Работа на брод

Член од
13 март 2011
Мислења
1.939
Поени од реакции
1.930
Здраво дечки. На 31 година решив да се качувам на брод па сакам да добијам некои информации :) Одбрав да аплицирам за казино департмент, се мислев меѓу слот атендент и кешиер, но ми посочија дека наводно слот атендент имале повеќе бакшиш, па ајде за таа позиција дадов cv. Имаше отворено позиции само за NCL, па аплицирав таму бидејќи би сакала да заминам побрзо, а и плус компанијата плаќала авионска карта, што ми е битен момент бидејќи немам доволно кеш за да се дотркалам до бродот... Има ли некој искуство или да познава некој што работел во казино во NCL? Плата основна за слот атендент е само 900 долари, што се смешни пари за таа позиција и за тие саати, плус ноќна работа, бакшиш не е сигурно колку би имало, и малку си направив филм дека ќе црнчам за безпари... Дајте некое мислење или искуство ве молам. Ви благодарам браќа македонски морнари :cool:
Зависи од каде кој брод, клиентелата дали ке бидат индијанци или поскапи крузеви праи разлика. На кој брод треба да одиш? Мислам дека помеѓу 2000-4000 ке ти биде плата, во зависност од каде е бродот... Исто така бакшишот се дели, сега разлика е на мали бродови има 1/2 слот атендантс, додека на големи по 6-7.
 
Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
914
Поени од реакции
2.562

Хммм, јас имав сограѓанка слот атендант на НЦЛ Џувел и секогаш ми се жалеше дека нема пари и платата и била околу 900 усд ???? тоа беа крузеви на Алјаска со Мексико алтернатива лето - зима.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Малку лошо што рекламава ми искача дури сега, ама чисто информативно...

Сигурен сум дека ќе има пак вакво нешто.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949

Малку долгичко, ама Луси одлично објаснува скоро се што треба да знаете пред да се качите на брод за прв пат.
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
255
Дечки, некој да не работел за TUI Mein Schiff? Дали знаете каде се прави медикал?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Дечки, некој да не работел за TUI Mein Schiff? Дали знаете каде се прави медикал?
Обично кога ќе пројдеш интервју регрутерот ти праќа мејл со овластени клиники, или формулар па идеш у клиниката што ти е најблиску.
Ако не ти дале такво нешто, пиши мејл да ти пратат.
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
255
Обично кога ќе пројдеш интервју регрутерот ти праќа мејл со овластени клиники, или формулар па идеш у клиниката што ти е најблиску.
Ако не ти дале такво нешто, пиши мејл да ти пратат.
Па пишав ама ги нема 2 дена :) во меѓувреме другар ме извади од памет дека во хрватска било најблиску па прашувам за да се потсмирам :)
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
255
Чудна работа, вика компанијата дека на било кој доктор може медикалот да се направи се додека е пополнет нивниот формулар. Каде би го правеле вие тоа на мое место?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Чудна работа, вика компанијата дека на било кој доктор може медикалот да се направи се додека е пополнет нивниот формулар. Каде би го правеле вие тоа на мое место?
Би прашал на местата каде што прават медицински прегледи за полагање возачки, медицина на труд, и редовните места: Тоспаш, Неуромедика и Промедика. Кај ќе кажат добра цена, оди таму ;) Ако не си од Скопје, прашај си прво во својот град, да не се мачиш по жешково да патуваш за еден медикал.
 
Член од
23 март 2022
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво на сите,
Прв пат аплицирам за на брод, па има понуди од коузон за Cafe Attendant во Viking, платата 1100USD. Што мислите, дали е исплатливо да се аплицира за оваа позиција? Дали има бакшиш и колкава би можела да е крајната заработка?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Здраво на сите,
Прв пат аплицирам за на брод, па има понуди од коузон за Cafe Attendant во Viking, платата 1100USD. Што мислите, дали е исплатливо да се аплицира за оваа позиција? Дали има бакшиш и колкава би можела да е крајната заработка?
Секоја компанија има предности и маани.
Предности кај Викинг е тоа што помалку се работи во споредба со другите компании, имаш бесплатен интернет, поинтересни портови, помали бродови, не трошиш пари за униформа... не ми текнува што уште друго
Позицијата Кафе Атендант ти е ентри левел позиција во ресторан, зимаш 100 долари повеќе во споредба со Ројал или НЦЛ ако добро се сеќавам на парите во тој оддел.
Како кафе атендант на ниту една компанија не добиваш бакшиш, бакшиш почнуваш да зимаш кога ќе станеш асистент келнер или потоа келнер.

Е сега бидејќи досега не си бил воопшто на брод, не можеш да очекуваш од ниту една компанија веднаш да те стави на позиција на која ќе зимаш бакшиш.
Викинг е одлична компанија за работа. Аплицирај, ако не те примат, пробај на другите компании, истерај договор/два таму па оди на Викинг.

Јас лично од одамна сакав да аплицирам за на Викинг, ама секогаш искачаше нешто.

Едит: Прашањето ти беше колкава може да биде крајната заработка: Ако идеш нагоре по хиерархијата и еден ден станеш хотел директор имаш 10.000 долари месечно плус бонуси ;)
 
Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
914
Поени од реакции
2.562
Здраво на сите,
Прв пат аплицирам за на брод, па има понуди од коузон за Cafe Attendant во Viking, платата 1100USD. Што мислите, дали е исплатливо да се аплицира за оваа позиција? Дали има бакшиш и колкава би можела да е крајната заработка?
Не, гледај да добиеш од assistant waiter минимум па нагоре.
Автоматски споено мислење:

Агенциите и посредниците секогаш гледаат да ги ставаат луѓето на што е можно пониска позиција, тоа е од нивни интерест.
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Не, гледај да добиеш од assistant waiter минимум па нагоре.
Автоматски споено мислење:

Агенциите и посредниците секогаш гледаат да ги ставаат луѓето на што е можно пониска позиција, тоа е од нивни интерест.
Assistant Waiter на Викинг без претходно бродско искуство или барем 3 години Middle East, нема ни на интервју да го повикаат.
Такво нешто може на Марела или некоја слична компанија ако англискиот му е добар.

На агенциите интерес им е да ги качат луѓето, не е битно која позиција. Е сега и двете агенции во Македонија работат над 20 години и знаат што проаѓа, а што не.
 
Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
914
Поени од реакции
2.562
Јас кога прв пат аплицирав сакаја да ме стават за тоа кафе атендант на Викинг, јас не сакав, потоа ме ставија за асистент за на НЦЛ прифатив, отидов на интервју и регрутерот од НЦЛ ме зеде дирек за waiter.
Агенциите за да го одржат нивниот рејтинг дека пуштаат квалитетни кадри и провизиите пред круз компаниите ги туркаат квалитетните кадри намерно за пониски позиции.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.319
Поени од реакции
2.846
Assistant Waiter на Викинг без претходно бродско искуство или барем 3 години Middle East, нема ни на интервју да го повикаат.
Такво нешто може на Марела или некоја слична компанија ако англискиот му е добар.

На агенциите интерес им е да ги качат луѓето, не е битно која позиција. Е сега и двете агенции во Македонија работат над 20 години и знаат што проаѓа, а што не.
Болдот е поради кој луѓето не ги сакаат Коузон. Не ти ни даваат шанса за на интервју одма ти викаат оди пониско. Абе пушти ги луѓето па тие што прават интервју нека одлучат дали може или не. А знам кога доаѓаа Срби одма им даваа поголеми позиции. Ко нашиве сакати да се. Ко другите народи да се поспособни што добиваат подобри позиции. Другар ми работеше 6-7 години за ројал а претходно и за Принцес имаше мислам 2 договори и направи пауза. После година дена сакаше пак да се врати и оди во коузон и му велата аааа мора обука да прави како на интервју како се работи итн. А тој што му го кажува тоа не ни бил на брод а му објаснува на другаров како треба.

поентата ми е дај му за позиција за на интервју која ја бара па таму ако му дадат помала ок. Не ни даваат шанса од старт ги деградират.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom