Си дадов отказ пред речиси два месеци за март добив колку што изработив, вчера ми стига известување дека сум добил уплата од фирмата од 5000 ден за април. Не бев у Македонија 90% од овие два месеци, ама денес проверив, не сум воопшто одјавен.
Отказ си дадов со препорачано писмо месец дена пред отказ на адреса на фирмата, со известување на мејл. Добив закани за тужби дека било вложено у мене стотици илјади евра а ја сум ги извиси, дека колешката ме контролирал отказ да си дадам и слични дрн дрн глупости од кои смеа ме фати. Која е постапката? Ми кажаа дека инспектор требало да провери дека не сум вработен и да имал копија од отказот, ама како ќе ги натераат да ме одјават?
Дали може некако против мене да го искористи тоа шо исплатил и за април, а не сум работел? Можда е глупост шо воопшто прашувам ама исповрзани се со овие мочковци на власт па ништо не би ме изненадило.