Еве ви уште еден одговор на прашањето „Зошто жени во нивните 30ти преферираат да чуваат куче, него маж?“... Социјален експеримент. Некоја си Агда решила да сподели еден мал детал од нејзиниот живот.
Имено, седела на тераса и пиела пиво додека маж ѝ готвел после работа
. Толку! Само оваа информација ни е пласирана. Можеби Агда има скршени нозе и не може да стои, можеби ѝ било роденден и добила специјален третман, можеби маж ѝ инсистирал да ѝ зготви нешто што само тој умее да го приготви убаво, можеби имаат поделени обврски во домот, нејзините ги завршила и седнала да одмори после тоа... Милион претпоставки, а што е заклучокот? Дека Агда е кучка што го тера нејзиниот да готви после работа, или дека швалерај е вклучен во игра и пратете колку тажни реакции има. Истите тие што "тагуваат", претпоставувам се мажи во нивните 20ти и сеуште живеат со родителите и нивните мајки ги перат, им чистат и им готват после работа, ама не се тажни за нив и што ова им е секојдневие, туку за некој непознат лик, само затоа што е маж. Иронично.
Со овакво опкружување, не куче, магаре би си посвоила!