- Во првата група, односно прв тарифен блок, ќе влезат домаќинствата што трошат до 250 киловатчасови месечно во скапа тарифа.
- Во вториот блок, најверојатно, ќе бидат домаќинствата што трошат од 250 до 500 киловатчасови месечно во скапа тарифа.
- Во третиот блок, ќе бидат оние домаќинства што трошат над 500 киловатчасови месечно во скапа тарифа
- Кога се во прашање цените, Бислимовски објасни дека за потрошувачка до границата од првиот блок, најверојатно, 250 киловатчасови, би се плаќала цена за киловатчас која е пониска од сегашната, односно помалку од 7,32 денари за киловатчас. Колку точно пониска, не кажа.
Потрошувачката меѓу 250 и 500 киловатчасови ќе се наплаќа грубо по сегашната цена, а таа е 7,32 денари за киловатчас.
А потрошувачката над 500 киловатчасови месечно ќе биде по пазарната цена – околу 15 денари за киловатчас.
Последно уредено: