Да не ја тупам надолго и нашироко, овде ситуацијата е премногу едноставна, ќе работиш онолку колку што ти се амбициите.
Ако некаде имаш компетитивна средина, тоа е ова, но на крај од денот секој си одлучува што и како ќе прави (затоа и платите треба да се соодветно на тоа, а не секој да бара луди цифри а не прави ни пола од тоа).
Јас немам намера да работам подолго од 45 години, не сум менаџер туку имам мој бизнис, и ако работите се движат со исто темпо како во изминатиот период јас за нешто повеќе од 1 декада одам во пензија.
Мене трчањето и таквото функционирање ме дигна неколку скалила во животот, доаѓам од апла сиромашно семејство, и за 3 години направив повеќе од претходни 2 генерации заедно, а започнав со еден стар лаптоп и позајмица.
Инаку и од мене има далеку поголеми лудаци, барем не сум посегнал по наркотици и немам намера, али во корпоративниот свет сум сретнал и фаци кои користат триста хемии за да извадат максимум.
Последици има секогаш, и од двата пристапи. Исто како што има последици од стресови да исплаќаш кредити 30 години за станот во кој живееш, и да се молиш да не те удрат на клоци оти се живее од месец до месец.
ИТ-то ги живее златните години, во иднина ќе се променат работите (не верувам на добро), а ќе биде 10 пати покомпетитивно од тоа што е сега со оглед на тоа што новите генерации растат со технологијата во рака, и сретнав деца од 14 години кои се подобри програмери од 25 годишни со завршен финки.
Јас не знам дали зборуваме за истата професија. Компетитивна? Па бетер од МВР сме, и ќоро и сакато работи ко програмер. Верувам дека кој било од нас да отвори линкедин сеа има минимум 5 покани за интервју. Што е компетитивното тука? Нема неизвесност во професијава. Не ти се свиѓа фирмата? Во секој момент може да најдеш нова.
Кој е стресот жити се ако после работното време затворам лаптоп и не се замарам со ИТ? Кој програмер исплаќа кредит на 30 години? И кој програмер живее од месец за месец?
Со среќа со плановите за пензија, навистина ти посакувам да успееш. Но џабе ќе ти е пензија на 45 ако телото ти е во состојба на 60 годишник.
Мала анегдота:
People say to me, “Rick, if you gave up the booze, you’d live an extra ten years.” I go, “But they’re the last ten years, the shit ten years.” I don’t want them, right? If I gave up booze now and I made it to 80 and someone said, “You can have an extra ten years,” if I could go, “Oh, great, I’ll have 20 to 30 again,” that’d be perfect, but, no, you gotta have 80 to 90. Have you any idea how awful it is being 90, right?
Среќно
Почетник во ИТ почнува со плата 30% повисока од просечната. Средна плата во ИТ е 3 пати повисока од просечната. Медијана на високи плати во ИТ е 4-5 пати повисока од просечната. Менаџерски плати во ИТ се над 6 пати повисоки од просечната.
Хм, да анализираме малце.
Дали значително повисокиот ( во МК значителен, во останатите развиени земји само повисок ) просек на плати во ИТ се должи на фактот дека индустријата е преполна со воркохолици? Или на фактот што има недостаток на кадар? Колку кандидати се пријавуваат за почетник сметководител, а колку за почетник програмер? Колку личности си запознал кои на 40 години ја промениле кариерата во ИТ, а колку во сметководител/било која друга професија? И самиот
@Lester Freamon ако не се лажам првично не се занимаваше со ИТ туку со друга инжинерска гранка. Дали се пренасочи во ИТ од пуста желба да биде програмер или од можностите за напредок и секако финансиската стабилност, може само да нагаѓаме.
Зошто некој би те платил толку над пазар, ако немаш желба да деливираш? ИТ платите на Балкан се толку повисоки од просечните баш затоа што имаме воркохолици. Да немавме, ќе беа ко Западна Европа, дали ИТ дали економист што пополнува фактури, исто.
Никој не вели дека ти не треба да деливираш ( да си ја завршиш работата во склоп на 8 часовното работно време ). Ама константниот притисок кој се наметнува во професијава е eat, sleep, code, repeat. Нешто во секојдневната работа не ти е познато? Работата не смее да трпи. Ќе си седниш и ќе си учиш како попче после работа. Ова е темпото кое го референцирав во првичниот пост. Кој може да живее со вакво темпо? Зборуваме за работа по 10 часа дневно, пред компјутер, константно во седечка позиција. Па консултирај се со било кое медицинско лице, ова е совршен рецепт за мал милион проблеми покасно во животот. Настрана менталниот притисок и стресот.
Чисто информативно, по колку време продуктивно работите дневно? Значи, да ги исклучиме состаноците/паузите, туку времето кога развиваме продукт/програмираме/тестираме/учиме итн...
Веќе неколку членови се изјаснија како Workaholics.
Лично јас, не повеќе од 4 часа.
Исто. Во ретки случаи, периодично, знам да седнам и да учам/читам надвор од работно време, ама еве годишно тоа е можда 1 месец се на се.
Ова е последниве две години, пред тоа константно бев оптоварена со тоа колку знам и стално се фокусирав на тоа што не го знам. Константно се споредував со останатите и можам да кажам дека психички тоа ми беше многу тежок период.
Дефинитивно најлош совет кој го добив во професијава беше да не дозволам да влезам во состојба на "comfort zone". Се убедив себеси дека е лошо ако се осеќам комфорна со работите кои ги знам и во позадина константно ми одеше мисла дека треба да се туркам повеќе, да учам повеќе, повеќе да се надоградувам. До степен да не можам да уживам во слободното време бидејќи се осеќав виновна што не сум пред компјутер, читајќи архитектура на системи.

Глупо дете, ама тоа е. Човек учи додека е жив.