Редакција - документарен серијал на Истражувачка репортеска лабараторија

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.466
Поени од реакции
7.933
1658089333721.png

Тимот новинари и филмски работници на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ на 20 февруари 2021 започнува со емитување на новите документарни филмови што се дел од серијалот „Редакција“. Првиот документарен филм премиерно се емитуваше на МРТ1 и на Јутјуб-каналот на ИРЛ. Епизодите се вo недела, во 20:15 часот.

Минатата година ИРЛ објави четири документарни филмови, кои обработуваа теми од областа на корупција во животна средина, загадување, урбанистичка мафија и сајберкриминал. Првата епизода „Заговор против воздухот“, која откриваше малверзации со увозот на мазут во државата, ги поттикна надлежните да спроведат истрага што резултираше со прекршочни пријави и казни против седум компании. Сторијата ја доби и првата награда за истражувачко новинарство доделена од УНДП и ЗНМ.

Моментално започна и нова сезона и првата епизода е „Нечиста Крв“ МЕГА СКАНДАЛ за третманот на Ковид пациентите поточно пациентите во клиниката на Жан Митрев.

Покрај серијалов имаат и подкасти, интервјуа а имаат и свој веб сајт https://irl.mk/mk/
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.666
Поени од реакции
21.097
Што бидна со синот на овој, нели нешто терорист беше ќе убиваше неверници во име на калифатот ?
Инаку чим Алекс Ружни фати да го брани Митрев, знаеме дека се што е кажано и изнесено е вистина.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.286
Поени од реакции
4.523
Не знам за вас, ама омој директор од ДУИ во емисијава кога почна да кажува дека не е според закон ова, јасно ми стана дека "академиков" е веќе осуден.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.123
Поени од реакции
18.098
Аууу страшно, ако во приватните клиники лекувале со погрешни и неодобрени методи можам да замислам во државна шо се дешавало, за инфекции да не прајме муабет.
Затоа бевме земја со највисока стапка на смртност.

А и во погоден момент излезе овој скандал, да се тргни малку фокусот од политичките случувања и потпишувањето на протоколот, абе срцки како не мафтаат свака част :cuc:
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.512
Поени од реакции
6.049
Ако место Жан Митрев се викаше клиниката Реџеп Османи немаше да има ваква сторија .
Плус и совршен термин , како протоколот , па и на државна телевизија итн.
Премногу коинциденција, а за тоа шо Жан е профитер е јасно оддамна , ама за жал не е само тој ги има да ги ринеш.
Според мене е хајка против него (не дека нема пропусти ) или можи и грешки кај некои пациенти , како и да е нека продолжат и по сите клиники , а нека почнат од јавно здравство .
Ама за ова ако им требало 22 месеци и баш денес да објават , тогаш очекувам погоре наведените стории да бидат завршени 2065 год.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.497
Поени од реакции
22.261

Ова е прв пат да се дава истражување (емисија) од ИРЛ на национална телевизија, или грешам?
Дека и јас прво мислев намерно е избран тајмингот, за со ова да се дефокусира јавноста од нешто друго.
Не дека не е можно и тоа, ама во секој случај сериозни обвинувања и застрашувачки информации се кажаа во емисијава, иако не дека не знаевме какви профитери се.
Значи, откако постои приватната клиника на Жан Митрев, од 2002ра до денес, има пријавено 32 милиони евра добивка. Од нив, 17 милиони (ПОВЕЌЕ ОД ПОЛА) се направени само во 2020 и 2021, двете години кога имаше ковид пандемија...

П.С.
Прочитав и некои други муабети (на твитер), дека некои политичари од власта ја купиле Ремедика, па затоа не е случајно што излегува сега ваква емисија. Сепак, не знам дали тие информации се воопшто точни.
 
Ако мислиш за Ремедика да точно е , а и други се префрлат на бизнис со болници (од браќата)
Значи ако е грешен нека оди апсана , ама па прочитав дека тој метод го применувале и Чешка со филтрљција или како и да е (од некоја наша докторка што работи во Чешка, колку е точно незнам).
А тек ако почнат вакви стории за државно здравство ....
Јас во случајности не верувам и ова е денес намерно пуштено за дефокус и го пуштат низ вода
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.239
Поени од реакции
11.499
Да речеме дека сте во право за тајмингот и Ремедика итн.
Две прашања имам:
- Нели ова ја оцрнува власта премногу? Прави уште поголем гнев?
- Што ќе кажете за нивната емисија за дивоградбата Титаник во Чаир?
 
За првото , Ако го затворат ќе бидат херои, оти го напраја Менгеле
За второто не сум ја гледал (ќе ја гледам)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Според мене многу непрофесионално и подло шо ИРЛ се фатиле само за Жан Митрев. Толку многу глупости се дешаваат у здравството, и приватно и државно (нелегални операции и сепса за пациентите, вадење органи итн итн.), а они само за Жан Митрев се фатија.
Зошто иначе Систина пример од љубов работи, они не зимаат пари, или пример приватнине лабаратории што се основаа само за ковид тестирање, они сигурно ради филантропските амбиции работат...

Жан Митрев е уништен више, небитно дали ќе му земат лиценца/ќе ја затворат болницата. Убаво и во емисијата кажува Сашка, репутацијата е најбитна во бизнисов, а ИРЛ му ја уништија репутацијата. Мислам дека ретко сега кој ќе ја избере пример Жан Митрев пред Систина.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.199
Поени од реакции
26.881
Пред пандемијата дум немал никогаш ништо против Жан Митрев. Но држава му го изгради брендот, му даде простории и му обезбеди материјали за работа со наши пари... А за пандемијата 12К само за да влезеш во болницата.

А ова што го збори емисијава е нешто страшно. Јас имав слушнато некакви си гласини, ама бев скептик... Како и да е видете сами.
 
Последно уредено:

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
3.279
Дај кажете во кратки црти што е работата, нема секој еден саат слободни за да гледа цел филм. Пријател плати грдни пари за да му мењат крв кога имаше корона, околу тоа ли е нешто?
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.937
Поени од реакции
9.194
Дај кажете во кратки црти што е работата, нема секој еден саат слободни за да гледа цел филм. Пријател плати грдни пари за да му мењат крв кога имаше корона, околу тоа ли е нешто?
Гледај додека пиеш кафе, за пет кафиња ќе го изгледааш.
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
931
Поени од реакции
1.520
site sto gi nosea vo zmc bea posleden stadium, najlosite slucai so 40% saturacija gi nosea po sistina i zmc, licno mene me predupredi odgovorniot na sistina so zborovite: ako e pred umiranje ne mi go nosi - za clen na mojata familija.

klasicna hajka mi lici ova.
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.548
Поени од реакции
3.845
Работејќи во лекарска фела секојдневно гледаме операции кои се гранични или воопшто не треба да се направат како во приватните клиники се прават особено во Жан Митрев. Целава емисија не беше воопшто нешто ново туку жив доказ за ратно профитество.

Но тоа што е најкруцијално е како системски се оптоварува фондот со тие непотребни операции што се прават, а во голема мера најчесто повеќе од 70% ги покрива фондот. Дефакто ако го поделите вкупниот буџет по колку жители има државата ќе сфатите зашто е толку мизерно „државното здравство“ кое фондовски добива по отприлика 250евра по пациент кога некој црпи енормни суми по 10 000евра од фондот за операции кои можеле да се третираат конзервативно. Буквално идиректно е оштетено државното здравство поради работењето на Жан Митрев кој до пред скоро буквално држеше монопол на кардиохируршки пазар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom