Зошто би морал да преговара за платата? Де Јонг има важечки договор со Барселона, спрема кој треба да заработува толку и толку, и спрема кој клубот му должи толку и толку. Комотно може делот за долгот да оди на суд, и Де јонг да си ги наплати побарувањата, и потоа, доколку Барселона реши да го малтретира и да не го зема во првиот тим, да игра голф како Бејл до крајот на договорот и да му тече платата секој викенд.
На Де Јонг му е јасно дека неговата кариера во Барселона е завршена, и целиот овој циркус е за да си ги земе парите кои Барселона му ги должи. Ако изјави дека сака да оди во Манчестер Јунајтед, тоа значи дека се откажува од тие пари, а не гледам зошто би го направил тоа. Јас сум уверен дека трансферот ќе се случи на крајот, затоа што Барселона е во ситуација каде што не може ништо да диктира. Од парите кои ќе ги добие од Јунајтед, ќе му плати на Де Јонг она што му го должи и завршена работа.