Гледам дека се појавија недоразбирања од еден член за знамето на етничка Македонија и денешново во употреба па затоа накратко ќе ви ја претставам историјата за знамето на независна Република Македонија од 1991 па до ден денес.
(1992-1995)
Откако Македонија стекна независност, во периодот од
1992 до
1995 година, како симбол за знамето се употребувала Ѕ
вездата од Кутлеш, што довело до масовни протести во
Грција, поради наводните „ексклузивни права“ на користење на симболот од грчка страна. Првиот предлог за знаме на Македонија, односно Ѕвездата од Кутлеш, била поднесена до собранието од
Тодор Петров на 6 август 1992 година. Денес ова знаме е македонско национално знаме и го користат македонските заедници и организации во
Македонија, соседните држави и странство. Официјалниот опис на првото знаме на Македонија гласел:
Знамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци, благо здебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск. Основните сончеви зраци непосредно се одделуваат од сончевиот диск, а крајната надворешна должина на сите шеснаесет сончеви зраци се поклопува со надворешната периферија на сонцето. Пречникот на сончевиот диск е една седмина од широчината на знамето. Односот на пречникот на сончевиот диск и должината на основниот сончев зрак е еден спрема два, а односот на должината на споредниот и основниот сончев зрак е седум спрема осум. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.
(1995-денес)
Официјалниот опис на знамето според Законот на Македонија е следен:
Знамето на Република Македонија е црвено со златно-жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви зраци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вркстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Пречникот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е 1:2.
Интересна е историјата на создавањето на знамето во денешна употреба.
Процесот на усвојување и промена на државното знаме на Македонија започнал во 1995 година. Летото, тогашната Влада на Македонија го задолжила Мирослав Грчев да подготви идејни решенија за ново знаме и нов грб на државата. Така, за еден месец, Грчев изготвил по 12 дизајни за знаме и грб на Македонија, каде знамињата се делеле на: знамиња со златен диск на црвена основа, знамиња со златен диск кој излегува од границите на знамето, знамиња со златни дискови и триаголни зраци и знамиња со златни дискови и со златни краци на целата основа. При изработка на знамето, Мирослав Грчев морал да внимава на двата критериума поставени од Владата на Македонија:
- знамето да ги има истите бои како и претходните македонски знамиња, односно крвава црвена и златно жолта, и
- знамето да го има сонцето како единствена апликација.
По поднесувањето на сите 12 дизајна на знамиња и исто толку грбови, Собранието воопшто не расправало за грбот, иако тоа било во план, а како ново знаме се зел последниот предлог на Грчев, односно дизајнот каде сончевите зраци се на целата површина на знамето. Интересно е тоа што во оригиналниот дизајн немало одделување на зраците од дискот, туку тоа било отпосле сменето во Собранието. За таа промена, Мирослав Грчев вели дека не е во согласност со графичките, естетските и ликовните правила.
Предлозите се следниве:
(последен)
Од сиве овие предлози, сите се одбиени освен последниот предлог кој е модифициран да има додатен црвен круг околу дискот.