Глупо е да се завземаат страни и да се навива... (за овие или оние) треба реално да се гледаат работите, да се анализира и дискутира. Русија е голема и силна држава, да, регионална па и светска сила, но неможе Русија истовремено да отвара војни со/во повеќе држави истовремено, незнам следна/следни биле таму Молдавија, Полска, Литванија, Финска, Грузија(повторно), Казакстан и.т.н. човек све и свашта ќе прочита и чуе по нетов... но тоа е едноставно кажано невозможно, таквото сценарио !
Исто така Руската Федерација не може нема шанси да го победи НАТО-пактот во војна со конвенционално оружје... Сепак НАТО-пактот е пакт од 30 и кусур земји, сите заедно имаат цирка милијарда народ, во споредба со РФ+Белорусија(150 и кусур милиони заедно) и сите заедно ако ги комбинираме имаат далеку-кратно многу повеќе воен/војнички потенцијал и војска(човечки ресурси), економски средства, а и оружје и воена техника и копнена и морска и воздушна...
Да знам ама Русите го победиле Хитлер и неговата армија која била исто така и побројна и подобро опремена и многу помодерна од Советската црвена армија, да, меѓутоа таа победа од 2СВ Русите ја платиле со скоро 30 милиони жртви, но денешна Русија повеќе го нема тој демографски/популационен виталитет и капацитет кој го имала во минатото пред 80 год. 100 год. па и низ вековите наназад...