Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Ама овде имаме иста ситуација. Типична прокси-војна, која обично завршува како ноќна мора за секоја голема сила која ќе заглави во неа.
Имаме доста примери во модерната историја на нуклеарни суперсили, кои заглавуваат во прокси-војна со ненуклеарни држави. Никогаш такви прокси-војни не ескалирале до степен да се употребува нуклеарно оружје. Без разлика што се случувало државата што ја има таа опција да претрпе тежок пораз.
Ако овде се помине таа граница, никој не знае што понатаму. Влогот е поголем од се што човечката цивилизација го искусила до сега.

Не е закана додека Русија го има најголемиот/втор најголем nuclear deterrent на светот. Дури Русија и да остане без војска, напад на нејзина територија, ќе има само еден резултат. Тоа го знаат во Киев, го знаат во Вашингтон, го знаат во Брисел и го знаат во Москва. Не верувам дека некој политички лидер на Запад ќе легитимира напад на руска територија, зборам отворена инвазија, не диверзантски операции, од некоја нато војска или војска на нато сојузник, затоа што го знаат исходот. Ако Украина со целото западно оружје се одлучи на такво нешто и без поддршка од нивните спонзори, тогаш fair game, нивната држава ќе стане кратер и никој нема да биде изненаден ради тоа. Тоа е привилегијата што ја дава нуклеарното оружје. Привилегијата, да ги водиш конфликтите од кои зависат твоите стратешки интереси, надвор од твојата територија.
Русија секако ќе добие армија наоружана со западно оружје на своја граница. Има некој што сериозно очекува дека целата украинска армија ќе биде трајно збришана? Таа опција ја изгубија откако пропадна првичниот обид за брзо завршување на оваа операција, односно после првите три дена. Затоа го повторувам истото цело време, Русија нема како да ја добие војнава. Тоа што сакаа да го спречат, веќе се случи. Сосед со армија наоружана со тони западно оружје, со континуирана поддршка и население кое ќе ги мрази во следните 50 години. Сега се што останува како опција е менаџирање на последиците.
Русија никогаш, од оваа фаза па натаму, нема да обезбеди сосед со доцилно население, кое нема да биде безбедносен проблем за нив.
Мислам дека луѓе имаат проблем да го прифатат тоа, па затоа прават некакви имагинарни сценарија на украински крах и понизно враќање на Украина во прегратките на мајка Русија.

За помошта од Западот, тоа беше цената што Путин требаше да биде свесен дека ќе ја плати. Заедно со санкциите без преседан. Без разлика дали прокси-војната е на 100 км или на 8000 км од својата граница, математиката во секоја прокси-војна е иста. Природата на тие војни е иста. Можеби затоа треба да се маневрира без влегување во таква по секоја цена, место да играш на картата дека стратешкиот противник ќе се уцвика.
Плус, ова воошто не е преседан. Пример, Советите го вооружуваа Северен Виетнам посериозно од тоа што сега САД го прави во Украина. Тоа беше војна што заврши со национално понижување на Америка, а во 60тите изгледаше како да ја губат Студената војна, не само во Азија и Африка, туку и во својот двор, во Латинска Америка. Па пак, употреба на нуклеарно оружје е граница што никој не ја поминал.
Разбирам дека не се споредливи ситуациите, ни знаеме како САД би реагирал, ако ова се случува во Мексико. Ама тоа е зошто самата помисла ни е неверојатна. Русија е во залезот на својата глобална моќ, не е споредлива со САД, споредлива е со поранешните европски колонијални империи. Потезите носат различна тежина во таква ситуација. Не можеш да ја бараш почитта на суперсила, ако ги немаш мускулите на суперсила. Кина го толерира Тајван, наоружан со западно оружје, практично на својот брег. Претрпеа понижувачко повлекување во 1995 година, кога Американците им паркираа носачи во теснецот.

Не ја потценува никој сериозноста на ситуацијата. Ситуацијата е критична, како и да заврши ова. Влагаме во нов гео-политички поредок, кој е непозната територија за сите. Ни можам да му забранам на Путин на даде наредба за употреба на нуклеарки, тоа е реална опција за жал. Ја повеќе мислам дека се потценуваат последиците што таков чекор ќе ги донесе. Луѓето имаат малку апстрактно, филмско поимање на што тоа значи. Тоа може да биде прв чекор, во серија на ескалации, кои значи крај и на Русија и на сите останати. Знаеме ли како Нато ќе реагира, како ќе реагираат Европјаните кога ќе почне радиоактивен облак да се шири на пола континент, кога ќе искочат слики од масовното уништување. Какво нуклеарно оружје, тактичко? Врз кои мети? Што ако Украинците продолжат да се борат?
Види, Путин ќе го каже тоа што треба да го каже за да обезбеди поддршка и легитимитет за операцијата. Он индиректно ја оспори и украинската нација и побара Нато да се врати на границите од 1995 година. Не може опциите за неговите следни чекори, да ги толкуваме кроз неговите зборови. Барем се надевам дека е така. Дека е уште со здрав разум, не е без exit strategy и влогот на војнава не е нашата колективна егзистенција.
Неспоредлива е оваа ситуација со Виетнам, и со било каква ситуација од минатото. Влогот за Русија е огромен. Кога Путин и Лавров велат дека ова е од егзистенцијално значење за Русија треба да се сфатат буквално. Она што за САД е прокси војна, за Русија е прашање да се биде или не. Затоа воопшто не ја исклучувам употребата на нуклерано оружје во Украина, барем тактичкото. Огромнни се влоговите, не е споредливо со ништо од минатото.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529

Ако секој политичар ти го сфаќаш буквално, амин
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015
Не се разбирам,може и сарма да е.А вистина владициве им ги осветуваат ракетите.До таму дојде ова..?
Да, навистина. Оружјето се (п)осветува од Црквата ако истото е наменето за уништување на злото. Но тоа е муабет за друга тема...
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Не се разбирам,може и сарма да е.А вистина владициве им ги осветуваат ракетите.До таму дојде ова..?
Се слагам со болдот. Затоа си небитен на темава, не се разбираш ко што сам признаваш.
Автоматски споено мислење:

Аха ахаххаа.
Еве поминале на трета фаза,осветување на орудието.Оваа ќе им била поефикасна,пошто од свети лица имаат благослов и ќе се молат што попрецизно да паѓаат гранатите.Не како до сега врз станбени блокови,детски игралишта,школи и така натаму.(y)
Не се разбирам
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.265
Ама овде имаме иста ситуација. Типична прокси-војна, која обично завршува како ноќна мора за секоја голема сила која ќе заглави во неа.
Имаме доста примери во модерната историја на нуклеарни суперсили, кои заглавуваат во прокси-војна со ненуклеарни држави. Никогаш такви прокси-војни не ескалирале до степен да се употребува нуклеарно оружје. Без разлика што се случувало државата што ја има таа опција да претрпе тежок пораз.
Ако овде се помине таа граница, никој не знае што понатаму. Влогот е поголем од се што човечката цивилизација го искусила до сега.
Ne bi rekol deka imalo slicna a ne pak ista situacija, eventualno mozeme so kubanskata kriza da ja sporedime, a kolku sto imam citano togas situacijata bila poprilicno seriozna. Samo stranite bile smenati. Togas SAD go drzea prsteto na crvenoto dugme posto malce zaebano e koga si igras vojna na iljadnici kilometri a sosem drugo e na tamu kolku e Kuba od Florida, 100tina km i instalirani nuklearki.
Drugi konflikti kade direktno se zagrozeni SAD ili Rusija nemalo, mozebi nivni interesi ili sferi na vlijanie ,no nisto slicno na ova ili Kuba. Vietnam e duri i smesno da se spomenuva vo cel ovoj muabet.
I koi se tie drugi konflikti kade nekoj zaglavil nekade ,posebno vo poslednite 30 godini ili potocno kade zaglavila SAD vo ovie 30 godini odkako ja dobi studenata vojna i realno pravese sto sakase kade sakase, se do Sirija.
Na site im e jasno deka tie 30 godini kade izigravaat gazdi na planetata zavrsija, prasanjeto e dali ke se simnat od tronot tivko i civilizirano ili ke go vovlecat svetot vo nuklearna kriza. Sudejki od dosegasnata miroljubiva istorija na SAD, posebno ako za reper ja zemame Kuba i kako tamu se postavija, ne ocekuvam nisto civilizirano od SAD po toa prasanje i rabotata ke se tera do kraj pa makar i da letale nuklearki. Vprocem zosto bi ocekuvale Rusija da postapi poinaki od toa kako se imase postaveno SAD koga niv im gorese pred dvorot.
Dodadija tuka i Kina vo ravenkata koja e daleku pomokjna ekonomski i voeno od pred 30 godini i ne se plasi da go demonstrira toa ni na SAD ni na nejzinite sojuznici.
Za kraj zal mi e sto ova nikako ne vi vleguva vo svetogledot no ako ne sakate nuklearna zima togas vreme e SAD da se pomiri so realnosta deka nejzinoto vreme na apsolutna dominacija vrz svetot zavrsi. Toa e edinstvenoto resenie da se smiri situacijata.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.388
Една од грешките на санкциите врз Русија е фактот што им забранија на Русите да купуваат во Европа. Мислам дека и блокирањето на олигарсите е грешка.

Огромни количини на пари ќе се заминеа од Русија досега, заедно со голем број на талентирани луѓе.
Конечно нешто паметно од твоја страна, санкции како санкции секако треба да ги има, висока технологија и сл., ама приватни фирми да напуштаат позиции е најголемата глупост, Мекдоналс стана Баба Вања и сега сите парички ќе ги лапа некој руски олигарх.
Долгорочно ми се чини сакнциите се добро орудие.
Џабе ти се сите долари на светов ако не можеш да ги потрошиш. Тамам си е се.
А за таленти... Тоа е...
Долгорочно санкциите само ќе ја ојачаат Русија, ќе мора да си произведе тоа што и треба,
и да, не и требаат долари оти ќе почнат да купуваат во Рубљи.

И јас на почетокот мислев дека биле глупави што не ги средиле тие 300 милијарди што им ги замрзнаа, ама не било баш така, не можат да ги користат за тековни трошоци, што може да е проблем ако не прават нова милијарда дневно,
можат да ги користат за плаќање на нивните долгови, исплаќање на дивиденди и сл. должат 400 милијарди и замрзнале 300 милијарди што значи и таму се во плус.

Дарданија и таквите како него мислат дека само ќе се пренаменат тие 300 милијарди за Украина и готова работа, а уствари тоа нема да бидат руски пари туку западни пари.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Само недвижнини? Може ли Рус да дојде и да купи волфрам? Чипови?

Затоа те прашав, како го замишљаш тоа - Би им дозволил да купуваат.
Недвижнини, за да се забрза иселувањето од Русија и изнесувањето на пари на корумпираната бирократија.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Недвижнини, за да се забрза иселувањето од Русија и изнесувањето на пари на корумпираната бирократија.
Доста бе лупеташ, имај милост. Прекини, не биди тенеке. Врска нема со централата ова што го зборуваш, глупост по глупост.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Ама овде имаме иста ситуација. Типична прокси-војна, која обично завршува како ноќна мора за секоја голема сила која ќе заглави во неа.
Имаме доста примери во модерната историја на нуклеарни суперсили, кои заглавуваат во прокси-војна со ненуклеарни држави. Никогаш такви прокси-војни не ескалирале до степен да се употребува нуклеарно оружје. Без разлика што се случувало државата што ја има таа опција да претрпе тежок пораз.
Ако овде се помине таа граница, никој не знае што понатаму. Влогот е поголем од се што човечката цивилизација го искусила до сега.

Не е закана додека Русија го има најголемиот/втор најголем nuclear deterrent на светот. Дури Русија и да остане без војска, напад на нејзина територија, ќе има само еден резултат. Тоа го знаат во Киев, го знаат во Вашингтон, го знаат во Брисел и го знаат во Москва. Не верувам дека некој политички лидер на Запад ќе легитимира напад на руска територија, зборам отворена инвазија, не диверзантски операции, од некоја нато војска или војска на нато сојузник, затоа што го знаат исходот. Ако Украина со целото западно оружје се одлучи на такво нешто и без поддршка од нивните спонзори, тогаш fair game, нивната држава ќе стане кратер и никој нема да биде изненаден ради тоа. Тоа е привилегијата што ја дава нуклеарното оружје. Привилегијата, да ги водиш конфликтите од кои зависат твоите стратешки интереси, надвор од твојата територија.
Русија секако ќе добие армија наоружана со западно оружје на своја граница. Има некој што сериозно очекува дека целата украинска армија ќе биде трајно збришана? Таа опција ја изгубија откако пропадна првичниот обид за брзо завршување на оваа операција, односно после првите три дена. Затоа го повторувам истото цело време, Русија нема како да ја добие војнава. Тоа што сакаа да го спречат, веќе се случи. Сосед со армија наоружана со тони западно оружје, со континуирана поддршка и население кое ќе ги мрази во следните 50 години. Сега се што останува како опција е менаџирање на последиците.
Русија никогаш, од оваа фаза па натаму, нема да обезбеди сосед со доцилно население, кое нема да биде безбедносен проблем за нив.
Мислам дека луѓе имаат проблем да го прифатат тоа, па затоа прават некакви имагинарни сценарија на украински крах и понизно враќање на Украина во прегратките на мајка Русија.

За помошта од Западот, тоа беше цената што Путин требаше да биде свесен дека ќе ја плати. Заедно со санкциите без преседан. Без разлика дали прокси-војната е на 100 км или на 8000 км од својата граница, математиката во секоја прокси-војна е иста. Природата на тие војни е иста. Можеби затоа треба да се маневрира без влегување во таква по секоја цена, место да играш на картата дека стратешкиот противник ќе се уцвика.
Плус, ова воошто не е преседан. Пример, Советите го вооружуваа Северен Виетнам посериозно од тоа што сега САД го прави во Украина. Тоа беше војна што заврши со национално понижување на Америка, а во 60тите изгледаше како да ја губат Студената војна, не само во Азија и Африка, туку и во својот двор, во Латинска Америка. Па пак, употреба на нуклеарно оружје е граница што никој не ја поминал.
Разбирам дека не се споредливи ситуациите, ни знаеме како САД би реагирал, ако ова се случува во Мексико. Ама тоа е зошто самата помисла ни е неверојатна. Русија е во залезот на својата глобална моќ, не е споредлива со САД, споредлива е со поранешните европски колонијални империи. Потезите носат различна тежина во таква ситуација. Не можеш да ја бараш почитта на суперсила, ако ги немаш мускулите на суперсила. Кина го толерира Тајван, наоружан со западно оружје, практично на својот брег. Претрпеа понижувачко повлекување во 1995 година, кога Американците им паркираа носачи во теснецот.

Не ја потценува никој сериозноста на ситуацијата. Ситуацијата е критична, како и да заврши ова. Влагаме во нов гео-политички поредок, кој е непозната територија за сите. Ни можам да му забранам на Путин на даде наредба за употреба на нуклеарки, тоа е реална опција за жал. Ја повеќе мислам дека се потценуваат последиците што таков чекор ќе ги донесе. Луѓето имаат малку апстрактно, филмско поимање на што тоа значи. Тоа може да биде прв чекор, во серија на ескалации, кои значи крај и на Русија и на сите останати. Знаеме ли како Нато ќе реагира, како ќе реагираат Европјаните кога ќе почне радиоактивен облак да се шири на пола континент, кога ќе искочат слики од масовното уништување. Какво нуклеарно оружје, тактичко? Врз кои мети? Што ако Украинците продолжат да се борат?
Види, Путин ќе го каже тоа што треба да го каже за да обезбеди поддршка и легитимитет за операцијата. Он индиректно ја оспори и украинската нација и побара Нато да се врати на границите од 1995 година. Не може опциите за неговите следни чекори, да ги толкуваме кроз неговите зборови. Барем се надевам дека е така. Дека е уште со здрав разум, не е без exit strategy и влогот на војнава не е нашата колективна егзистенција.
Многу премиси кои се погрешни у старт ради што и влечеш генерално погрешни заклучоци и анализи.
- типична прокси војна, не е, не е ни војна, не е ни прокси (за Русија) а најмалку типична.
-не ескалирале до нуклеарка при пораз досега, да, јер егзистенвијата на сад не била загрозена јер губат од земјоделци и овчари на 10000 милји од нив. Русија се бори против 30те најмоќни земји у Свет, од кои 3 се нуклеарни сили, на своја граница. За Русија и те како е егзистенцијална закана, каква што не сме виделе досега врз нуклеарна сила, затоа и нема да е чудно да реагира како што не сме виделе досега, а воедно Путин јавно го кажа тоа, а човекот не е познат по лаење и неисполнување.
- западни политички лидери, да, нема што да не веруваш, веќе е познато дека британци и амери ја буткале Украина во напад на Донбас и Крим.
-украинската армија збришана, зависи што гледаш како збришана. Дека нема да постои ниеден војник никој не верува. Ама дека ќе биде 90% послаба него ли на 24.02, ќе биде. У опрема се близу тој процент затоа постојано бараар циганат за оружје. Војска профи исто снемуе па регрутираат се што мрда. Така да у поглед на ефектива, може да се каже дека ќе биде збришана, барем во делот кај што Русија ќе ослободи.
-Русија нема како да ја изгуби мировната мисија, со самото тоа што спречија напад врз себе и на своја територија и наместо тоа контролираат територијата од 130000км2 во Украина, од каде тешко ќе си отидат, веќе се победници, сега е само каматата за Украина во однос на територика, а за остатокот од западот по економија.
-Русија на залезот на својата моќ? Ако ова што го прави Русија е залез, да диктираш светска сцена против најмоќната империја у историја, 30 најмоќни држави а ти сам да ти се тресат, да чуствуваат епски последици по себе, да го губат влијанието во остатокот од 6.7 миљарди население у Свет, ок, секој би посакал да е у таков "залез". Реалноста е дека Русија, Кина, Индија се во успон и тоа тек на стартот. Провокацијата на нато во Украина, на Аукус во Тајван и пучот у Пакистан ти се она инфлангранти доказ кој е во залез - нато и западот.
- Exit strategy има Путин, ја повтори неколку пати, остварување на целите макар траело со векови или бришење на човештвото доколку биде загрозен конечниот исход поволен за Русија. Појасна позиција неможе да има. Денес и Шолц потврди дека немало ни милиметар поместувања во намерите на Путин. Излез бараат западњаците, што го потврди Макрон кој го советувал Зеленски да направи отстапки. Ама беше пренесено демек го барал тоа за да избели образ Путин :lolzz:.

Русија никогаш не планирала да биде кратка екскурзија, што не значи дека не би сакале или прифатиле доколку капитулираа у први 3 дена украинците, но свесни биле дека влагаат во конфликт со нато, не со Украина. Неа ја победија у први 48 часа. Се понатаму е судир со нато. Во кој да не заборавиме дека русија се бори со де факто само малиот прст од левата рака.

И добро е што е така јер значи задоволни се со напредокот и не се чувствуваат егзистенцијално загрозени, туку дека се им оди по планот. Лошо би било кога нема да е така, тогаш exit strategy за сите ќе ни биде преку Св. Петар .
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Видете го Рамбо како е застанат. Ова не е возможно повеќе. :D

Мене ми седи како да вежбал.
Автоматски споено мислење:

Недвижнини, за да се забрза иселувањето од Русија и изнесувањето на пари на корумпираната бирократија.
Да, ред чекаат да се исселат. Тој уствари заглавениот конвој беше на луѓе што чекаат да се исселат од Русија.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
:D овај е цар, шо на ум то на друм ...
Да си знаете дека тоа што го кажувам за украинската армија е блиску до вистината, затоа што веќе години е обучувана по НАТО стандарди.

Воедно Белорускиот батаљон што се бори на украинска страна е се поголем.

Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.425
Поени од реакции
24.600
Какво вето од Ердо или друг не си играјте бајрам со паметот. Ко попче амин ќе каже, пробува да извлече некоја корист.
turcija ne e germanija.

taka bese i za c400kite pa eve gi imaat...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Руските буџетски трошоци се зголемија за 25% во 2022 година

Помеѓу јануари и април, трошоците пораснале за речиси една четвртина во споредба со истиот период минатата година. Според (https://www.interfax.ru/business/840628) Мишустин, големината на фискалниот стимул во 2022 година ќе надмине 8 трилиони рубли.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom