- Член од
- 1 април 2018
- Мислења
- 2.106
- Поени од реакции
- 4.099
Референдумот беше консултативен, така и да беа повеќето против( а немаше никогаш да биди така, само ќе важеше цензусот) пак ќе го сменеја во собрание со приказна го консултиравме народот ама сметаме дека треба да се прифати за да одиме напред.Една работа ме интересира, колку труд вложувате да се убедите во лагата дека со бојкотирање на референдумот сте спречиле нешто, спречување значи таа одлука да не се донесе а не да се измени начинот на кои тие ќе го спроведат сценариото, дали купиле 8, 80 или 180 пратеници е тотално небитно кога тие ја оствариле својата цел а тоа е промена на името и редефинирање на државата а ти на крајот од денот си губитник кој си дава лажна претстава и се лаже самиот дека со тоа што седел дома спречил нешто, сме спречиле ралеее.
Имавме златна шасна со референдумот, масовно излевање, гласање ПРОТИВ, спречување со тоа на Преспански договор кои ќе немаа начин како да го спроведат после успешен референдум, нови избори по кои СДСМ ќе паднеше и немаше да добиеме таква катастрофа од држава која имаме сега во каква што живееме.
И една битна поука мислам дека е во Швајцарија или можеби друга држава но имаа такво правило, на референдумот нема цензус и секоја одлука која ќе се донесе со него е правосилна а за тие што не излегле да гласат се подразбира дека немат мислење за тоа прашање и се согласуват со мислењето на тие што гласале, по таа дефиниција во нашиот случај сите што седевме дома се согласуваме со одлуката која ја донеле оние кои излегоа да гласат на референдумот а тоа е ЗА прифаќање на Преспанскиот договор, убава поговорка си имаме ние за тоа, после ебење нема каење.
Референдумот правно беше НЕУСПЕШЕН и точка. Крај.