало да доведе до MAD (mutual assured destruction). Ова е многу опасна насока на размислување, која дури и да е точна (а не е) ако не целосно уништување на човештовото, во најмала рака ќе придонесе до глобална несреќа и губење на милијарди човечки животи.

Една работа која ја забораваат критичарите, е глобализацијата во комбинација со бројноста на човештвото и општата зависност од трговија/увоз на храна на најголемиот број држави во светот. Следи научна студија и неколку текстови поврзани со неа, кои објаснуваат дека дури и ограничена нуклеарна војна како на пример помеѓу помали фактори како Индија и Пакистан, ќе го намали светското производство на храна за најмалку 7% во следните пет години. Војна меѓу САД и Русија пак, ќе предизвика намалување на светското производство на храна за најмалку 90%. Проекцијата е дека за две години од глад ќе умрат ~75% од луѓето на планетата.

Ова е само од глад, без земање во обзир на радијацијата, климатските промени и екстремните временски услови кои ќе доведат до несреќи како поплави и слично.


Без повеќе оддолжување, еве за што се работи:


Убаво напишан текст од science.org:


Nuclear war would cause yearslong global famine
Billions of people could starve to death after even a regional conflict, latest nuclear winter modeling indicates
A 150-megaton thermonuclear explosion


Nuclear bombs, including this one detonated on Bikini Atoll during a U.S. military test in 1954, inject soot into the atmosphere. New modeling shows how thousands of detonations could disrupt Earth’s climate and cripple global food supply.


A nuclear war would disrupt the global climate so badly that billions of people could starve to death, according to what experts are calling the most expansive modeling to date of so-called nuclear winter. Although the exact effects remain uncertain, the findings underscore the dangers of nuclear war and offer vital insights about how to prepare for other global disasters, researchers say.
The study comes as Russia’s invasion of Ukraine has put the world in “one of the top three most worrisome time periods” for the threat of nuclear war, says Seth Baum, executive director of the Global Catastrophic Risk Institute—behind only the 1962 Cuban Missile Crisis and the 1983 Able Archer incident, when the Soviet Union mistook a NATO military exercise for a real attack. “It’s a continued reminder that [nuclear war] is really terrible.”

Scientists have long known massive explosions can throw enough dust, ash, and soot into the air to affect the global climate. In 1815, Mount Tambora in what’s now Indonesia unleashed the largest known volcanic eruption in history. In the following months, its ash rose and spread worldwide, blocking enough sunlight to produce “the year without a summer”—a cold spell in 1816 that resulted in massive crop failures and famine across the globe.

For decades, scientists have warned a similar catastrophe could follow a nuclear war, as fires ignited by hundreds or thousands of nuclear explosions would release millions of tons of soot, blocking sunlight and inducing global environmental effects. Worries about climate effects of nuclear warfare emerged soon after World War II, and studies took off during the Cold War.
Over the past decade, two pioneers of nuclear winter studies, Alan Robock and Brian Toon, have assembled a cross-disciplinary team of scientists to take the calculations further. They turned to the same climate models that underlie global warming studies—but used the models to simulate global cooling instead. “Now, we have the computational capacity to simulate these kinds of things in a sophisticated way,” says Jonas Jägermeyr, a climate change scientist, crop modeler, and team member at NASA and Columbia University.

In the new study, out today in Nature Food, the team has attempted to quantify the potential impact of nuclear war on the global food supply by coupling the climate models with simulations of global food production. A previous analysis, led by Jägermeyr in 2020, showed that even a small regional nuclear war between India and Pakistan could result in global crop shortages. The new study includes six nuclear war scenarios and incorporates models of fisheries as well as farming to get a broader picture of the impact.

The researchers estimated that the various nuclear exchanges would inject between 5 million and 150 million tons of soot into the atmosphere. They simulated the resulting changes in sunlight, temperature, and precipitation, which they then fed to the crop and fishery models. By tracing the reductions in corn, rice, soybean, wheat, and fish harvests, the team estimated the total loss in calories. From there, they calculated how many people would go hungry—assuming international food trade would cease and resources would be distributed optimally in each country.
A few years after a nuclear war between the United States, its allies, and Russia, the global average calories produced would drop by about 90%—leaving an estimated 5 billion dead from the famine, the researchers report. A worst-case war between India and Pakistan could drop calorie production to 50% and cause 2 billion deaths. The team tried to simulate the impact of food-saving emergency strategies, such as converting livestock feed and household waste to food. But in the larger war scenarios, those efforts did little to save lives.

Baum urges caution in interpreting the estimates. Although the climate models are “excellent,” he says, there’s too much uncertainty in how humanity would react to such a global catastrophe to get an accurate read on the death toll. Still, the study “makes a very worthy contribution” to envisioning these scenarios, he adds.

Lili Xia, a climate scientist at Rutgers University, New Brunswick, and lead author on the paper, agrees there’s lots of room to improve the models—including factoring in the effects of soot on ultraviolet radiation and surface ozone and implementing more effective food management techniques. Rather than aiming to forecast exactly how the food catastrophe might play out, she says her group wanted to understand the level of risk humanity faces.

The nightmarish prospects have already inspired others to look for ways to fight the hypothetical famine. David Denkenberger, who co-founded the nonprofit Alliance to Feed the Earth in Disasters, is exploring ideas including scaling up “resilient foods” such as seaweed, repurposing paper factories to produce sugar, converting natural gas into protein with bacteria, and relocating crops to account for an altered climate. He and his research associate Morgan Rivers think those approaches could dramatically increase the amount of food available to humans. “Even if [a substitute] doesn’t taste as good as sweet corn, it’s better than starving,” he says.

Such thought exercises can also help humanity prepare for the effects of climate change and other disasters, Denkenberger adds. “It’s not just nuclear winter; resilience helps us with a lot of other catastrophes … such as a supervolcanic eruption.”
Still, the obvious takeaway for all these scientists is that nuclear war should be avoided at all costs, Rivers says. “Their analysis is showing something really critical to transmit: that nuclear winter is really, really bad.”
doi: 10.1126/science.ade4199
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.426
Поени од реакции
11.254
Вдишуваш радиоактивна прашина и гориш одвнатре до крајот на животот - колку и да е тоа кратко...веројатно денови се во прашање. Not great, not terrible последици по човештвото.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.404
Поени од реакции
9.704
Вдишуваш радиоактивна прашина и гориш одвнатре до крајот на животот - колку и да е тоа кратко...веројатно денови се во прашање. Not great, not terrible последици по човештвото.
neli ima nesto od medicinata, prevencija ili da se namale toa gorenje :D
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.426
Поени од реакции
11.254
neli ima nesto od medicinata, prevencija ili da se namale toa gorenje :D
Дури и ако засегнатото лице ги преживее акутните последици од зрачењето, долгорочно е можен развој на други болести поради оштетување на генетскиот материјал на клетките на одредени ткива. Ова вклучува развој на малигна неоплазија, а кај потомството на пациентот, развој на одредени болести.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.624
Поени од реакции
42.157
Ризикот е тој, многу си играат играчки околу нуклеаркава у Запорожје. И многу посериозно е тоа сценарио од нуклеарна војна во моментов.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.434
Поени од реакции
5.468
Кога бил поголем ризикот? 62та за време на Кубанската криза кога авиони летале со полни боеви глави? Или сега кога се продаваат пуфки по телевизии?

Па 1995та имало инцидент кога Борис Јелцин ги свртел клучот од актовката и спремни биле да возвратат со нуклеарки да не добиеле благовремени информации дека се работи за Норвешка ракета пуштена да истражува аурора бореалис феноменот. Затаил системо за информирање....

Замисли еј 1995та год. мирнодопско време, кур те боли за све, го слушаш Coolio Gangsta Paradise, в кино се прикажува Braveheart. Имаш инсталирано тазе Windows 95, деците ти плачат да им купиш новоизлезениот PlayStation, Friends е најако нешто на ТВ a Mајкл Џордан се враќа во НБА а тебе ти е многу јако во животот и земаш уште еден кредит и планирајќи го животот за 30 години унапред додека Ваму ти се спрема Апокалипса на човештовото.

Тогаш немало опасност, СЕГА има а?

Абе ајдееее... Тоа Телеграм, РТ CNN и остали медиски лакрдии ви ги горат мозочните ќелии

Думсдеј клок што вика?
100 секунди до полноќ :)
Спремајте бункерите
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.404
Поени од реакции
9.704
Кога бил поголем ризикот? 62та за време на Кубанската криза кога авиони летале со полни боеви глави? Или сега кога се продаваат пуфки по телевизии?

Па 1995та имало инцидент кога Борис Јелцин ги свртел клучот од актовката и спремни биле да возвратат со нуклеарки да не добиеле благовремени информации дека се работи за Норвешка ракета пуштена да истражува аурора бореалис феноменот. Затаил системо за информирање....

Замисли еј 1995та год. мирнодопско време, кур те боли за све, го слушаш Coolio Gangsta Paradise, в кино се прикажува Braveheart. Имаш инсталирано тазе Windows 95, деците ти плачат да им купиш новоизлезениот PlayStation, Friends е најако нешто на ТВ a Mајкл Џордан се враќа во НБА а тебе ти е многу јако во животот и земаш уште еден кредит и планирајќи го животот за 30 години унапред додека Ваму ти се спрема Апокалипса на човештовото.

Тогаш немало опасност, СЕГА има а?

Абе ајдееее... Тоа Телеграм, РТ CNN и остали медиски лакрдии ви ги горат мозочните ќелии

Думсдеј клок што вика?
100 секунди до полноќ :)
Спремајте бункерите
iskreno poima nemam 95ta so bilo, kopilj od 5 godini, imam nekoj album doma verovatno svetsko 94to, nekoi bledi memorii i ne povekje od toa.

iskreno se nadevam deka ima ostanato nesto razum na zapadna strana, posto trendovite se se polosi i polosi.

stabilno stanje treba da bide da e strav da se spomne nuklearen sudir, a deneska se povekje i povekje se pravat presmetki koj so kako, pa uste i se povikuva na toa.

mozda i treba eden kvaliteten reset so site sranja so gi gledame, ama posledicite od toa? lotarija, ko prezivi pricace ...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Интересно е тоа што на проектот Менхетн, само мал дел од научниците кои партиципирале биле Американци.

Кога сме кај нуклеарното оружје, Реган потпиша меѓународни договори со СССР за постепено намалување на нуклеарниот арсенал на овие две суперсили, нешто кое Трамп го поништи. Тоа беше грешка на претходната администрација затоа што тие договори беа почетокот на крајот на Студената војна. Трговската војна имаше финансиско-логичка поткрепа, но рушењето и пробување да се ревидира целокупната надворешна политика и поставување нови темели, кога другата страна се држи до своите обврски, нема.

Можеби тој конфликт САД-Русија не е толку ризичен затоа што не е директно изразен, и никогаш не бил, војуваат индиректно, но конфликтот меѓу двете нуклеарни сили Индија и Пакистан, за спорната територија Кашмир, е поризичен затоа што секоја година има, со поголем или помал интензитет, директни судири во Кашмир.

Кога сме кај проектот Менхетн, САД имале 10-тина цели во Јапонија, една и прва била Токио, ама Токио веќе бил повеќе од 50% уништен. Бил цел на бомбардирање од самиот старт на војната. Така мит е дека градот бил премногу добро штитен. Хирошима била избрана затоа што и не била бомбардирана. Ако не се лажам, околу 100.000 луѓе починале при фрлањето на овие две атомски бомби над Јапонија, која веќе била и пред капитулација, каде и официјално капитулира по Нагасаки.

Сите тие тестови, кои продолжуваат да ги прават и по втората светска војна, во САД, се тестираат во Ново Мексико, додека СССР, кој скиците и плановите за нуклеарното оружје ги добива од млад научник, математичар и комунист, Американец, кој работел во САД на тој проект (тоа го признава во својата старост, иако тајните служби се сомневале во него, но немале директен доказ да го обвинат за државно предавство, каде казната може да биде и смртна), ги тестира во денешен Казахстан и сеуште може да се видат импликациите од тие тестирања во форма на генетски аномалии.

Дури има и интересна научна теорија за употребата на нуклеарното оружје во античка Индија (денешен Пакистан), во Мохенџо Даро, за што зборуваат и Махабхарата и Рамајаната. Во нив има описи за косопад, за опаѓање на ноктите, забите и за умирањето на бебињата во матките на мајките. Во самиот локалитет има висока стапка на радијација, стопена грнчарија и скелети кои сите умреле инстинктивно. Секако ова е само теорија, а не факт, но има научници кои ја застапуваат оваа теорија.

Лично сметам дека одамна, човештвото, е излезено од паранојата за нуклеарната војна, посебно по распадот на комунистичкиот блок и крајот на Студената војна. Иако волјата за доминација и контрола над светските ресурси секогаш ќе креира одредена политичка и воена тензија, сепак сметам дека правиме голем исчекор кон искоренување на класичните воени конфликти и ги трансформиравме во економски т.е. трговски, а одредени држави (Русија) изјавија дека овие санкции се еден вид на објава на класична војна.

И да, ако САД, Русија, Кина, УК, Франција, Израел, Пакистан и Индија поседуваат нуклеарен арсенал, тогаш и С.Кореја (која поседува), па и Иран кој започна да гради свој нуклеарен арсенал, кој пак претходно беше саботиран од страна на МОСАД. Зошто едни држави, кои константно се покровители на војни ширум светот, имаат право да имаат нуклеарен арсенал, а други да немаат? Залагањата на САД резултираа со иранскиот нуклеарен договор, по кој Трамп се повлече и бараше нов договор поради наводни милијарди американски долари кон Иран само да ги згасне аспирациите за свој нуклеарен арсенал. Повеќе е од веројатно дека, наскоро, и Иран, ќе стане нуклеарна сила.

Од една страна е безбедносна глобална закана, а од друга страна е протекција. Додека една сила го има, и други ќе го имаат како превентива.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.615
Поени од реакции
33.767

The exercise attracted public attention in 2015 when the President's Intelligence Advisory Board 1990 report on the exercise was declassified.[13] Some scholars have argued that Able Archer 83 was one of the times when the world has come closest to nuclear war since the Cuban Missile Crisis in 1962.[14][15] The declassification of related documents in 2021 supported this notion.[9] Other scholars have disputed that Able Archer 83 almost led to nuclear war.[16][17]


Кога бил поголем ризикот? 62та за време на Кубанската криза кога авиони летале со полни боеви глави? Или сега кога се продаваат пуфки по телевизии?

Па 1995та имало инцидент кога Борис Јелцин ги свртел клучот од актовката и спремни биле да возвратат со нуклеарки да не добиеле благовремени информации дека се работи за Норвешка ракета пуштена да истражува аурора бореалис феноменот. Затаил системо за информирање....

Замисли еј 1995та год. мирнодопско време, кур те боли за све, го слушаш Coolio Gangsta Paradise, в кино се прикажува Braveheart. Имаш инсталирано тазе Windows 95, деците ти плачат да им купиш новоизлезениот PlayStation, Friends е најако нешто на ТВ a Mајкл Џордан се враќа во НБА а тебе ти е многу јако во животот и земаш уште еден кредит и планирајќи го животот за 30 години унапред додека Ваму ти се спрема Апокалипса на човештовото.

Тогаш немало опасност, СЕГА има а?

Абе ајдееее... Тоа Телеграм, РТ CNN и остали медиски лакрдии ви ги горат мозочните ќелии

Думсдеј клок што вика?
100 секунди до полноќ :)
Спремајте бункерите
Една „мала“ разлика е тоа што тогаш меѓу Америте и Советите постоеле отворени дипломатски канали и сосема различен пристап од овој денешниов (кој најдобро би го опишал со српската поговорка „луд јебе збуњенога“). Седнале и се договориле за куп работи, со куп договори. Денес САД ги напушта тие договори, и отворено објавуваат доктрина на прв удар. Американски политичари изјавуваат дека не можат ни да замислат отпочнување на нови преговори за договори (за нуклеарно разоружување).


Кога бил поголем ризикот? 62та за време на Кубанската криза кога авиони летале со полни боеви глави? Или сега кога се продаваат пуфки по телевизии?
Во врска со споредбата со Кубанската криза... Тогаш ПОТУС бил легендата Кенеди, а денес ПОТУС е сенилен дедо кој без телепромптер не може две реченици да врзе (некогаш ни со телепромтер). Други структури на моќ ги водат овие процеси денес.

Причини за загриженост има многу. Ако ништо друго, во моментов не толку далеку од нас секојдневно се гранатира најголемата нуклеарна централа во Европа. Слободно ти биди си безгрижен ако тоа ти помага да заспиеш навечер, но реалноста е поинаква.
Автоматски споено мислење:

Лично сметам дека одамна, човештвото, е излезено од паранојата за нуклеарната војна, посебно по распадот на комунистичкиот блок и крајот на Студената војна. Иако волјата за доминација и контрола над светските ресурси секогаш ќе креира одредена политичка и воена тензија, сепак сметам дека правиме голем исчекор кон искоренување на класичните воени конфликти и ги трансформиравме во економски т.е. трговски, а одредени држави (Русија) изјавија дека овие санкции се еден вид на објава на класична војна.
Војната е само продолжение на политиката, кога тие што се решени да ја истераат работата до крај не можат да ги постигнат целите со политички методи. Но нуклеарна војна е војна каде сите се (сме) поразени и американската политика на brinkmanship во залезот на нивната империја, е исклучително опасна по сите нас. Можеби немаат намера да почнат војна, но една грешка не дели од такво нешто.

Од тој аспект според некои мислења денес сме поблиску до нуклеарна војна отколку за време на Ладната Војна.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.787
Поени од реакции
21.332
, Neznam tretata svetska vojna so kakvo oruzje ke se vojuva, no znam deka vo cetvrtata, ke se vojuva so lak i strela"...
Zaboraviv koj go rekol ova, no tocno pgodil....ke se zbrise se zivo i divo od planetava zemja.
Анштајн.Ама не сс лак и стрелу.
Сс камења и стапови.

Он му прати писмо на Рузвелта сс кое ке га предупреди за последице од атомско оружје.Ама нели Рузвелт умре и никад не га прочита тој писмо.


Фан факт.
Купаќи бикини се викаф такој ради тој што 1954 се деси нуклеарна проба на Бикини атол.Па француски дизајнер ги крстија по туј најактуелну дешафку туј годину.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.997
Поени од реакции
83.373
neli ima nesto od medicinata, prevencija ili da se namale toa gorenje :D
Не е медицинска превенцијата. Политичка е.

За да бараш од медицината превенција од нуклеарна војна или лек од последиците, треба да претпоставиш дека медицината ја разбира нуклеарната војна или последиците од неа врз човековиот организам.

Исто така, за да бараш превенција од нуклеарна војна од политичарите, треба да претпоставиш дека тие ја разбираат нуклеарната војна или последиците од неа врз општеството.

Тука е проблемот.
Ми се чини дека денешната политичка елита на Западот не го сфаќа тоа во целост. Воглавно, станува збор за политичари (но и јавност) кои ниту еден ден од својата политичка кариера не ја поминале во услови на студена војна. Кои знаат што е MAD од интернет. Кои не знаат зошто имаше нуклеарен детант и т.н. и т.н.

Истите тие, ја минимизираат опасноста врз безумни основи, како на пример, наивниот наратив - Путин можеби ќе сака да употреби нешто такво (бидејќи е лудак), ама тие околу него, што требале да ја извршат таа работа не се луди и затоа немало да си ја извршат должноста. Или пак, нема тоа да биде баш толку лошо, ќе преживел огромен дел од популацијата...

Страшно и смешно, истовремено.

За среќа, има сеуште, на некои високи позиции на Западот, луѓе кои размислуваат рационално.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.426
Поени од реакции
11.254
Па да, кога е воен конфликт во прашање политичарите, генералите, или т.н. играчи на војната се оние кои се грижат за непосредните ефекти, како што се на пример срамнетите градови, уништената инфраструктура, бројот на загинати и сл. За долгорочните ефекти ретко кој од таа група луѓе размислува првостепено. А кога ќе размислиш подобро, тие последици всушност изискуваат многу поголем колапс.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.997
Поени од реакции
83.373
Па да, кога е воен конфликт во прашање политичарите, генералите, или т.н. играчи на војната се оние кои се грижат за непосредните ефекти, како што се на пример срамнетите градови, уништената инфраструктура, бројот на загинати и сл. За долгорочните ефекти ретко кој од таа група луѓе размислува првостепено. А кога ќе размислиш подобро, тие последици всушност изискуваат многу поголем колапс.
Политичарите, за разлика од сите други (медицинарите и сл.), размислуваат за буквално сите последици и аспекти на нуклеарната војна. Дури и за философските.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom