Дури и сослушувањата за упадот во Капитол во вој момент се прекинати, претходно го бираа ударниот термин и само 10% од Американците ги следат истите! Бродолом. По оваа збрка ќе го загубат и тој моментум кој го имаа.
Прашањето за абортусот може да извлече нови гласачи, но состојбата на терен за демократите е крајно неповолна. Прво 1.000.000 демократи во 2021 се пререгиструрале како републиканци. Второ, редистрикцијата во одредени држави не им оди во полза. И трето и најбитно, Џо се движи до 30% поддршка во клучните прашања, како економијата, цената на нафтените деривати, па и поларизирачките како имиграцијата, надворешната политика и справувањето со Ковид пандемијата. Ете, Шеки не сака да каже зошто под покровителството на Џо во Америка починаа многу повеќе граѓани од Ковид, според нивните статистики, него под Трамп и тоа за пократок временски период со стапка на вакцинација од 70%! Џо не е големиот обединувач, центристот кој ќе стави крај на идеолошката поделба во САД. Ете, нови немири и тоа во државите каде оваа одлука нема да има никаков импакт.
За прашањето за абортусот се јави и
коњот. Веќе сѐ е ирелевантно, ова е законот на земјата и ќе важи во наредните 20-30 години со оглед на тоа дека конзервативците имаат 3 релативно млади судии и уште тројца кои можат да тераат уште најмалку еден претседателски мандат. Логиката ја базирам врз просечниот животен век на човекот. 26 држави може да го забранат, тоа не значи дека ќе го забранат, ама ќе има ограничувања, и уште најмалку 5 ќе се приклучат на забавата.
Акесо и тетка 5 не ја следат оваа тема.