Кајгана форум во Фебруари - "Кој и да освои нема да биде заслужено"
Кајгана форум во Мај - "Честитки, сосема заслужено."
Леао последниве пет кола личи на топ 5 играчи во свет. Ептен разлика праи, и мислам дека без него, Милан ќе имаше едно 6 бода мање. Ако не и јаче.
За Интер ништо страшно, немаа воопшто лоша сезона ама можат да жалат што немаа неверојатна. Три титули со такви проблеми и промени ќе беше невиден успех иако реално делуваше со оглед на тоа дека сите екипи имаа слични проблеми. Освен Наполи би рекол.
Добра работа е што паузата ќе трае кратко и новата сезона ќе стартува порано сезонава.
Јуве имаат доста за промена, Милан сигурно ќе се зајакне а за Интер не се знае сеуште од што има и добри, и лоши вести.
Следна сезона мислам и Рома ќе биде доста солидна па веројатно пак ќе гледаме неизвесност до сам крај.
На квалитет ваљда изгуби Серија А, ама многу е поинтересно за пратење сега отколку последниве 15 години. Одамна не ми текнува да било волку неизвесно.
Хакан и не е голем лузер со оглед на тоа дека статистички оваа му е најдобра сезона во Серија А, а и мислам дека Интер повеќе му одговара како тим. Може и немаше да освојат Милан да го задржеа. Со Суперкупот и Купот му испадна да не биде комплетен лузер иако е оправдано секое меме за него во моментов.