Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Милан шампионот сеа за сеа се појача само со Де Кателаре од Бриж и Ориги од Ливерпул, ваљда ќе се борат пак за титула или за 4то место тоа зависи нивните фанови на форумот како ќе се изјаснат.
Интер (сеа за сеа) не продадоа ниеден битен првотимец, останат е истиот тим од лани, појачан со Лукаку и 2-3ца резерви како Миктаријан, Аслани и Беланова. Според ривалските фанови изгледа ќе се распаднат и нема да ја завршат сезоната, според нашите сигурно ќе се бориме за Скудето.
Наполи најверојатно ќе се бори само за ЛШ пласман, им отиде Инсиње, не се појачаа нешто кујзне колку.
Јувентус требаше лани да освои ама допреа дно, најверојатно оваа година ќе освојат според многумина тука на форумов, го земаа Погба им се повреди до Бадник, Де Лигт го шитнаа го земаа Бремер, у напад Дибала им отиде гратис, го земаа Ди Марија. Другото онака, Алегри на клупа и тоа.

Рома ќе биде интересна екипа за следење, дига атмосфера Мурињо, го земаа Дибала, го земаа Матиќ, склопуваат солиден тим, најверојатно ќе напаѓа Копа Италија и топ 4 пласман.
Лацио умрена екипа со ниедно појачање.
На Аталанта им помина интересното, ќе си се борат за Лига Европа.
Фиорентина би требало да се моткаат тука за ЛЕ или сигурна Конференција.
Торино и Сасуоло ќе напаѓаат Конференција и прва половина на табела.

Мирна сезона би требало да имаат Сампдорија, Верона и Удинезе.

Додека борбата за опстанок ќе се одвива помеѓу 350 екипи у оваа мртва лига која упорно и упорно нејќат да ја скратат туку изводат со некоја мајсторка ако двете првопласирани екипи на крај од сезоната имаат ист број бодови.
Така да у борбата за опстанок предничат Болоња и Емполи како најквалитетни екипи од овие мртвиве, Монца на Галијани и Берлускони склопија солидно тимче и би требало да се интересна екипа за следење.
Лече, Кремонезе, Салернитана, Специја нека му ја мислат.

Распоредите секако нема да ги постирам пошто ме мрзи да ги барам а и си ги имате на резултати.ком.
Прво коло почиња на 13ти август у 6 ипол Милан-Удинезе.

Се гледаме.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Кастиел нема слободно време очигледно судијете не гурав нас интерашите да отворимо тема.

На ви
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.414
Поени од реакции
113.992
И Кулибали им отиде на Наполи покрај Инсиње. Дај Боже да испаднат, гнасна екипа.

Виола ќе жнее сезонава, мислам дека ќе бидат изненадување на сезоната.

Милан борба за ЛШ, Интер шампиони.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.861
Поени од реакции
23.262
Не е ферски да се смееме на туѓите предвидувања секоја сезона па така јас ќе испаднам првиот кловн и ќе ги дадам моите предлози за конечната табела па еве Горилаз, имаш нешто за крај на сезона со што да збираш лајкови ако им се деси хаварија на Интер :)

1. Интер
2. Јувентус
3. Рома
4. Милан

Милан мислам дека нема шанси да успеат да го повторат успехот и дека тоа што беа премногу пасивни на трансфер пазарот ќе им се одрази негативно.
Истотака мислам дека овој белгиецов од Бриж малце касно го земаа и дека до Октомври ќе биде предмет на заебанции тука ама во втората половина би требало да покаже зашто е платен 36+ мил. Ми делува на добро засилување а веќе го имаат светото тројство Тонали-Леао-Хернандез. Само овие тројца ако им се фит цела сезона Милан ќе биде при врвот несомнено, иако мојата прогноза е друга.

Иако Џонтра ме смета дека сум Такинарди со тоа што сум ги фалел Јуве за трансферот сепак стварно изреагираа добро и купија интересни играчи. Колку и да се паднати Погба и Димарија, мислам дека ќе имаат добра сезона. Ок Погба нема да има затоа што се повреди ама сигурно ќе им беше најдобриот во средина. Вака се оставени на оној гравон, МекКени (миксот од Гатузо, Пирло и Канте) и Рабио. На тоа додади ја и климавата одбрана, ќе треба Јуве да игра неверојатно добро за да биде шампион. Бремер е топ засилување ама он допрва треба да се приспособи на 4-4-2 а другите покрај него се веќе паднати подолго. Не знам како само оставија уште една сезона со Алекс Сандро во случај кога играч како Марсело е слободен агент. Друг проблем е што имаат супер напад ама имаат тренер кој би го играл Меккени место Киеза за да зачува 2-1 против Лече дома. Ги ставив втори чисто заради некои фактори како помош од судии, федерација и остали екипи. Се шалам, не знам зашто точно они се втори во мојата прогноза ама некако така ми стои дека ќе бидат подобри од останатите на крајот од сезоната ама нема да се шампиони.

Рома како што сите знаат ептен се засили, публиката се враќа на големо и мислам дека на Мурињо ќе му успее да има подобра сезона од претходната иако не ја исклучувам можноста и да завршат осми. Ако им дојде Вијналдум, на коњ се. Топ средина ќе имаат.

Интер го ставам прв не дека е убедливо најдобар, туку дека сум негов фан а и ако го задржат Шкриниар, во споредба со лани нема голема разлика во составот само се појачаа на одредени позиции. Лаутаро мислам дека нема да има толку успешна сезона како лани во поглед на постигнати голови, ама сигурен сум дека ако се здрави со Лукаку цела сезона, помеѓу себе ќе имаат 35 голови. Фокус на Аслани, доста квалитетен играч е иако се сомневав малце во него и мислев дека купуваме некој си мрцко кој догодина ќе иде на позајмица во СПАЛ. Крилата се добри, одбраната коска, средината истотака. Проблем е клупата ама да видиме во наредните 10 дена што ќе се деси, ако додадат уште некој во тимот би биле супер компетитивни. Можеа да бидат апсолутни фаворити со малце повеќе вложено од моменталните 10 милиони, ама криза тешка па успех за тимот би бил ако не се продаде еден од клучните играчи.

Видеќемо како ќе се покажат Лацио и Аталанта ма да посебно кај овие вториве се гледа голем пад последниве две години и некако спласнува цел тој хајп.

Наполи ми е енигма. Оној грузиецот Кварашкелиа мислам дека ќе биде еден од подобрите засилувања во лигата, ама изгубија играчи како Мертенс, Кулибали, Инсиње, Оспина и замените кои ги донесоа не ме убедуваат многу. Секако, голем клуб е Наполи, Спалети не е Гатузо, сегашните играчи не се на ниво на оние од Сампдорија и може без проблем да се зацементираат во топ 4 на сметка на Рома. Интер, Милан и Јуве не би требало да пропуштат ЛШ наредна сезона и би требало да се при врвот до последен ден.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.866
Поени од реакции
6.664
РОМА пред Милан :):):):):):)....

Според мои видувања

1. Милан - Од лани не изгубивме ни еден битен играч, се засиливме со Ориги што мислам дека ќе искине у Италија и е многу подценет играч и со Де Кателар што има потенцијал да биде светска класа...
2. Интер - второ место само ако не продадат никој до крај, ако шиткаат тогаш не им бега 3-4 место.
3. Јувентус - умрен тренер, умрени засилувања али уште се број еден во срцата на фудбалска федерација на италија
4. Рома - Ако е здрав Дибала може да ги однесе у ЛШ ако не Наполи ќе завршат у ЛШ.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
РОМА пред Милан :):):):):):)....

Според мои видувања

1. Милан - Од лани не изгубивме ни еден битен играч
Kеси.

За прогноза е рано, треба прво да заврши пазаров ама стабилен топ4, се останато е плус.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Што ако Милан освоиле титула, кога Интераш ја отвара темата. Исто како да не освоиле.
Им се тргаме ко што ни се тргаа за титула. Они се морални шампиони.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom