Подемот на вештачката интелигенција

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.644
многу го спомнувате тоа со касиерката. Па тоа не е никаква автоматизација ни роботизација. Дуќаните ве користат вас како free labor force. Ај да беше некој робот да ви куца да разберам, али сами да си куцате и да викате дека тоа било автоматизација...
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.254
Поени од реакции
30.529
Тие држави диктираат што ќе се случува во светот, ако се остави на останатите уште ќе се возевме со запрежни коли.
Tie drzavi nekogas diktirale, sega samo ekonomska i opstestvena mizerija diktiraat.

Ako nekoj tehnoloski diktira nesto toa se japan, juzna koreja i kina, vo pogled na tehnologija.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Единствени покомплицирани се хирурзите, ама се во свое време.
Па веќе постои нешто што се вика robotic asissted surgery. Подобрува прецизност, флексибилност, овозможува подобра контрола за време на операцијата, подобро е видното поле и сл, али никако не ги заменува хирурзите и потребата од примена на нивното знаење.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513

Ама хирурзите :D , колку е тешко да ги смени општите лекари и овие што работат дијагностика?
Инаку и за хирурзите ќе се најде чаре, потребно е само подолго снимање на нивната работа за да се избилдаат патерни.

Tie drzavi nekogas diktirale, sega samo ekonomska i opstestvena mizerija diktiraat.

Ako nekoj tehnoloski diktira nesto toa se japan, juzna koreja i kina, vo pogled na tehnologija.
Кина копира иновации, Јапонците во моментов се премногу фокусирани на секс кукли и гаџети што ќе ве заменат жените, Јужна Кореја исто на гаџети за забава (смартфоните).

Најдоброто нешто за светот од поглед на иновации се: првата, втората и студената војна. Сите стануваат покреативни кога станува збор за преживување.

Сега сме пак на раб на нешто слично, дури и да не почне ќе донесе огромни придобивки на научно поле (дронови, роботи, нови извори на енергија, нови методи за производство на храна).

Во поглед на енергетика очекувам иновации од страна на швабите, во првите 2 светски војни беа најкреативниот народ на целата планета и имаат потенцијал за истото.
Околу автоматизација и робототика Америка, и вториот играч е Јапонија, првите се на мака оти ја губат целата моќ доколку не најдат чаре за да станат конкурентни (воено нема да им пали за долго), а вторите треба само да ги фокусираш на права работа. Дополнително земјите на Комонвелт имаат сериозен проблем со работна сила, а се богати.

многу го спомнувате тоа со касиерката. Па тоа не е никаква автоматизација ни роботизација. Дуќаните ве користат вас како free labor force. Ај да беше некој робот да ви куца да разберам, али сами да си куцате и да викате дека тоа било автоматизација...
Има и тоа де, во мометов беше со куцање, тие што ги отвора амазон само е најавуваш на влез, на излез ти скенира што си купил.
Поентата беше дека касиерката не е потребна ни во моментов.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.254
Поени од реакции
30.529
Кина копира иновации, Јапонците во моментов се премногу фокусирани на секс кукли и гаџети што ќе ве заменат жените, Јужна Кореја исто на гаџети за забава (смартфоните).
Da, tolku se fokusirani na seks igracki sho vodat vo izumi na memoriski edinici :)
Mnogu vice gledate :D
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Ама хирурзите :D , колку е тешко да ги смени општите лекари и овие што работат дијагностика?
Инаку и за хирурзите ќе се најде чаре, потребно е само подолго снимање на нивната работа за да се избилдаат патерни
Не може скроз и целосно. Човекот не е патерн. Секој си е индивидуа сама за себе. Некои се покрупни, некои се послаби, некои имаат стомак, некои не, некои се без еден бубрег, и најсовршениот патерн да постои е џабе ако нешто се искомплицира во текот на операцијата и не тргне како што треба.

Исто е и за општите лекари. Да се подобри дијагностиката и работата може, но целосна замена не може. Социјалната интелигенција има голем удел во цела работа.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.535
Поени од реакции
29.098

Za se ima patern, i kaj debelite i kaj slabite i tie so stomak i tie bez. Problemot so AI vo momentov e sto raboti samo so patern i algoritmi, koga ke dostigne nivo da razmisluva ko covek se ke bide vozmozno. Ama smetam deka sme mnogu daleku, daleku sme od voveduvanje emocii vo AI za da nosi sam odluki.
Inaku edna od vodeckite zdravstveni komapnii veke na golemo upotrebuva AI i VR/AR. Kako sto kaza Lester vojnite pa i ova so pandemijava donese mnogu inovacii. Loso e za glupite, za pametnite e dobro vo smisla na toa deka ako ne pridonesuvas lesno ke ostanes bez rabota. Inaku vo firmata kade sto rabotam site izvestai i predictions se veke generirani od AI, i godinava bas radi toa se ostvarija profiti kolku sto nemale 10 godini.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Не може скроз и целосно. Човекот не е патерн.
Патерн е. Не за џабе си има шаблони за манипулација. Се е алгоритам во природата.
Автоматизацијата на многу работни места нема да отвори доволно нови работни места.

Инаку на оваа тема ја препорачувам книгата: Homo Deus: A Brief History of Tomorrow .
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Патерн е. Не за џабе си има шаблони за манипулација. Се е алгоритам во природата.
Автоматизацијата на многу работни места нема да отвори доволно нови работни места.

Инаку на оваа тема ја препорачувам книгата: Homo Deus: A Brief History of Tomorrow .
И 21 правило за новиот век е од истиот автор, горе доле слични работи сумира. Меѓутоа и он има две теории, едната дека ќе има а другата нели, дека ќе нема нови работни места. Останува да видиме. Мојата теорија е дека работите ќе се случуваат многу поспоро, доволно долго за да се приспособи економијата на тоа. Пред 5 години кој му дојде на памет дека у Македонија ќе има 1000 инфлуенсери и финтес тренери што земаат поголема плата од инженер.
Инаку ова со АИто и губењето работни места е главна тема само кај програмерите. Why is that:D
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Не може скроз и целосно. Човекот не е патерн. Секој си е индивидуа сама за себе. Некои се покрупни, некои се послаби, некои имаат стомак, некои не, некои се без еден бубрег, и најсовршениот патерн да постои е џабе ако нешто се искомплицира во текот на операцијата и не тргне како што треба.

Исто е и за општите лекари. Да се подобри дијагностиката и работата може, но целосна замена не може. Социјалната интелигенција има голем удел во цела работа.
Колку АИ софтвери имаш искуцано за да тврдиш дека не може?

Покрупни/послаби се решава со дијагостика, диџитал твин се билда додека трепнеш, има милиметарска точност и може да се мапира истиот врз дијагностиката добиена од CT или MRI за да се одредат зоните каде треба да се сече. Ти гарантирам дека секогаш ќе биде попрецизен и од самиот хирург.

Внатре исто, здравото од зафатеното ткиво може да се препознае според боите (на сателитски снимки во моментов АИ со слична филозофија препознава за каков објект станува збор, за какво дрво станува збор, според сенките на контурите исцртуува полигони за куќи/дрва, од дронови на илјадници километри може да препознаат дури и каков модел е возилот, а не пак да препознае дали станува збор за здраво или заразено ткиво, или дали е запушување и тн.

Ти пишав и во другата тема, се е на прашање на време за да се поминат фазите, фаза по фаза истото ќе се подобрува се додека да се стигне до задоволителни резултати (совршенство не постои, и самите хирурзи умират еден куп луѓе поради грешки/бавно размислување).

Општите лекари ти тврдам дека може да се автоматизираат и во наредни 10-15 години, само е прашање на приоритет и дали некој побогат од тие што ги имаат клиниките ќе се реши да им брцне во џебот. Каква социјална интелигенција, какви бакрачи, дури и психијатрите со тек на време ќе се менуваат со AI, а не пак ваму.

Еве ти муабет меѓу AI да видиш до кој степен се, може комотно да ти се јави, да си направите муабет и нема да знаеш дека е AI.
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.507
Дефинитивно живееме во интересен период. Би рекол постојат оптимистички и песимистички сценарија или нешто измеѓу. Во последниве 100+ години за првпат 99% од човештвото не живее на раб на бедотија и не е животот само преживување.

Технологијата овозможи поголем процент од населението на планетава да не троши повеќе од 3 часа на ден за да може да преживее.

Интересно е колку работи ги земаме здраво за готово. Пристап до вода, храна, медицина, интернет, телевизија, апарати за домаќинство кои ни овозможуваат многу слободно време т.е машина за перење алишта, за садови, автоматски правосмукалки итн.

Што ќе се случува во иднина е тешко да се каже можеби технологијата ќе ни овозможи уште повеќе слободно време и ќе се занимаваме со уметност, поезија, танцови, спорт и наука или пак технологијата ќе биде злоупотребена и само мал дел ќе профитира од неа, а поголемиот дел ќе живее под некаков тираниски систем со постојан надзор.

Јас лично иако сум човек што го очекува најлошото мислам дека оптимистично или полу-оптимистично сценарио е поверојатно.

Иако имаме предизвици како никогаш досега обичниот човек немал толку алатки и толку моќ да се бори против моќниците на власт.

Според мене поголемиот дел од проблемите денес за разлика од пред 100+ години се од политичка природа, а не од недостаток на ресурси како што било во минатото.

П.С Трета светска војна е секогаш можност ама други сценарија се поверојатни.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ti kolku pacienti imash pregledano za da tvrdish deka mozhe?
Kolku pacienti imas izoperirano, za da tvrdish deka mozhe?
Колку пациенти си оперирала за да тврдиш дека не може, и за што си хирург?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom