Епа чекаа да дојде до 12.000, за после да шитнат на 100.000, оти ако купат на 25.000 мал им е ќарот
Економските експерти укажуваа дека биткоинот треба да го гледате само како берзански производ, а не демек државите не можат да ги пратат трансакциите, па народ залажувајќи се дека ќе е надвор банкарскиот систем трк по него.
Порастот можеш да го објасниш, како што можеш да објасниш зашто народ ги купуваше другите коини, зашто чита, плаќа, за Карлеуша, Кардашајнките итн итн.
Ако пратиш, веќе сите држави или им се спремни, или при крај државните дигитални "валути", само се чека погоден момент да се имплементираат. После воведување, или со закон ќе донесат по кој сооднос ќе се замени 1бтц со 1 светска дигитална валута, или ќе остават да си биде берзански производ (ќе оданочуваат заработката), но во никој случај нема да се дозволи автономија и анонимна дигитална валута која ќе е конкуренција на државната.
Тоа ти е исто ко сега ние на Кајгана да се договориме ќе користиме "Кајги" (не знам оти при толку членови од ај ти секторот досега не наравиле нешто вакво
) наместо денари за разни трансакции и потреби, надевајќи дека државата нема да се вмеша.
Како да натераш народ самиот да се навлече на дигитални пари, кои се целосно програмирани, контролирани.... шитни му ја биткоин прикаската, ем парите ќе им ги собереш, ем добороволно ќе ги натераш да прифатат дигиталните "валути" т.е. бонови, купони, бидејќи со диг. валута нема да можеш што сакаш да купуваш.