Никогаш Малдини нема терано играчи да не тренираат и да влезат во конфликт со клубот за само да издејствува нивен трансфер во Милан, ниту па играчи на Милан јавно да зборуваат за некој играч и да го облекуваат во дресови на Милан. (Случајот со Фабрегас)
Тотално е различно да имаш понуда и да се држиш до истата и да пратиш понуда и да го правиш истото што Барса го правеше со Фабрегас/Дембеле и ваљда уште многу други.
Ти ја разбирам поентата но воопшто не е исто, може си Барса фанбој покрај тоа што си навивач и на Милан ама никогаш ништо нема да ги испере Барселона од тоа нивно селско и прљаво носење на играчи.
Апсолутно ништо.
Уствари не ми се верува дека легенда и класа човек ко Малдини го спореди со било кој од овие што низ годините го прават ова со Барса.
Ако не е исто тогаш е ебено многу слично.
Немам проблем јас со тоа што одредува цена до која ќе оди за некој играч и после тоа веќе не покачува ни цент. Еве како свежа пак ќе ја спомнам сагава со белгиецот од Бриж. Веќе повеќе од две недели официјално е презентирано дека Лидс испратиле понуда од околу 37м за играчот, Милан јасно е дека нема да ја израмни таа понуда. Последната понуда на Малдини е 30+2 као што спомнав, и истата нема да ја покачи, океј супер. Медиумите од Белгија пренесоа дека Бриж нема намера да прифати 5-7м помала понуда од таа на Лидс, со оглед на тоа што тоа се премногу пари за тим од Белгија.
Е сеа тука следи тоа што е слично на тоа што го прави Барса. Играчот очигледно преферира да оди во Милан, соиграчи од Бриж неколку пати спомнаа дека му збореле на италјански, го заебавале дека било можно да се сретнат во ЛШ сезонава и слично. И сега викендов следува последната фаза од преговарањата за играч на Малдини, т.е напад од агентот на играчот заедно со играчот кои ќе пробаат да исфорсираат и да го искористат тоа што играчот е од дете во Бриж со цел да се прифати понудата на Милан, со оглед на тоа што Малдини нема да испрати нова.
Истово се случи со Ботман, Фаивре (или како и да се пишува), Симакан, Кабак, тој везњакот од Бордо и чинам уште еден-двајца што сега не ми текнуваат. Единствената разлика е што на Барса им успева оваа тактика, а на Милан не.
Никој не рече дека Малдини не е легенда или не е класа човек, никаква врска ова нема со муабетот горе.
Не сум и нема никаква потреба да сум Барса фанбој, смешно ми е малце као се претставува се ова и двојните аршини да речеме. Претпоставувам ја пратеше сагата Реал-Мбапе, од Флорентино Перез, преку секој играч до чистачот на Бернабе еден немаше што не го спомна Мбапе во конотација трансфер во Реал. Дури и на Бернабе се радуваа на негов гол против Реал Мадрид. Чудно како тогаш немаше лигавење и плачење по твитери и форуми. Слично беше и со Азар, ама за него никој не се замара со оглед на тоа што е најголемиот трансфер флоп во историјата на фудбалот.