Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.573
Поени од реакции
5.618
Не сака да си замине за жива глава. Агентот денес им кажал и на управата на Барса дека Френки нема намера да си замине. Најново инфо излезе дека и он сам им кажал на играчите во соблекувална дека нема шанси да си иде.
Е сега, ако стварно не планира да си оди, веројатно ќе мора да преговараат за намалување на платата. Иако мислам дека сепак до крај на трансфер периодот од управата на Барселона ќе му пратат рекетари да му се закануваат и на крај ќе го киднапираат во некој гепек и ќе ви го истоварат пред канцелариите на Олд Трафорд. :ROFLMAO:
Зашто би прифатил намалување на платата? Зашто уствари да преговара воопшто? :D
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.012
Поени од реакции
10.366
Зашто би прифатил намалување на платата? Зашто уствари да преговара воопшто? :D
Ем ќе си лапне 20че ем ќе си остане на таа плата.
Ако не даваат има суд па ќе плати дупло Барса и за стресови и навреди. :D
 
Член од
10 јули 2022
Мислења
225
Поени од реакции
497
Е сега, ако стварно не планира да си оди, веројатно ќе мора да преговараат за намалување на платата.
Зошто би морал да преговара за платата? Де Јонг има важечки договор со Барселона, спрема кој треба да заработува толку и толку, и спрема кој клубот му должи толку и толку. Комотно може делот за долгот да оди на суд, и Де јонг да си ги наплати побарувањата, и потоа, доколку Барселона реши да го малтретира и да не го зема во првиот тим, да игра голф како Бејл до крајот на договорот и да му тече платата секој викенд.

На Де Јонг му е јасно дека неговата кариера во Барселона е завршена, и целиот овој циркус е за да си ги земе парите кои Барселона му ги должи. Ако изјави дека сака да оди во Манчестер Јунајтед, тоа значи дека се откажува од тие пари, а не гледам зошто би го направил тоа. Јас сум уверен дека трансферот ќе се случи на крајот, затоа што Барселона е во ситуација каде што не може ништо да диктира. Од парите кои ќе ги добие од Јунајтед, ќе му плати на Де Јонг она што му го должи и завршена работа.
 
Можеби си и во право али може и да молчи а не на секои 3 минути да изјавува дека не си оди.
 
Член од
10 јули 2022
Мислења
225
Поени од реакции
497
Можеби си и во право али може и да молчи а не на секои 3 минути да изјавува дека не си оди.
Па не изјавува на секои 3 минути, "новинарите" ги рециклираат истите "вести" за малку внимание и кликови.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.980
Поени од реакции
116.670
Знам дека е циркус у Барса ама искрено не верувам дека потпишуваат играчи без да има можност да ги регистрираат, сепак не е ова фк Кадино. Проблем е што не решаваат се унапред, односно без да се крева фама и да има вакви сапуници како оваа со Френки. Сите знаеме дека ќе го продадат на Јунајтед ама ќе гледаме уште некој ден/недела натегања и срамења од Барса како тоа го тераат да си оди. Не сум бил никад нивни фан сем у на Лучо ерата, ама стварно е понижувачки јавно да ликнуваат вакви информации и да им се руши репутацијата.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.012
Поени од реакции
10.366
Па не изјавува на секои 3 минути, "новинарите" ги рециклираат истите "вести" за малку внимание и кликови.
Добра ај на 48 часа пушта он дојави дека не си оди а "новинарите" ги повторуваат на 3 минути за да ги рециклираат.
Повеќе од еднаш изјави дека несака, можеше и да си преќути и тогаш и да игра тактички ама ај.
 
Член од
10 јули 2022
Мислења
225
Поени од реакции
497
Добра ај на 48 часа пушта он дојави дека не си оди а "новинарите" ги повторуваат на 3 минути за да ги рециклираат.
Повеќе од еднаш изјави дека несака, можеше и да си преќути и тогаш и да игра тактички ама ај.
Моментално Де Јонг и Барселона водат војна за парите кои Барселона му ги должи. Сите изјави за тоа дека не сака да си оди од Барселона се само во таа насока. Тоа никако нема да влијае на неговите настапи во Јунајтед, ако дојде. Може да биде флоп, може ептен да се погоди, ама тоа нема да зависи од неговите сегашни изјави околу останувањето во Барселона.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.701
Поени од реакции
88.710
Па искрено гледајќи ја целата ситуација, и јас би постапил исто ко Де Јонг.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.344
Поени од реакции
4.686
Ветрушка ко Де Јонг може само да гарантира борба за шесто место со Вест Хем и ништо повеќе
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.012
Поени од реакции
10.366
Моментално Де Јонг и Барселона водат војна за парите кои Барселона му ги должи. Сите изјави за тоа дека не сака да си оди од Барселона се само во таа насока. Тоа никако нема да влијае на неговите настапи во Јунајтед, ако дојде. Може да биде флоп, може ептен да се погоди, ама тоа нема да зависи од неговите сегашни изјави околу останувањето во Барселона.
Ништо не реков за тоа како ќе игра збор ми беше дека може да си ќути а не да негира толку.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.331
Поени од реакции
4.242
Реалноста е дека Френки е во право, и тоа е факт. Ја сум сигурен дека нема фан кој не го сака, а и цела управа. Проблемот се парите, ништо друго.

Лапорта ги избрка Меси и Гризман ради парите, сигурно не му е до Де Јонг, а долгот што го имаат спрема него му е вкалкулиран во платите и автоматски ако потпише се откажува, а не дека имаат долг како цифра.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.763
Поени од реакции
52.740
Знам дека е циркус у Барса ама искрено не верувам дека потпишуваат играчи без да има можност да ги регистрираат, сепак не е ова фк Кадино. Проблем е што не решаваат се унапред, односно без да се крева фама и да има вакви сапуници како оваа со Френки. Сите знаеме дека ќе го продадат на Јунајтед ама ќе гледаме уште некој ден/недела натегања и срамења од Барса како тоа го тераат да си оди. Не сум бил никад нивни фан сем у на Лучо ерата, ама стварно е понижувачки јавно да ликнуваат вакви информации и да им се руши репутацијата.
Целата ситуација со Меси мислам покажува кон спротивното. А и се што се случува од тогаш па наваму. Мене ич не ми е сфатливо кој им е планот и што прават уствари. Не ми делува како да имаат конкретен план за излагање од ситуацијава и покрај продавање на правата и се тоа. Се што прават повеќе ми изгледа како брз фикс кој ќе ги заглави уште повеќе на долг рок.
И трансферите воопшто не изгледаат плански. Ај што трупаат играчи насекаде без да им се неопходни, па и договараат и потпишуваат без да имаат можност да ги регистрираат за играње. Верувам дека на крај некако ќе се среди и нема да почне сезоната, а да има играчи кои не можат да играат поради ова, ама ми делува како да си викаат цело време абе Барселона сме ние, ќе се среди секако се, не може така да остане. Без конкретен план како ќе се среди.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom