Dosega nemalo takov presedan zatoa sto koga se pravele presedani obicno se izbegnuvale drzavi koi vo svojot arsenal imale nuklearno oruzje inaku radi geopoliticki interesi redovno se napagjani, okupirani megjunarodno priznati drzavi i toa pretezno od SAD i nivnite marioneti.
Severna Koreja e dobar primer zosto seuste postoi kako takva. Uste poubav primer bi bile Folklandskata vojna ako Velika Britanija ne ja dobiela vojnata so Argentina. Mislis deka ako situacijata bi se razvivala vo druga nasoka Britancite ke se vozdrzeja i ke receja ok ferski izgubivme, navi gi Folklandite i ebete si majkata.
Ама овде имаме иста ситуација. Типична прокси-војна, која обично завршува како ноќна мора за секоја голема сила која ќе заглави во неа.
Имаме доста примери во модерната историја на нуклеарни суперсили, кои заглавуваат во прокси-војна со ненуклеарни држави. Никогаш такви прокси-војни не ескалирале до степен да се употребува нуклеарно оружје. Без разлика што се случувало државата што ја има таа опција да претрпе тежок пораз.
Ако овде се помине таа граница, никој не знае што понатаму. Влогот е поголем од се што човечката цивилизација го искусила до сега.
Не знам колку може Русија да си дозволи пораз во оваа војна одма на својата граница. Пораз за Русија тука значи дека нивната војска е целосно разбиена а Украина е вооружена до заби со западни оружја. Не е тоа закана за Белгород, Курск, Воронеж па и други руски градови?
Не е ова војна позади седум реки и седум планини. Секој ден стрелаат накај Белгород, руски села се гаѓани со артлилерија а диверзантски групи ја уништуваат пругата. Ова е на 500 километри од Москва. Треба Русите да чекаат Америте да им дадат ракети со среден дострел и да паѓаат во предградија на Москва?
САД сега ќе усвои воена помош за Украина од 40 милијарди долари. Заедно со тоа претходно што им доставија износот е околу 50 милијарди долари или поголем од годишниот воен буџет на многу европски држави. Германскиот воен буџет е околу 50 милијарди. А тука не е вкаклкулирана помошта што доаѓа од другите земји која е исто значителна. Така да за Русија тука остануваат две сценарија, или да победи на терен или со мировен договор или да добие страшно силна и вооружена натовска армија на своите граници. Со овие пари којзнае какво све не оружје ќе им дадат.
Не знам зашто се потценува сериозноста на ситуацијата. Па тоа испаѓа како Мексико да го победи САД со руско оружје и САД да се повлече и да дозволи овие да му бидат на границите. Ја од америте во такво сценарио би очекувал да го направат Мексико воден канал помеѓу Атлантикот и Пацификот си нуклеарки.
За Русија не верувам дека нуклеарната опција ќе биде искористена зошто имаат многу други опции на располагање. Ама мислам дека во најлошто сценарио за нив нема да дозволат пораз по никоја, зашто како што нагласи неколку пати и самиот Путин дека ова е борба за опстанокот на Русија и Рускиот народ. Не го кажува тоа напразно.
Не е закана додека Русија го има најголемиот/втор најголем nuclear deterrent на светот. Дури Русија и да остане без војска, напад на нејзина територија, ќе има само еден резултат. Тоа го знаат во Киев, го знаат во Вашингтон, го знаат во Брисел и го знаат во Москва. Не верувам дека некој политички лидер на Запад ќе легитимира напад на руска територија, зборам отворена инвазија, не диверзантски операции, од некоја нато војска или војска на нато сојузник, затоа што го знаат исходот. Ако Украина со целото западно оружје се одлучи на такво нешто и без поддршка од нивните спонзори, тогаш fair game, нивната држава ќе стане кратер и никој нема да биде изненаден ради тоа. Тоа е привилегијата што ја дава нуклеарното оружје. Привилегијата, да ги водиш конфликтите од кои зависат твоите стратешки интереси, надвор од твојата територија.
Русија секако ќе добие армија наоружана со западно оружје на своја граница. Има некој што сериозно очекува дека целата украинска армија ќе биде трајно збришана? Таа опција ја изгубија откако пропадна првичниот обид за брзо завршување на оваа операција, односно после првите три дена. Затоа го повторувам истото цело време, Русија нема како да ја добие војнава. Тоа што сакаа да го спречат, веќе се случи. Сосед со армија наоружана со тони западно оружје, со континуирана поддршка и население кое ќе ги мрази во следните 50 години. Сега се што останува како опција е менаџирање на последиците.
Русија никогаш, од оваа фаза па натаму, нема да обезбеди сосед со доцилно население, кое нема да биде безбедносен проблем за нив.
Мислам дека луѓе имаат проблем да го прифатат тоа, па затоа прават некакви имагинарни сценарија на украински крах и понизно враќање на Украина во прегратките на мајка Русија.
За помошта од Западот, тоа беше цената што Путин требаше да биде свесен дека ќе ја плати. Заедно со санкциите без преседан. Без разлика дали прокси-војната е на 100 км или на 8000 км од својата граница, математиката во секоја прокси-војна е иста. Природата на тие војни е иста. Можеби затоа треба да се маневрира без влегување во таква по секоја цена, место да играш на картата дека стратешкиот противник ќе се уцвика.
Плус, ова воошто не е преседан. Пример, Советите го вооружуваа Северен Виетнам посериозно од тоа што сега САД го прави во Украина. Тоа беше војна што заврши со национално понижување на Америка, а во 60тите изгледаше како да ја губат Студената војна, не само во Азија и Африка, туку и во својот двор, во Латинска Америка. Па пак, употреба на нуклеарно оружје е граница што никој не ја поминал.
Разбирам дека не се споредливи ситуациите, ни знаеме како САД би реагирал, ако ова се случува во Мексико. Ама тоа е зошто самата помисла ни е неверојатна. Русија е во залезот на својата глобална моќ, не е споредлива со САД, споредлива е со поранешните европски колонијални империи. Потезите носат различна тежина во таква ситуација. Не можеш да ја бараш почитта на суперсила, ако ги немаш мускулите на суперсила. Кина го толерира Тајван, наоружан со западно оружје, практично на својот брег. Претрпеа понижувачко повлекување во 1995 година, кога Американците им паркираа носачи во теснецот.
Не ја потценува никој сериозноста на ситуацијата. Ситуацијата е критична, како и да заврши ова. Влагаме во нов гео-политички поредок, кој е непозната територија за сите. Ни можам да му забранам на Путин на даде наредба за употреба на нуклеарки, тоа е реална опција за жал. Ја повеќе мислам дека се потценуваат последиците што таков чекор ќе ги донесе. Луѓето имаат малку апстрактно, филмско поимање на што тоа значи. Тоа може да биде прв чекор, во серија на ескалации, кои значи крај и на Русија и на сите останати. Знаеме ли како Нато ќе реагира, како ќе реагираат Европјаните кога ќе почне радиоактивен облак да се шири на пола континент, кога ќе искочат слики од масовното уништување. Какво нуклеарно оружје, тактичко? Врз кои мети? Што ако Украинците продолжат да се борат?
Види, Путин ќе го каже тоа што треба да го каже за да обезбеди поддршка и легитимитет за операцијата. Он индиректно ја оспори и украинската нација и побара Нато да се врати на границите од 1995 година. Не може опциите за неговите следни чекори, да ги толкуваме кроз неговите зборови. Барем се надевам дека е така. Дека е уште со здрав разум, не е без exit strategy и влогот на војнава не е нашата колективна егзистенција.