Работа на брод

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
914
Поени од реакции
2.562
Па да на тоа мислев да се намалат вредностите во нормала па да може да се оди, јас имав колега на кој му се слоши на работа и падна во несвест на НЦЛ и му најдоа висок шеќер и одма го испратија дома.
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
255
Дали некој во амбасада за c1/d има носено дополнителни документи дека поседува имот и изводи од банка? Дали му го побарале тоа на некој да го докажува?
 
Член од
8 октомври 2010
Мислења
144
Поени од реакции
103
Дали некој во амбасада за c1/d има носено дополнителни документи дека поседува имот и изводи од банка? Дали му го побарале тоа на некој да го докажува?
Не, само договор за работа. слика..
Би требало да ти кажат од агенција.
Обично брзо оди интервјуто, неколку ошти прашања. Да видат кој си и зошто аплицираш за виза.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Кога ќе те прашаат каде ќе престојуваш во Америка, само ќе им кажеш не идеш во Америка, идеш да работиш на брод, нема да седиш во америка.
Документи се само тие што ти ги кажа АлексМ во постот погоре.
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
255
Фала дечки! Значи да не се глупирам да носам докази дека имам имот-пари во банка. Читав по други теми ако се трудиш да бидеш убедлив дека поголеми се шансите да те одбијат.
Друго што прашуваат на интервју?
 
Член од
23 март 2022
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво на сите,
Некој да сподели искуство со Effy?
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
489
Поени од реакции
434
Здраво на сите,
Некој да сподели искуство со Effy?
Одлична заработувачка, basic 1 200$ (мин 3 000$ max 5/6 000) за jeweler ама и огромен ментален притисок можеш да бидеш отпуштен по два круза. Продаваш ѓубре за многу пари така да не е до product knowledge туку е до борба со колеги, општа допадливост и убедливост. Дефинитивно не ако ти е прво бродско искуство/искуство во продажба колку и слатко да звучат парите.
Со среќа
 
Член од
13 декември 2017
Мислења
103
Поени од реакции
338
Здраво дечки. На 31 година решив да се качувам на брод па сакам да добијам некои информации :) Одбрав да аплицирам за казино департмент, се мислев меѓу слот атендент и кешиер, но ми посочија дека наводно слот атендент имале повеќе бакшиш, па ајде за таа позиција дадов cv. Имаше отворено позиции само за NCL, па аплицирав таму бидејќи би сакала да заминам побрзо, а и плус компанијата плаќала авионска карта, што ми е битен момент бидејќи немам доволно кеш за да се дотркалам до бродот... Има ли некој искуство или да познава некој што работел во казино во NCL? Плата основна за слот атендент е само 900 долари, што се смешни пари за таа позиција и за тие саати, плус ноќна работа, бакшиш не е сигурно колку би имало, и малку си направив филм дека ќе црнчам за безпари... Дајте некое мислење или искуство ве молам. Ви благодарам браќа македонски морнари :cool:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Едно интересно интервју :)

 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949


Walk-in ONLINE job Interviews for ROYAL CARIBBEAN CRUISE LINE
FOR ALL BALKAN COUNTRIES (BULGARIA, MACEDONIA, SERBIA, HUNGARY, BOSNIA AND HERZEGOVINA, MONTENEGRO, ALBANIA, and TURKEY)
Online meetings on the 16 and 18-19 April 2022
YOUR JOINING DATE will be in May-June 2022

UNIQUE CHANCE TO START YOUR CAREER WITH THE BEST IN THE CRUISE INDUSTRY.
We are looking for people with some experience in the hospitality industry or willingness to get a new experience in the restaurant department * Restaurant Attendants, Ass. Waiter/ess and Waiters

We are ASLO LOOKING for a HEAD WAITER/ess, Ass. Maître D’ and Maître D’ with previews cruise ship experience

Contact us on VIBER for more information + 389 78 45 44 26
Please feel free to send us your CV (in English) via e-mail at info@kouzon.com.mk
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Има некој искуство со оваа понуда за брод низ Европа?
Претпоставувам дека за речен брод се работи:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949

РАБОТА НА БРОДОВИ ЗА КРСТАРЕЊЕ
ОНЛИНЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НОВИТЕ РАБОТНИ ПОНУДИ
АКО БАРАТЕ ДОБРО ПЛАТЕНА И ПЕРСПЕКТИВНА РАБОТА – Ве каниме да ја проследите нашата онлине презентација за работа на бродови за крстарење
Во Недела на 17 Април од 19.00 часот – преку ПЛАТФОРМАТА ТЕАМС – бидете ОНЛИНЕ со нас.
Пратете ни пријава на info@kouzon.com.mk или едноставно вклучите се на овој линк
Google Meet joining info
Video call link: https://meet.google.com/vbm-vhir-ehz
Ви гарантираме брзо заминување на некоја топ туристичка дестинација.
Од ВАС СЕ БАРА само :
- желба за работа
- познавање на англиски јазик
- спремност за патување.
Бидете дел од светскиот џет-сет работете и патувајте со cruises бродовите
НАЈДОБРИТЕ КОМПАНИИ се спремни да Ве вработат .
Бидете дел од оние 25.000 млади од МКД кои работат или работеа на овие бродски компании
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
493
Поени од реакции
533
нека не ве лаже овој Тончи, ќе завршите на брод, ќе утнете минималец од 18к тука.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
нека не ве лаже овој Тончи, ќе завршите на брод, ќе утнете минималец од 18к тука.
Со едно другарче правиме муабет за што сме работеле низ животот пред да се запознаеме, и му кажувам работев низ неколку фирми по градов, потоа работев државно, и другарчево ме прашува:
И?
-Дадов отказ.
Зошто бре будала еден?
-Па од 250 евра месечна плата до 250 евра неделна плус бонуси има разлика.
Е има...


И за крај да го цитирам другар ми Бомбакис :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom