Облека Made in Macedonia

  • Креатор на темата Креатор на темата Staufer
  • Време на започнување Време на започнување

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.731
Поени од реакции
22.612
Не најдов соодветна тема затоа ја отворам оваа.

Конкретно ме интересира, каде во Македонија може да се најде облека произведена токму во Македонија? Пиште за продавници, онлајн-шопови, аутлети, директно од фабрика итн. Знам дека некои познати брендови произведуваат на пример кошули во Македонија, брендови како Olymp, Seidensticker, Casa Moda, итн. и верувам дека од истите погони се продава и на Македонскиот пазар, без бренд но со ист квалитет.
 
Во Македонија не се исплаќа да се произведува облека. Кога имаш од Бангладеш да си купиш првокласна маичка за 3 евро цента и тоа 100 памук. Која фабрика од МК би конкурирала со далечниот исток?
 
Мислам дека тоа е некој трик и дека не е истиот матријал, сигурно шивалниците не го нарачуваат матријалот туку им го носат нарачателоте и контролираат колку парчиња треба да се извадат
 
Не најдов соодветна тема затоа ја отворам оваа.

Конкретно ме интересира, каде во Македонија може да се најде облека произведена токму во Македонија? Пиште за продавници, онлајн-шопови, аутлети, директно од фабрика итн. Знам дека некои познати брендови произведуваат на пример кошули во Македонија, брендови како Olymp, Seidensticker, Casa Moda, итн. и верувам дека од истите погони се продава и на Македонскиот пазар, без бренд но со ист квалитет.

Порано знам дека конфекцијата Стоби правеше кошули за Olymp, и истите, само второкласни ги продаваше во Македонија по 800 ден.
Сега не знам дали и каде продаваат.
 
Она што се произведува по странски налог а во македонски услови се вика лон или инвард производство. Тоа значи влегува суров материјал кој е во сопственост на странците и тука само се користи работната рака. Зошто никогаш нема од истото производство и за македонски пазар е поради тоа што мора да се извезе буквално се произведено а целиот расход на материјал мора да се пријави на царина како ѓубре. Тогаш не се плаќа царина на ништо и странците добиле многу ефтин производ за кој само платиле работна рака и превоз. Ако нешто остани тука треба тоа да е производ со грешка и во книгите прокнижен како ѓубре за кој знаат да дојдат и да го мерат.
 
Фала ви за договорите. Не мислев на исти парчиња како брендираните само без лого туку воопшто пример кошули од Македонско производство. Ваљда има know-how кога произведуваат и за големи брендови.
 
Да имам носено панталони и елеци од Макпримат. Рачно шиено платно вероватно, се гледа квалитет. Неколку пати бев во подрум, прашина од секаде, не се валкаат, односно не се прават дамки, и тоа пази, црна боја панталони. Препорачувам. Мислам немаа голем избор на облека за горен дел од телото.

Пред некое време влегов во продавница за облека во зградата на Кјуби, бивши Зоил.
Девојката ми кажа за некој охридски бренд, дали се викаше Филип Втори, или така нешто, некакво античко име имаше. Ако ме води патот таму, пак ќе прашам кој производител беше тоа.
 
не знам колку е за тука, велешката фабрика димко митрев произведува доста квалитетни топлинки, има продавничка во велес меѓутоа 99,9% од производството се извозува во странство. цените кај нас се многу помали отколку во странство.

https://www.shepherdofsweden.com/eu/men/sheepskin-slippers
 
Во Македонија не се исплаќа да се произведува облека. Кога имаш од Бангладеш да си купиш првокласна маичка за 3 евро цента и тоа 100 памук. Која фабрика од МК би конкурирала со далечниот исток?

Ај те молам постирај дел од фактура каде стои дека една маичка (претпоставувам мислиш на T-shirt со краток ракав, нека е бела и нормална големина) кошта 0.03 eur, макар и EXW.

Во Бангладеш, Хаити, Хондурас и сл. се произведуваат памучни маички. Квалитетните (читај бренд бр.2 во свет после Fruit of the loom) од тие земји не се ни блиску до 0.03 еур / маичка, од искуство знам.
 
ne e 0.03 ali za 1-2 evra se naoaga i toa kvalitet sto proaga u target/walmart. kvalitet hm, ako vrsis svoja kontrola na lice mesto e zadovolitetlen ako ne ke naebes.
 
Памукот е берзански производ. Моментално му е цената падната, околу 2.1$/кг. Маица тежи 100-200 гр. Значи, само во памукот чини 0.2-0.4$. Башка ткаење, фарбање, конфекционирање, превоз, разни давачки
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom