- Член од
- 3 ноември 2009
- Мислења
- 6.974
- Поени од реакции
- 41.358
Да постои, живеат преку 330 милиони луѓе во таа држава, не сите се со нормално психичко здравје и не сите се без криминално досие.Не постои добра причина да не се забранат сите огнени оружја - ако другите држави можат да преживеат така, ќе може и САД.
Тековните мерки не се ефективни, иначе не би имало толкава врева околу нив.
Јас да сум таму, би сакал да имам нешто со кое што би се заштитил, затоа што криминалците и болесниците не гледаат на тоа дали оружјето е забрането или не, они секако имаат оружје. Доколку би се забранило најмногу ќе страда обичниот граѓанин.
Истото е и кај нас во Македонија, забрането е оружјето, ама 90% од шипурките носат нешто у себе, макар тоа било и обино ноже. Нив не им е гајле што законот вика дека не смее да се носи било какво оружје со себе.
Кога ќе го разбереш ова, ќе ја разбереш и потребата за оружје за самоодбрана.