Точно е дека се ослободува ендорфин.
Али види, мнозинството луѓе вклучувајќи ги и зависниците од порно и мастурбација не мастурбираат за да си ја подобрат спермата или пак поради некој здраствен бенефит, туку за тој краткотраен хај од неколку секунди кој што се чувствува при ејакулирање, а на крај прави да се чувствуваш истоштено, уморно и празно. Тој хај од неколку секунди е екстремно адиктивен, па затоа денес има толкав број на зависници од порно, а се повеќе и повеќе се зборува на таа тема.
Сите велат дека не се зависници од порнографија и мастурбација, се додека на истите не им сугерираш да прекинат да мастурбираат барем недела дена до месец дена. Затоа и едно прашање до вас, колку би сте издржале при апстиненција од мастурбација? Бидете реални, ден-два?
Не знам дали е штетно чат-пат да мастурбираш, но сигурен сум дека секојдневно мастурбирање, поготово неколку пати дневно е детриментално за животот на било која личност. Тука ќе се сложиме.
Не постојат сеуште (можеби), но сепак мора да разграничиме и што е еректилна дисфункција.
Иако често еректилната дисфункција е резултат на физички проблеми (нерегулирани хормони, дебелина, пушење, итн), сепак и психолошкиот дел игра голема улога. Најчесто еректилната дисфункција е прв показател за физички проблеми кои веќе настапиле или можат да настапат во иднина, барем за кај мажите.
Депресија, анксиозност, па и зависност од порнографија која што ги менува стандардите за убавина и дава погрешна слика за што е тоа секс може и те како да контрибуира во создавање и појава на еректилна дисфункција кај мажи. Дури и интересен е феноменот каде што многу млади луѓе можат да ејакулираат само на порно, а не и во реален секс.
Се сложувам со тебе за се останатото.
Хиперлинкот за еректилна дисфункција носи на уште една нивна страница, а не на некоја студија која што покажува дека порното и честото мастурбирање не придонесуваат и не се еден од главните причинители за еректилна дисфункција кај млади.
Да се разбереме - сексуалната енергија е најсилната енергија која што ја има мажот. Тоа е таа енергија која што во историјата правела мажите да освојуваат нови држави, да истражуваат, да војуваат, да превземаат огромни ризици и слично.
Доколку таа енергија ја усмериш погрешно, на пример спрема секојдневно мастурбирање, тогаш ќе влезеш во зачаран круг на самодеструктивност, летаргичност, демотивираност, апатија итн, која што делумно ќе ти го уништува или пак ќе ти го уништи животот.
Од друга страна, доколку таа енергија ја насочиш кон продуктивни работи, како градејќи ја најдобрата верзија на себеси, тогаш ќе бидеш далеку позадоволен, поисполнет, посреќен, постабилен, а и самата енергија ќе те примора да тражиш и пронајдеш партнерка со која што ќе имаш ВИСТИНСКИ односи, а не да мастурбираш секојдневно на актер и актерка кои што се платени да имаат секс, како некој cuck кој што ужива во глетката како некој му ја ебе жената.
Јас зборувам од лично искуство, апстиненцијата од мастурбирање ми има направено да се чувствувам далеку подобро, далеку повеќе фокусирано, смирено, со повеќе желба за живот и поголема заинтересираност за истиот, да уживам далеку повеќе во сексуалните односи, како и тоа да имам далеку поголем и подобар сексуален нагон и перформанс. Таа промена не ја имам само јас почуствувано кај себе, туку и други луѓе ја имаат кај мене приметено, вклучувајќи ги моите најблиски, како и партнерките со кои што сум бил во врска или пак имал односи.
Затоа и велам, дајте си себеси шанса и пробајте да апстинирате од мастурбација неколку недели, месеци или пак колку што можете, видите дали сте зависни и дали чувствувате психичка зависност и потреба да мастурбирате секојдневно, дали подобро се чувствувате кога мастурбирате често или кога воопшто не мастурбирате.
Уф, и да, заборавив да нагласам - не сакам да звучам како некој што пропагира псевдонаука, ама ќе признаам дека една од првите работи кои што ги забележав при малку подолга апстиненција од мастурбација беше тоа што добивав далеку повеќе пажња (погледи, насмевки) од спротивниот пол, како жените да имаат некој осет кога јајцата ти се пуни.