- Во првата група, односно прв тарифен блок, ќе влезат домаќинствата што трошат до 250 киловатчасови месечно во скапа тарифа.
- Во вториот блок, најверојатно, ќе бидат домаќинствата што трошат од 250 до 500 киловатчасови месечно во скапа тарифа.
- Во третиот блок, ќе бидат оние домаќинства што трошат над 500 киловатчасови месечно во скапа тарифа
- Кога се во прашање цените, Бислимовски објасни дека за потрошувачка до границата од првиот блок, најверојатно, 250 киловатчасови, би се плаќала цена за киловатчас која е пониска од сегашната, односно помалку од 7,32 денари за киловатчас. Колку точно пониска, не кажа.
Потрошувачката меѓу 250 и 500 киловатчасови ќе се наплаќа грубо по сегашната цена, а таа е 7,32 денари за киловатчас.
А потрошувачката над 500 киловатчасови месечно ќе биде по пазарната цена – околу 15 денари за киловатчас.
Хмм ова звучи малку понормално од претходното објаснување...
Haos ke bide i so citanjeto, kako ke citat na 30 dena ramno za blok, prosek li ke vadat, ke se pogodat ladni/topli periodi...
Не би било коректно да го остават тоа на милост на инкасаторите...
На крај на година лани како ги поделија прецизно киловатите на потрошна по стара и нова цена?
Веројатно не е важно кога се чита струјомерот, уредот чува информација прецизно колку киловати имаш во месецот... па се надеавм ќе ги сменат сметките да бидат од 1ви до 31ви во месецот.
На крај ја има и опцијата сам да си прочиташ броило и да ги внесеш потрошените киловати на сајтот на евн... или да им ги јавиш телефонски.
Не дека го оправдувам начинот.... ама постои... еве ме тераат така да правам за боилото на викендица....за да не ми пишуваат паушал кој не сакам да го плаќам.
Сеа баш проверив како сум бил со потрошна на киловати според највисоката сметка зимово... за 34 дена сум потрошил 377 киловатчасови на скапа тарифа па според постот погоре и тие наведени цени.... ако така испадне во реалност јас би имал помала сметка... или грешам?
Имам испод 500 киловатчасови па нема да влезам во третиот блок и да плаќам по најскапата пазарна цена.
Доколку 250 од тие 377 би ги платил по нешто поефтина цена од моменталната а останатите 127 по моментална цена на висока тарифа вкупната сметка би се намалила?