- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.569
- Поени од реакции
- 29.175
Да ама на темава ти прават да се осеќаш крив ако сакаш 1000 евра или да не остануваш прекувремено, како да е којзнае каква плата, затоа и постирав.Кај нас обични струки кои работат сами за себе и не се под 1000 еур месечно: монтери, столари, електричари, фасадери и било какви мајстори, бербери, таксисти, козметичари...
На ИТ кадар им треба 5 години минимум вложени во учење и работење за да дојдат до некоја сума над 1000 евра.
Многу од нив не ни успеваат, и се откажуваат по 1-2 години факс.
Кога ќе се пресмета времето, трудот, парите и нервите, единствено добро е бенифициите што ги има струката како работење во канцеларија, и можноста за надвор. Мада таква можност имаат и сите со занаети.
Баш така. Беше таа плата голема пред 5 години можеби, но денес, посебно со последниве покачувања касиери веќе имаат плата од 30 000 денари. A овде за почетници во ИТ се дискутираше зошто барале толкава плата...Да ама на темава ти прават да се осеќаш крив ако сакаш 1000 евра или да не остануваш прекувремено, како да е којзнае каква плата, затоа и постирав.
1000 евра е којзнае колкава плата, за огромен дел од популацијата недостижна во текот на целата своја кариера а не па на 25 години.Да ама на темава ти прават да се осеќаш крив ако сакаш 1000 евра или да не остануваш прекувремено, како да е којзнае каква плата, затоа и постирав.
Очигледно се избегани од реалноста, ама и оправдано до некаде, ако се дружат само со програмери, слушаат само вртоглави суми, што за просечниот македонец се мисловна именка. Среќа за нив е што сите тие плати се од странски фирми, што ги плаќаат како да работат во Мекдоналдс, па за двете страни тоа е вин-вин ситуација.1000 евра е којзнае колкава плата, за огромен дел од популацијата недостижна во текот на целата своја кариера а не па на 25 години.
Постојат 2 врсти воркохолици, оние кои едноставно го сакаат тој предизвик и оние коишто тоа сами си го наметнуваат гледајќи ги првите. Еве јас ќе кажам за мене, мене ме исполнува стресот, проблемите кои се јавуваат и нивното решавање и за мене викам дека сум периодичен воркохолик (најголем период ми бил 5 месеци). Повозрасен сум од сите тука ми се чини, и воопшто не се осеќам истрошен, баш напротив, секогаш свеж за нов предизвик. Спортувам колку што можам, имам фамилија која периодично ја запоставувам. Тоа е патеката што ме донела на нивото на коешто сум сега. И можам да кажам дека работата ме правела среќен во поголемиот дел од животот, не самото куцање код, туку целокупната работа почнувајќи од брејнстормингот, преку контактите со клиентите, па се до стресните ситуации кога све ќе пукне. Притоа да спомнам дека како девелопер имам работено и кога платите беа 7000 денари и сега со истото темпо.Значи без навреда ама искрено ми се повраќа кога ќе прочитам вакво нешо, посебно кога ова е дадено како совет на некој кој почнува со работа.
This is why we can't have nice things.
Толкава глорификација на работа после работно време, на напредок, на исклучување од вистинскиот свет нема во ниедна друга бранша. Секоја професија има воркохолици, ама во нашата ова е веќе станато стандард. Срамота е на работа веќе да се каже дека нешто не се знае. А и ако се каже, веќе знаеш дека ти заминал викендот пошо треба да седнеш цел викенд и да се спремиш за следниот состанок да си спремен. Нема зошо да се троши работното време на учење нови работи кога може да се троши на генерирање приход за клиенти. Па таков guilt trip ако не се посветуваш на професијата вон работно време, ау ау ау. Токсично.
Индустријата сама по себе е fast-paced, зошто самите си додаваме сол на раната? Ова е невозможно темпо на живот на долг рок. И физички, а и психички на телото му треба одмор. И што ако ги прешиша тие што те третирале како почетник? Имаш буквално цела кариера пред тебе. Верувам дека си во рани 30ти, и шо ако си лид/менаџер на тие години? Треба да работиш до 65 минимум! Трчаме маратон, не спринт.
Јас сфаќам дека за некој да биде успешен мора и треба да посвети дел од слободното време на усовршување на вештините, ама ова што се случува моментално е ван памет. Па има луѓе кои, извинете на израз, одат на серење со лаптопот в рака. За да не изгубат време.
Мислам дека имаме нереално брза и вештачка прогресија на работното место, диригирана од недостатокот на кадар. Ајде за да не не напуштиш ќе те ставиме сениор. Сениор за 5-6 години? Во која друга професија се стига на сениорска позиција за толку кратко? Стигна до сениор? Дај сега повеќе, вложи се максимално за лид. И нема крај.
Од совети би издвоила да не се прави горенаведеното. Ми требаа долги години да се ослободам од чувството на вина дека сум поминала викенд во релаксација наместо да седам пред компјутер и учам нешто ново. И се ова доаѓа од околината. Така да совет, најди си фирма која ќе те цени како ресурс и која ќе те гледа како инвестиција, ќе ти дава можности за учење на работното место и во работното време и ќе ги прилагоди очекувањата на твоите знаења.
И не си стварај притисок, работата не е се во животот. Утре и да те нема фирмата продолжува со business as usual.
Друже Индија е 1.5 милијарда луѓе, зависи во кој дел бараш. Да, има компании што ги плаќаат добро, има компании за кои еве ги рентаат во АУС со работни визи, и дел се навистина добри (на левел на топ 5% кај нас), а има и делови на Индија каде да се исправат на глава никој нема да им даде повеќе од 500 евра (иако се солидни).Прегледај го приврзокот 342046
Бидејќи начнавме тема за плативе и споредби на нашиов пазар и Индија, вчера баш разговарав со еден другар од Индија и добрите фирми им се далеку подобри со плати од тука. Ова 25 лакс (или како и да се чита) во евра би било 30,948, што значи месечно он зема 2,579 евра со 3 години искуство. Кај и да е чека да го унапредаат и да зема 30-35. Јас тука не знам ниту 1 програмер со 3 години искуство да зема толку плата.
Во капитализам работодавецот не го интересира ни што си по вокација, ни што си учел, најбитно е на фирмата да и носиш пари, што кај почетници најчесто не е случај (особено не првите 5-6 месеци).Баш така. Беше таа плата голема пред 5 години можеби, но денес, посебно со последниве покачувања касиери веќе имаат плата од 30 000 денари. A овде за почетници во ИТ се дискутираше зошто барале толкава плата...
![]()
Па и тој во маркет/ресторан од стартот не знае ништо и газдата троши ресурси додека не го обучи и помине тој период на прилагодување на работното место. А, таму па им бегаат уште повеќе.Во капитализам работодавецот не го интересира ни што си по вокација, ни што си учел, најбитно е на фирмата да и носиш пари, што кај почетници најчесто не е случај (особено не првите 5-6 месеци).
Ако фирмата троши ресурси да те учи со месеци, а после тоа нема никаква гаранција дека ќе останеш на работа, колку очекуваш да те плати?
Проблемите лежат во образовниот систем кој не ги подготвува луѓето за она што следува (ниту факултетите, ниту академиите).
И зошто не одиш да работиш фасадер?Кај нас обични струки кои работат сами за себе и не се под 1000 еур месечно: монтери, столари, електричари, фасадери и било какви мајстори, бербери, таксисти, козметичари...
На ИТ кадар им треба 5 години минимум вложени во учење и работење за да дојдат до некоја сума над 1000 евра.
Многу од нив не ни успеваат, и се откажуваат по 1-2 години факс.
Кога ќе се пресмета времето, трудот, парите и нервите, единствено добро е бенифициите што ги има струката како работење во канцеларија, и можноста за надвор. Мада таква можност имаат и сите со занаети.
Има разлика од едното до другото.Па и тој во маркет/ресторан од стартот не знае ништо и газдата троши ресурси додека не го обучи и помине тој период на прилагодување на работното место. А, таму па им бегаат уште повеќе.
Да не зборуваме пак за мајстори каде што од старт ќе бидиш дете за по бурек додека не го испечиш занаетот.
Ама многу од нив што почнале на 18 години, до 25 години имаат плата над 1000 евра.
И во ИТ тешко некој од старт да му дадат 500 еур плата. Најчесто ќе ги праќаат по пракси во 2-3 фирми и ќе им даваат некоја смешна пара (пред неколку години воопшто и не им плаќаа), па наместо вработување, дај друго дете.
Тие што се вработуваат имаат најмалку 3 месеци пракса, факултет/академија и по неколку слободни проекти што ги работеле со месеци самостојно. Не дека излегуваат од факултет/академија и одма ги чека вработување и висока плата.