Не е ферски да се смееме на туѓите предвидувања секоја сезона па така јас ќе испаднам првиот кловн и ќе ги дадам моите предлози за конечната табела па еве Горилаз, имаш нешто за крај на сезона со што да збираш лајкови ако им се деси хаварија на Интер
1. Интер
2. Јувентус
3. Рома
4. Милан
Милан мислам дека нема шанси да успеат да го повторат успехот и дека тоа што беа премногу пасивни на трансфер пазарот ќе им се одрази негативно.
Истотака мислам дека овој белгиецов од Бриж малце касно го земаа и дека до Октомври ќе биде предмет на заебанции тука ама во втората половина би требало да покаже зашто е платен 36+ мил. Ми делува на добро засилување а веќе го имаат светото тројство Тонали-Леао-Хернандез. Само овие тројца ако им се фит цела сезона Милан ќе биде при врвот несомнено, иако мојата прогноза е друга.
Иако Џонтра ме смета дека сум Такинарди со тоа што сум ги фалел Јуве за трансферот сепак стварно изреагираа добро и купија интересни играчи. Колку и да се паднати Погба и Димарија, мислам дека ќе имаат добра сезона. Ок Погба нема да има затоа што се повреди ама сигурно ќе им беше најдобриот во средина. Вака се оставени на оној гравон, МекКени (миксот од Гатузо, Пирло и Канте) и Рабио. На тоа додади ја и климавата одбрана, ќе треба Јуве да игра неверојатно добро за да биде шампион. Бремер е топ засилување ама он допрва треба да се приспособи на 4-4-2 а другите покрај него се веќе паднати подолго. Не знам како само оставија уште една сезона со Алекс Сандро во случај кога играч како Марсело е слободен агент. Друг проблем е што имаат супер напад ама имаат тренер кој би го играл Меккени место Киеза за да зачува 2-1 против Лече дома. Ги ставив втори чисто заради некои фактори како помош од судии, федерација и остали екипи. Се шалам, не знам зашто точно они се втори во мојата прогноза ама некако така ми стои дека ќе бидат подобри од останатите на крајот од сезоната ама нема да се шампиони.
Рома како што сите знаат ептен се засили, публиката се враќа на големо и мислам дека на Мурињо ќе му успее да има подобра сезона од претходната иако не ја исклучувам можноста и да завршат осми. Ако им дојде Вијналдум, на коњ се. Топ средина ќе имаат.
Интер го ставам прв не дека е убедливо најдобар, туку дека сум негов фан а и ако го задржат Шкриниар, во споредба со лани нема голема разлика во составот само се појачаа на одредени позиции. Лаутаро мислам дека нема да има толку успешна сезона како лани во поглед на постигнати голови, ама сигурен сум дека ако се здрави со Лукаку цела сезона, помеѓу себе ќе имаат 35 голови. Фокус на Аслани, доста квалитетен играч е иако се сомневав малце во него и мислев дека купуваме некој си мрцко кој догодина ќе иде на позајмица во СПАЛ. Крилата се добри, одбраната коска, средината истотака. Проблем е клупата ама да видиме во наредните 10 дена што ќе се деси, ако додадат уште некој во тимот би биле супер компетитивни. Можеа да бидат апсолутни фаворити со малце повеќе вложено од моменталните 10 милиони, ама криза тешка па успех за тимот би бил ако не се продаде еден од клучните играчи.
Видеќемо како ќе се покажат Лацио и Аталанта ма да посебно кај овие вториве се гледа голем пад последниве две години и некако спласнува цел тој хајп.
Наполи ми е енигма. Оној грузиецот Кварашкелиа мислам дека ќе биде еден од подобрите засилувања во лигата, ама изгубија играчи како Мертенс, Кулибали, Инсиње, Оспина и замените кои ги донесоа не ме убедуваат многу. Секако, голем клуб е Наполи, Спалети не е Гатузо, сегашните играчи не се на ниво на оние од Сампдорија и може без проблем да се зацементираат во топ 4 на сметка на Рома. Интер, Милан и Јуве не би требало да пропуштат ЛШ наредна сезона и би требало да се при врвот до последен ден.