Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Шо им е финтата на Челзи у секоја чорба се мешаат после добивале корпи. :свиркам:
 
Не може како лев штопер, офанзивата му е појака страна, лев бек во 4ка или лево во 3-5-2 најмногу му одговара.

Може. По потреба, не навлегувам колку е добар тука. Знам дека лани играше, сега проверив - 10 пати под Потер.
Офанзивата му е најјака страна секако.
 
Уште коа отиде од кај нас го има изјавено тоа, впрочем и сите играчи кога напуштаат големи екипи...

Според мене добар бек, офанзивата му е јака страна, ама не вреди 50 милиони, не е класа.
Кај Гвардиола нема да е стандарден.
 
Фофана ќе биде ѕвер, светска класа дефанзивец, само да го одминат повреди.

Идеме и со еден форумски ерес: Ќе биде подобар од Шкриниар. :D

А Лестер не сака да го продаде, нема потреба, затоа и му лупаат таква цена. Ако сакаш земај, ако не барај си друг.

Инвестирале во млад дефанзивец, кој треба да им донесе резултати и пари. Зошто би се откажале лесно од него, доколку немаат потреба за такво нешто?

Башка и за некоја година да не вреди 100м, туку некаде околу 30м, не е тоа некој ризик што не можат да го истрпат. Како што не може помалку или повеќе цела италијанска лига, во Франција сите освен еден клуб, Шпанија освен еден-два. Башка што од овие лиги многу треба и да продаваат за да преживеат.
 
Последно уредено:
Заврши Барса со трансфери, евентуално ако го продадат Де Јонг да пробат за Бернардо Силва или некој ефтин бекап како ветераниве од Челзи (Алонсо, Азпиликуета). На лев бек го имаат Алба + Балде е доста надежен и мислам дека ќе му дадат шанса сезонава. Новинарски патки се ова за Кукурела, мемиња нешто.
 
Фофана ќе биде ѕвер, светска класа дефанзивец, само да го одминат повреди.

Идеме и со еден форумски ерес: Ќе биде подобар од Шкриниар. :D

А Лестер не сака да го продаде, нема потреба, затоа и му лупаат таква цена. Ако сакаш земај, ако не барај си друг.

Инвестирале во млад дефанзивец, кој треба да им донесе резултати и пари. Зошто би се откажале лесно од него, доколку немаат потреба за такво нешто?

Башка и за некоја година да не вреди 100м, туку некаде околу 30м, не е тоа некој ризик што не можат да го истрпат. Како што не може помалку или повеќе цела италијанска лига, во Франција сите освен еден клуб, Шпанија освен еден-два. Башка што од овие лиги многу треба и да продаваат за да преживеат.
Ти верувам дека детално го имаш следено во Сент Етјен а и во Лестер во сите 15 изиграни утакмици.

Е сеа само не знам како успеваш да најдеш време да го глеаш Фофана у Сент Етјен и Лестер, Де Кателаре и Клуб Бриж, Динамо Загреб, македонско првенство, секако Милан, огромен процент на утакмици од Калчото, нормално Премиер лига, шпанско и нема дилеми за Бундесот.
И уште неколку вакви непостоечки играчи за кои имаш оформено детална експертиза, прогноза и анализа.

(y)
 
Де Кателаре и Клуб Бриж,

Сто пати напишав, дека повеќе имам читано за него, отколку гледано. И тоа што сум видел се секвенци некои. :D

Башка нема потреба да гледам милион натпревари од некој фудбалер. Изгледаш некој натпревар, видео анализи, статистики... И лупнеш проценка на форум, па што биде.

Може и обратно да се постави прашањето, од кај знаете вие дека не ги бива, а нели не сте ги гледале постојано?
 
Никој не рече дека тој Фофана не е добар играч. Сите викаме дека претерана е цената за некој што искршил нога и има 50 утакмици изиграно све на све. Не постои на мапа, никој никогаш не го ни спомнал, нема хајп, не постои сфаќаш, и одеднаш глеаш 90 милиони. Ок. Плус игра за екипа што заврши 40то место на табела.

Ти доаѓаш и му прогнозираш кариера како на Малдини.
 
Пишав и за цената. Ниту мораат, ниту сакаат да го продадат, ако некој запнал да го купува нека искешира повеќе или нека си бара друг.

Имам куќа, ми се допаѓа локација, како е направено, супер ми е, а планирам дека за неколку години ќе вреди и повеќе. Доаѓа некој да ја купи и сака да ја земе по "пазарна" цена. Зошто би му ја дал? Треба да се малтретирам да купувам/правам нова, не знам како ќе ми се погоди таму и др.

Слично е и за Лестер и Фофана.

Зошто би требало Лестер да не "забегува" и да го даде по "фер" цена?

Инаку, жал ми е што напишав дека некој може да биде подобар од Шкриниар и ти ги повредив чувствата, но така мислам.

Светска класа можеби е претерано и нема да биде, но топ дефанзивец, меѓу најдобрите би требало.
 
Се ќе разјасниме овде на форумов само едно не...како бе не им текна на ПЛ клубчињава и на Реаловци и слични да си ангажираат овдешни финансиски експерти и скаути па вака се мачат да продаваат и купуваат прескапо? О море лујџе, продаваш и колку сакаш ти ќе бараш. Ако плати некој толку,плати и чао, што е тука спорно? Муабетиве се Белимбегово земаме 300евра плата а Адидас/Најк виновни што шиткаат патики по 150 евра,не се нормални со цениве.
 
Пишав и за цената. Ниту мораат, ниту сакаат да го продадат, ако некој запнал да го купува нека искешира повеќе или нека си бара друг.

Имам куќа, ми се допаѓа локација, како е направено, супер ми е, а планирам дека за неколку години ќе вреди и повеќе. Доаѓа некој да ја купи и сака да ја земе по "пазарна" цена. Зошто би му ја дал? Треба да се малтретирам да купувам/правам нова, не знам како ќе ми се погоди таму и др.

Слично е и за Лестер и Фофана.

Зошто би требало Лестер да не "забегува" и да го даде по "фер" цена?
Глупи ви се примерите и со на Стек колата и со твојата куќа. Ако нејќеш да продаваш, едноставно не продаваш, нема цена, сфаќаш. Ако нема фер цена ондак зошто постојат оние проценки на вредност.
А Лестер ако нејќе да продава, ќе каже не продавам, а не да одредува ретардирани цени. Е сеа и они не се скроз криви пошто постојат ретардирани клубови што ќе ја платат истата цена. За после Х години да имаат 2 милијарди евра долг и да се радуваат што газдата у заминување, им го опрости долгот. Иначе сеа не 90 милиони за Фофана, ќе требаше да платат 90 евра за мене за да играм у Ванарама лигата кајшто иде секој клуб у стечај.
Инаку, жал ми е што напишав дека некој може да биде подобар од Шкриниар и така ти ги повредив чувствата, но така мислам.

Светска класа можеби е претерано и нема да биде, но топ дефанзивец, меѓу најдобрите би требало.
Било кој докажан играч да го спомнеше ќе ти изреагирав пошто шанса нема да ти поверувам дека детално си запознаен со квалитетите на Фофана кој пред 2 сезони дојде од Сент Етјен каде играл по 10тина утакмици у сезона, и сместа искрши нога у Лестер.

Од кај знаеш дека ќе биде топ дефанзивец и меѓу најдобрите? Или и за овој имаш читано и глеано на јутуб клипчиња со бесна музика у позадина што траат од 4 до 7 минути?
 
Глупи ви се примерите и со на Стек колата и со твојата куќа. Ако нејќеш да продаваш, едноставно не продаваш, нема цена, сфаќаш. Ако нема фер цена ондак зошто постојат оние проценки на вредност.
А Лестер ако нејќе да продава, ќе каже не продавам, а не да одредува ретардирани цени. Е сеа и они не се скроз криви пошто постојат ретардирани клубови што ќе ја платат истата цена. За после Х години да имаат 2 милијарди евра долг и да се радуваат што газдата у заминување, им го опрости долгот. Иначе сеа не 90 милиони за Фофана, ќе требаше да платат 90 евра за мене за да играм у Ванарама лигата кајшто иде секој клуб у стечај.

Фер цена е кога јас имам производ што во тој момент сум спремен да го продадам, а ти да го купиш. А притоа ти не си единствениот купувач, а јас единствениот продавач и никој не е под некој голем притисок.

Ако немаш такви услови веќе почнува да варира цената во еден или друг правец.

Тоа што викаш дека ако не сакаш да продаваш, тогаш не продаваш не ти држи баш. Има работи што немаат цена, ептен некое значење имаат за тебе (или дете, но ајде да не забегуваме), но и работи од кои тешко би се откажал и би тр мотивирала само некоја висока понуда.

Тука повеќе е прашање зошто некој е спремен да даде толку пари? Тука е и одговорот на третата твоја дилема, дали Лестер, па и Челзи ќе се зафркнат. Тоа ти е бизнис, имаш ризик, ако се зафркнат ќе сносат последици.

Било кој докажан играч да го спомнеше ќе ти изреагирав пошто шанса нема да ти поверувам дека детално си запознаен со квалитетите на Фофана кој пред 2 сезони дојде од Сент Етјен каде играл по 10тина утакмици у сезона, и сместа искрши нога у Лестер.

Од кај знаеш дека ќе биде топ дефанзивец и меѓу најдобрите? Или и за овој имаш читано и глеано на јутуб клипчиња со бесна музика у позадина што траат од 4 до 7 минути?

Ок, прифаќам, но ајде да бидеме фер до крај.

Кој од нас може да направи веродостојна проценка на фудбалер, па гледал 10 или 100 негови натпревари?

Од што сум видел има карактеристики да биде топ дефанзивец.

Инаку бесната музика секогаш ја исклучвам кога гледам клипчиња со фудбалери, ме нервира. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom