Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
10 јули 2022
Мислења
225
Поени од реакции
497
Кунде сепак во Барса? Баш бев љубопитен да видам како ке се снајде во ПЛ, мнооогу ми е сомнителен играч.
И јас мислам дека Челзи ќе се спаси од овој трансфер ако Кунде отиде во Барселона.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Како сакате вртете Барса заедно со Реал има најголем "pull" на трансфер пазарот и реалноста е дека ако се вистински заинтересирани за играч многу веројатно истиот и ќе го добијат.
Доколку на играч некој тим му е опција број еден, таму и ќе заврши. Секако, клубовите ако се договорат за сумата на трансферот.

Со Кунде тоа е исто случај. Не дека Барселона нема моќ и не е атрактивна, напротив. Само сега имаа полесна задача.

Челзи ги чекаше да набават пари. Каков аматеризам. :pos:

Додуша, ајде, можеби сега пак е пред портите на Челзи, па на полноќ во Барселона. Се убија за Жил Кунде, да ти ебам и трансфер пазар и живот и фудбал.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.243
Поени од реакции
4.163
Прво беше ради Меси доаѓаат, сеа ради градот... шо е следно, ради Шаќира? :pos:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.513
Поени од реакции
18.779
Како сакате вртете Барса заедно со Реал има најголем "pull" на трансфер пазарот и реалноста е дека ако се вистински заинтересирани за играч многу веројатно истиот и ќе го добијат.
Молам ?
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.672
Поени од реакции
4.153
Што е крива Барселона што и "ваква пропадната" е прва опција на 80%-90% играчите. Барса ги собрала играчите не дека Челзи не беа прва опција ни на Рафиња ни на Кунде
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Може е прва опција на 120% од играчите. Ради ваквата арогантност никој не ве сака.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
2.517
Сега ви е јасно зошто Барселона на секој навивач на Арсенал му е најомразен клуб. Сите играчи ги зеле на цигански начин. Цеск, Вермаелен, Хлеб, Сонг само Анри може не беше. На Фабрегас Пике му облекуваше дрес од Барселона на Светското.
Крв им е.ем циганска
А Фабрегас не може да рече дека не сака трансфер во Барса? Какво е то циганско земање на играчи небаре иде Барса и ги киднапира и не плаќа на клубовите.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
За Кунде не знам, знам дека сакал да игра во Барселона, не знам само колку баш, претпоставувам.

А за Рафиња и повеќе од јасно беше кого чекаше. Како не му била Барселона прва опција? Чекаа и тој и Деко, одолговлекуваа, чекаа Барселона пари од ТВ права да продаде.
Челзи и Лидс одамна имаа договор. Дури имаше муабет дека би останал во Лидс уште една сезона, само да издејствува идната година трансфер во Барселона.
Роналдињо идол, бла, бла, фан од дете.


Е токму и во тоа се состои пропагандата, која очигледно не ги заобиколила и навивачите овде. Да се прикаже, меѓудругото, дека издвоена е некаква победа. Со замислен противник. Немаш победа во случајот со Рафиња. Имаш чист случај. Желбата на играчот секогаш била и ќе биде пресудна.

Еве за Левандовскк пример. Лапорта излегува во јавност и вели дека ги победиле ПСЖ и Челзи во борбата за неговиот потпис.
Не знам за ПСЖ, ајде, ама Челзи апсолутно никогаш немале ниту конкретен интерес, ниту испратиле понуда кон него и Баерн. Никогаш.
Сега ќе мислат Каталонцитс дека Лапорта е магичен, ете во каква конкуренција успева да обезбеди јаки играчи.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
А Фабрегас не може да рече дека не сака трансфер во Барса? Какво е то циганско земање на играчи небаре иде Барса и ги киднапира и не плаќа на клубовите.
Многу добро знаете како Барса ги форсира тие трансфери, нема потреба сега да се праиме светци.

И не е само Фабрегас туку имаш еден куп и тоа истата шема се повторува во многу наврати.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.243
Поени од реакции
4.163
Многу добро знаете како Барса ги форсира тие трансфери, нема потреба сега да се праиме светци.

И не е само Фабрегас туку имаш еден куп и тоа истата шема се повторува во многу наврати.
Јасно е тоа и тоа е факт.
Муабетот е, ако не сака играчот како може да дојде?

Значи мора да има и желба од играчот.. иначе све пропаѓа.

Пример ти е лани Вајналдум... договорен месец дена, изјави, оваона и доаѓа ПСЖ дава поголема плата и оди кај нив. Значи немал желба за во Барса, побитни во тој момент му биле парите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom