Во право е Илија, во случајот со францускиот предлог време е ние Македонците да се повикаме на Бадинтер за гласањето во перламентот.
Мора да важи за сите етнички групи.
- Дали со мнозинство гласови на пратеници Албанци и малцинство гласови на пратеници Македонци ќе се донесе одлука за прифаќање на “францускиот предлог”?
- Што ќе значи тоа за нарушување на идентитетските правата (образование, историја, култура, одбележување на значајни личности и настани, симболи,…) на Македонците во Македонија?
- Што ќе значи тоа за еднаквата правна заштита на сите граѓани во Република Македонија?
- Што ќе значи тоа за уставниот поредок во државата во иднина?
- Ќе се изгуби ли смислата на постоење на т.н. Бадинтерово мнозинство ако тоа не гарантира заштита за сите граѓани?
На овие прашања пред се ќе треба да одговорат лидерите на партиите на Албанците во Македонија кои имаат свои пратеници во Собранието на Република Македонија:
– Али Ахмети;
– Зијадин Села;
– Африм Гаши;
– Билал Касами; и
– Мендух Тачи.
Но на овие прашања можеби ќе треба да одговорат и:
– двајца пратеници Турци (двајцата од власта);
– двајца пратеници Срби (еден од власта, еден од опозицијата);
– еден пратеник Бошњак (власт); и
– еден пратеник Ром (власт).
Бадинтерово мнозинство, наопаку… е насловот на јавниот апел на екс пратеникот Илија Димовски кој со пораката ,,Поглед низ другите очи…”, упа...
vecer.mk