- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.927
- Поени од реакции
- 38.069
... блам држава, ама изгледа и блам новинари, според тоа како пишуваат ниту знаат да се информираат ниту пишуваат точно, ниту пак институцијата Општа болница Прилеп ја кажува вистинатa што всушност е причината, барем по мое мислење!![]()
Прилеп: Лекари се тепале за стрес-тест апарат
Тепачка, турканици, навреди, вербални расправии како и интервенција на полицијата вчера во одделот за спорска медицина во Прилеп, кога раководството на болницата, по претходна одлука на стручен колегиум, се обидело да го земи апаратот за стрес тест и од спорска медицина да го премести во...sitel.com.mk

...како што читам „стрес апаратот“ бил сместен во просторија во амбуланта на спортска медицина што истата не функционира и не е во состав на секундарното здравство т.е. Општа болница Прилеп туку во примарното т.е. во Здравствен дом Прилеп (примарна заштита т.е. Здравствен дом Прилеп дава заштита во областа на здравствена заштита на деца, поливалентна патронажа, стоматолошка здравствена заштита, итна медицинска помош, итна стоматолошка помош, биохемиска лабораторија, стоматолошки рентген, домашна посета, спортска медицина и медицина на трудот),
...доколку настанал процес на повторно спојување на две различни независни институции во Прилеп т.е. на локалниот Здравствен дом Прилеп и Општа болница Прилеп и функционираат како една институција, од тука револтот на лекарите од спортска медицина за „својот“ стрес апарат можеби купен со средствата кога биле како Здравствен дом Прилеп, сега Општата болница Прилеп „да им го присвои“ и да го користат кардиолозите на готово, тука доаѓа до израз неспособноста на менаџерскиот тим на Општата болница Прилеп да си купат сопствен стрес апарат, а да делуваат малтене со сила да им го одземат од „спортска медицина“ само затоа што се директно централно под министерство за здравство, а не како Здраствен дом Прилеп кој си беше под локална самоуправа и се „послаби“ од Општа болница Прилеп и сега највероватно се споени во едно, па менаџерскиот тим на Општа болница Прилеп наместо да си купи нов стрес апарат им го зема на амбуланта спортска медицина кои биле поорганизирани и се снабдиле со нов стрес апарат АМА кога биле во состав на Здравствен Дом!
... така да, со право се револтирани лекарите од спортска медицина според ова што би требало да е точно, а не вака да се информира јавноста без веза непрофесионално, дека се степале лекарите за еден „стрес апарат“ , ако тој апарат е купен со средствата на Здравствен дом Прилеп нема што тука Општа болница Прилеп да се шлепа со туѓ успех за набавка на истиот и да биде одземен демек само за еден ден за пациентите на интерно одделение, штом ќе го земат во друга просторија во интерниот одел што е во Општа болница Прилеп, пиши пропало веќе спортска медицина да си го користат кога ќе им треба!
...е така треба да пренесат новинарите, ама кога не се знае како функционираат медициските институции и како се поврзани, такви се и новинарските коментари, а народот добива сосема погрешна слика дека лекарите „се степале“ за стрес апарат, без да се каже суштината на проблемот!
П.С
...ете претпоставките ми се точни, а со тоа и причината на револтот на лекарите од спортска медицина и оправданоста на нивната реакција!
Од 12.01.2021 година на седницата Владата донесе и Одлука за спојување на јавните здравствени установи Здравствен дом Прилеп и Општа болница Прилеп во Јавна здравствена установа Општа болница со проширена дејност – Прилеп.
Со спојувањето на овие две здравствени установи сите здравствени услуги кои во моментот се пружаат во две здравствени установи сега ќе се добиваат во една со што им се олеснува правото на пациентите да добиваат квалитетни услуги на едно место, без да бидат оптоварувани со дополнителни административни процедури за упатување од една во друга установа. Со спојувањето се намалуваат трошоците во административните процедури и се надополнува кадарот што недостасува, пред се медицински персонал во установите, а воедно со спојувањето се овозможува порационално искористување на буџетот, намалување на долгот, а со тоа и поефикасно работење, како и спојување на возниот парк, што ќе значи и надминување на досегашните проблеми со транспорт на пациенти, со посебен акцент на транспортот на пациенти со возило на итната медицинска помош, се додава во соопштението од владината седница.
Последно уредено: