Дечки што и да се случи и да влеземе и да не влеземе во Еу (знаеме дека не влагаме), неизбежен е падот на Сдс. Буквално најхардкор Сдс членови што ги бранеле секогаш, што споделувале некој тумор-хумор објави од тие фб страни Сеир, Камај, Криминалите на Вмро и други пролив страни до степен да не знаеш дали се наоѓаш на профил на другарот или на некоја фан страна на Сдс, дури и тие сега гледам ги пцујат до 5то колено, пред собрание излегуваат. Едноставно има некој жички што не смеат да се чепкаат, со нивно чепкање пука бомбата, таква е жичкава на мешање и негирање на историјата во која тие Бугари убивале нивни дедовци, баби, прадедовци и останати потомци. Некои работи не се простуваат, не се забораваат, и не може да се оди преку нив само “за да одиме напред“, драго ми е ова што се случува со протестите. Е сега мене ми е прашањето, дали Вмро и Левица или кој и да дојде нов во играва, може да гарантира дека ќе се поништи Преспа и дека ќе се врати старото име Македонија, мене ми е гајле надворешно име какво ќе е и кој се буни и кој не прифаќа, било Фиром било Северна, 134 земји не имаат признаено под Македонија на крај краева, тоа што ми е важно внатре да морам да потпишувам документи каде што пишува дека сум се родил во земја со која немам никаква врска само за да опстојувам... Дека ако речат да, а не го исполнат уште од одма тоа, е тогаш ќе има палење на имоти, блокади, возила, сонце во денот нема да видат, пекол ќе им е претворен животот, ако случајно речат не, тогаш кој кур им е власта, веќе иаме такви на власт, имињата само им се различни. Преку кур му е на народов и од луѓе кои мислат дека само странска сила може да не опраи, и од луѓе кои мислат дека без запад пропаѓаме, блабла, не е ова 2016 ниту 2019, нула толеранција има народов, нестрплив и наапан е до невиден степен од осамостојување до денес. Абе јас се нафаќам самоволно да организирам и да учествувам во општо корисни работи (заедно со голем дел од моите другари, познаници кои се на ист став), чистење депонии, садење дрва, асфалтирање, обновување канти, организирање превоз до Аквадукт и други запоставени знаменитости во Скопје и другите градови што може да привлечат туристи, во Штип има кањон Камник 98% од кај нас никој не слушнале за него, а не па странец да оденеш таму, организирај комбе/бусче еднаш дневно да оди да се враќа, обележи со боја каде е постојката, мапирај на Гугл Мапс со англиски странци полесно да најдат, не е ова квантна физика, минорна сума пари треба да се вложи да се направи земјава поубаво место за живеење и поголеми пари да се внесат од надвор во државата од туристи, не ни треба Европа да не спасува, до нас самите е спасот, дај кој ги ебе више.