Сезоната ни ја одлучи тоа што не беа головите на Лукаку соодветно заменети. Џеко даде тоа што можеше, ама годините толку му дозволуваат. Кореа никогаш не бил напаѓач што дава многу голови. Онаа серија од лоши резултати, беше ради тоа што месец дена нападот престана да дава голови.
Како и да е, најмногу дадени голови, најмногу асистенции и најмалку примени голови. Реално детали ја одлучуваат титулата.
Ќе анализираме на крај, ама тешко е да му се најдат сериозни замерки на Инзаги. Едноставно некогаш случајности одлучуваат во вакви тесни, фото-финиш борби за титула. Ако ни е за утеха, Ливерпул е на пат два пати да изгуби вака титула.
Али ај, да го оставиме и тоа влакно надеж, да не ја завршуваме сезоната пред вистински да заврши.
Иако, Каљари во втора лига е мојата титула за вечерва.
Скроз-скроз истото го мислев, чисто за споредба лани Лукаку + Лаутаро имаа 41 гол, сезонава Лаутаро + Џеко 34, шо, земајќи ја предвид ефикасноста на другите играчи можда и не е толку голема разлика, ама ко требаше на пример да му се утрпа еден гол на Џенова и ко немаше ниту еден напаѓач во форма, џабе беше сè.
Друг фактор е немањето никаква замена за Брозо и вадењето 2 бода од можни 9 кога тој беше отсутен, и со то, заедно со блицкригот на Жиру во дербито и допирањето дно на Раду со Болоња, едноставно се насобраа премногу ствари за да се освои титула во толку тесна конкуренција.
На Инзаги мислам дека нема апсолутно шо да му се замери, јас сум многу задоволен од поставеноста на играта и дефинитивно проблемите низ сезоната најмногу беа кадровски, не тактички, плус-минус некоја ситуација можда шо оди на негова душа, ама за мене то е занемарливо во однос на околностите.
Реалноста е дека после ланската катаклизма, освоивме куп и суперкуп, во ЛШ изгубивме само од двата тима кои ќе играат финале, а Пул успеавме и да ги победиме, и во последно коло имаме сепак макар математички шанси за Скудето и сезоната ќе ја завршиме со сличен број на бодови како првата на Конте.
Има простор за да ни биде криво за пропуштената прилика за Скудетото, ама далеку од неуспешна сезона, барем за мене.