Ама пак не се разбираме дека и Архитекти, Економисти, правници и тн заглавуваат со саати подолго на работа, и не му е платено, и не само мкд туку секаде.
Разликата е што оваа индустрија е подинамично и треба да знаеш повеќе работи, ама затоа и платите се повисоки, и овие другите професии во МКД си работат за тукашен пазар и земаат тукашна плата, а во западните земји пак нема како да ги аутсорсираат со некој од Југоисточна Европа или од Јужна, Југоисточна Азија.
Друго, процентот на заработка на фирмите е паднат (пред се високи оперативни трошоци,а второ конкуренцијата на пазарот), и за ИТ сега ретки се компании со повеќе од 15-20% од вкупно revenue, истиот до пред неколку години како од шала одеше и 40%. Следствено си доаѓа и притисокот, или мора да се намалуваат оперативните трошоци (најголемиот трошок на ИТ фирмите), или да се зголеми продуктивноста и иновациите за да си конкурентен.
Е сега кога си во западните земји ако споредиш со други инженерски струки, или со сениори во други професии, често нема да заработуваш повеќе од 20% во однос на просекот, НО, различна е твојата улога и позиција како девелопер таму, а различна во МКД. Во превод, не за џабе увезуваат паметен кадар, сакаат да се први во тоа што го работат, и очекуваат кадарот што е таму да го советува и води аутсорсингот, или да им направи нешто поиновативно/подобро прилагодено за потребите.
Ако си во МКД како аутсорсинг фирмата е во трка со компании од цел свет, меѓу кои и оние каде девелоперите имаат бруто плата од 700 евра месечно. Јас ако понудам на истиот проект цена од 100к евра, и со тековните плати во МКД имам оперативни трошоци од 80к евра, во Индија истите имаат трошок од 20-30к евра и праќаат понуди 40-50к. Од тука или мора да се штеди на кадар (помалку луѓе за истата работа), или да нудиш нешто иновативно што ѓупците не го имаат сконтано. Во двата случаеви на некој ќе му чури главата.
На крај од денот секогаш има фирми и позиции каде платата и очекувањата се помали, или на државно ќе ги фасцинираш и ако знаеш да преинсталираш лаптоп.