Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Еве да речеме дека Фофана вреди триесетина милиони и Лестер го продаде за толку. Што кур ќе прави после Лестер со тие 30 милиони? Во премиер за тие пари ќе купи едно големо ништо, од надвор сите ги знаат дека имаат пари и ќе им бараат 80 милиони почетна цена за играч.
Епа прашај ги Јунајтед што им донесоа ваквите трансфери и зошто играат ЛЕ.
 
Се ова стои, ама не ја гледам потребата да дадеш 100 милиони кога за 50 милиони имаш подобар играч во Италија/Шпанија/Португалија/Франција

Фудбалот е како ЕУ, или би требало да биде, како што едно Ферари е 200.000 во Италија и во Германија, зашто некој би платил за Фиат 250.000 од Англија?

Не не интересира страната која продава, туку страната која купува.

Секако дека има квалитетни играчи во Англија.

Затоа што некогаш тие играчи од други лиги носат огромни прашалници со нив. Дали ќе се адаптираат на лигата? Дали ќе се адаптираат на животот во Англија?
Или ќе почнат да плачат и кукаат да се вратат назад.

Еве, види го Тореира како пример. Платен евтино. Квалитет имаше несомнено. Ама карактер никаков. Се лигави да оди во Италија и симиња цена. Пепе, уште еден случај.
Така да, има поголема шанса тој играч да флопне.

Од друга страна, има случаи како Ливерпул кој го купи Мане од Сотон, веќе адаптиран играч во лигата. Може ќе го платат поскапо, ама добиваат играч кој ќе рине од првиот ден. А, и ги ослабуваат "конкурентите"
Всушност, Ливерпул баш се издигна со купување на играчи од клубови од ПЛ.
 
Него мене ми е интересен тој феномен на форумов што фановите на премиер лигашките клубови се осеќаат должни да ги бранат бесмислените потези на вакви просечни екипи.
Пример ние у Серија А, колективно им ебеме матер на газдите како Лотито, Каиро, Прециози коа ќе искочат со цена од 100 милиони за Белоти, 500 за Сергеј и слична боранија недокажани играчи.

Тука Лестер бара 80 за мртовец, раце ќе искршите да ги одбраните, демек исправен потег им е.
Не, не им е, и некад може и вие да им разебете матер.
Тоа е најинтересниот феномен :D :D
Или само шо ќе спомнеш дека некој англиски играч е преценет, одма скока цела ПЛ фан база. :ROFLMAO:
 
Епа прашај ги Јунајтед што им донесоа ваквите трансфери и зошто играат ЛЕ.
Заради трансферите на преходинте 2 менаџера Оле и Мурињо сме во оваа ситуација, останна играчи кои неможат да влезат во тим кој се бори за опстанок а ние мора да ги играме скоро секоја недела.
 
Епа прашај ги Јунајтед што им донесоа ваквите трансфери и зошто играат ЛЕ.
Јасно е тоа, ни јас не се согласувам со истото и сметам дека го уништува фудбалот. Само сакав да напоменам зошто Лестер, Брајтон или Вест Хем бараат толкави пари, и не може да се криват за тоа.
 
Па и целиот обрт на премиер лигата иде од тие скапи и "ексклузивни" трансфери.

Никој не сака да гледа Челзи со Фофана од 8 милиони ама сите сакаат да гледаат со Фофана од 80 милиони.

Тоа му дава униканост и екслузивност, како приватен клуб, сите сакаат да се дел од тоа, предизвикува љубопитност и лигата многу добро се продава.

Кој сака да гледа играч во Италија кој вреди 20тина милиони, кога на луѓето им делува сиромашно, никој не гледа фудбал само ради фудбалот.

И во светот на парите, за да ги имаш, морат да ги трошиш.

Ако во Англија прават нормални трансфери многу луѓе ќе изгубат интерес да гледаат.
 
Всушност, Ливерпул баш се издигна со купување на играчи од клубови од ПЛ.
Ќути и они се изгора доста со играчи од премиер лига.
Автоматски споено мислење:

Јасно е тоа, ни јас не се согласувам со истото и сметам дека го уништува фудбалот. Само сакав да напоменам зошто Лестер, Брајтон или Вест Хем бараат толкави пари, и не може да се криват за тоа.
Затоа што сакат да си печалат ако лупнат 300 мил никој нема да ги плати за играч ако стават 80 до 100 може ќе се најде некој будала да ги плати секако се во плус немаат потреба да продаваат затоа што се финансиски стабилни.
 
Всушност, Ливерпул баш се издигна со купување на играчи од клубови од ПЛ.
Или во превод, од 10 такви трансфери, 2 се успешни.

Баш се издигна Ливерпул со купување играчи од ПЛ. Со Рики Ламберт, Адам Лалана, Енди Керол, Чемберлејн, Даунинг, Бентеке, Клајн... (од овие само Рики Ламберт беше поефтино земен,другите заедно коштаат над 150 милиони)
 
Комично е на пример тоа што Миланчо секоја сезона игра по 45 утакмици, не го бие ни руски тенк, еден на еден ни свети Илија не може да го издрибла.

Од друга страна Фофана има 50 повреди позади него. И е никој и ништо, у Лестер игра, 40то место на табела.

Него мене ми е интересен тој феномен на форумов што фановите на премиер лигашките клубови се осеќаат должни да ги бранат бесмислените потези на вакви просечни екипи.
Пример ние у Серија А, колективно им ебеме матер на газдите како Лотито, Каиро, Прециози коа ќе искочат со цена од 100 милиони за Белоти, 500 за Сергеј и слична боранија недокажани играчи.

Тука Лестер бара 80 за мртовец, раце ќе искршите да ги одбраните, демек исправен потег им е.
Не, не им е, и некад може и вие да им разебете матер.

Тоа што разбирам зошто Лестер бара 80 милиони фунти за Фофана не значи дека ја оправдувам цената, ниту пак значи дека Фофана вреди 80 милиони фунти. Имам апсолутно 0 причини да го бранам Лестер или пак Челси, како што пишал @ВардарскиМКД.

Сите условно речено помали тимови во Англија не сакаат да продаваат свои играчи, финансиски се добра ситуација заради парите од TV правата, и може да им лупаат вакви цени на своите играчи. Ова апсолутно не е бесмислено од нивна страна. Истото го направи Вест Хем со Рајс, Вила со Грилиш, еве, и Лестер со Фофана, претходно со Мегваер, ливерпул со кутињо кога ја одра Барселона. Италијанските екипи, не би кажал дека се во таква финансиска кондиција да одбијат понуди како 40 милиони фунти за Бремер. Види ги Брајтон на пример што прават на Сити за Кукуреља, 50 милиони фунти за играч со една добра сезона, или нема трансфер.

Дали овие играчи вредат за тие суми за кои се брифира? Апсолутно не. Пишал @Хефест поприлично добро. Проблемот е што тука на форумов иницијалната реакција е дека износот на трансферот мора да го оправда квалитетот на играчот, а тоа веќе со години не е така.

Бонус

Не сум сигурен колку им е потребен нов лев бек на Челси од 50 милиони фунти, кога им треба замена за десен бек, а Чилвел е одличен по таа страна. Освен ако повредата не е ептен сериозна кај Чилвел.

Последно уредено:

Иако оваа позиција е веројатно последната на листата за пополнување, многу би би бил радосен со овој трансфер.
Ептен е добар Кукурела. Чилвел којзнае како ќе се врати, Емерсон и Алонсо пред излезни врати.
Ако не се лажам може и како лев стопер во 3-4-3 да игра.

Арно ама, поприлично сум сигурен дека ништо од ова. Ги користи Брајтон како мамец, Сити да ја зајакне понудата.
 
Му требаат на Тухел по два пара крилести бекови со сличен квалитет за да може да ротира, цела игра му се базира на нив.
Видовме лани шо му стана со повредата на Чилвел и Рис Џејмс.
 
Не може како лев штопер, офанзивата му е појака страна, лев бек во 4ка или лево во 3-5-2 најмногу му одговара.
 
Му требаат на Тухел по два пара крилести бекови со сличен квалитет за да може да ротира, цела игра му се базира на нив.
Видовме лани шо му стана со повредата на Чилвел и Рис Џејмс.

Јас мислам дека на Кајгана треба да има правило, секој оној кој ќе напише КРИЛЕСТ бек веднаш да плати илјадарче казна.
 
Заради трансферите на преходинте 2 менаџера Оле и Мурињо сме во оваа ситуација, останна играчи кои неможат да влезат во тим кој се бори за опстанок а ние мора да ги играме скоро секоја недела.
И ти самиот си свесен дека ни Оле ни Мурињо се криви за вашата ситуација.
Ама ај удри по нивни грб.

Управата дур не се среди џабе ќе е се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom