Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?


  • Вкупно гласачи
    110
Дечки до каде сте, привршува ли некој?
Нека почне некој ако прочита, глупо е јас да почнам прв. :D :D
 
И јас ќе ја привршувам деновиве :pipi:
 
Кога ќе имаш прилика да ја прочиташ под задолжително. Најтопла препорака :backa:
Не можев да ја најдам во библиотека, електронски не можев да читам. Уште не си купив kindle. :place:
 
Не можев да ја најдам во библиотека, електронски не можев да читам. Уште не си купив kindle. :place:
Во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ пишува дека имаат 16 примероци, надвор од библиотека. Па побарај ја повторно, кога ќе можеш.

Верувам дека ќе ти се допадне книгата :pipi:
 
Неподносливата леснотија на постоењето- Милан Кундера

Уште во замиот зачеток на приказната може да се вкуси филозофскиот ентитет на книгата, за вечното враќање на Ниче, каде само неколку глави покасно филозофската компонента започнува да се романизира и приказната да се визуелизира низ призмата на Томаш, ама Тереза, Сабина, Франц и кучето Канерин.

На самиот крај проследување извесна самоизолација на Томас, кој е отсечен од своето семејство, и Тереза, која по сплет на случајности ќе стане некоја девојка, а потоа и жена. Го гледаме кршењето на нејзиното срце и тонењето на нејзината душа, кога ноќ по ноќ Томаш ја напушта за нова жена во неговиот живот, која е на раб да го изневери, но сфаќа дека нејзината верност е сржта на нивната врска, па дури се возвраќа од идејата да си го одземе сопствениот живот. Се обидува да го напушти, но повторно му се враќа. Репетироното вечно страдање е врежано за нејзниот лик.

Постепено проследуваме поплочување на приказната, ликовите добиваат своја улога и форма, дух и значење. Го проследуваме нивното раѓање, ментален склоп и мечти. Ова е приказна за два љубовни триаголници, две засебни множества, со еден заеднички елемент: Сабина.

Франц е единствениот идеалист, ја напушта својата сопруга, со цел да биде со Сабина, која во тој миг се решава да стави крај на нивната љубовна авантура. И кога е на крајот на светот, додека умира, умира со мислите за Сабина.

Приказ на патописот за селективно деградирање на интелектуалната каста која им пркоси на комунистичките идеолошки принципи. Каста која треба да доведе до идеолошка и културна преродба, која треба да својот грб да ги постави постулатите на новиот, реформиран општествен прогрес. Тоа се случува со Томаш кој постепено се лизга удолу општествената пирамида, од престижен хирург, па доктор по општа медицина се до мијач на прозорци. Дури и кога добива понуда да ја продаде душата на ѓаволот (режимот), да се прероди, да живее повторно надвор од светот на паранојата, за повлекување на изјавата дадена пред инвазијата, која е видоизменета и секвенцирана, тоа го одбива и го задржува дигнитетот.

На крајот среќата ја пронаоѓа во селската идила, со својата Тереза, која чувствува сѐ освен љубов кон него.

Додека се чита книгата, не може да не се примети коската во грлото на Кундера, за окупацијата и советската чизма над неговата родна Чешка. Горчината е обоена низ страниците и не штеди на критики за ограничената слобода и малаксаноста на духот. Дури и за еуфоризмот на оние кои ги пречекале советските тенкови или за голтотата при борбата на зборови на Александар Дубчек. Прави целосен критички осврт на комунизмот, од култура до идеологија, дури низ очите на Сабина, неговата уметност ја поистоветува со обичен кич.
 
Неподносливата леснотија на живеењето

Многу интересен роман и еден од најдобрите кои ги имам прочитано до сега, но луѓе кои сакаат приказна која тече линеарно најверојатно нема да се сложат со мене. Романот има 4 ликови: Томаш, Тереза, Сабина и Франц. Интересно е што авторот сам пишува во книгата дека ликовите не се реални и не постојат. Тој само ги користи како алатка за да ги прикаже своите идеа и филозофски погледи.

Една од главните теми е леснотијата и тежината на животот. Дали е подобро да се живее со леснотија или тежина?
Да се живее со "тежина" значи да имаш некој мисија во животот, животот да има некое значење, додека леснотијата е да не го сфатиш животот сериозно, живеење од денес за утре што би рекле постарите.
Нема да најдеме точен одговор што е подобро.
Секој лик во романот има своја тежина и леснотија.
За Томаш тежина е работата како хирург и љубовта кон Тереза. За Томаш неговата професија отсекогаш било неговата "мисија" во животот, кога ја губи работата поради притисок од комунистите и работи како мијач на прозори сфаќа колку е лесен животот и без смисла.
Да не пишувам одделно за секој лик сега бидејќи нема поента сега тие што прочитавте знаете.
Да видам која идеа или поента од романот ви беше најинтересна или најмногу размислувавте за неа?

Мене најинтересна идеа која исто така ме замисли е дека живееме еден живот и не можеме да знаеме дали еден избор што сме го направиле е правилен или не, бидејќи не сме живееле друг живот немаме со што да го споредиме. Во тој момент кога сме го направиле изборот бил правилен ваљда?

Исто така КИЧ. Никогаш нема да гледам исто на тој збор од кога го прочитав романот. :) :cool:
 
Лично, најмногу се поврзав со Тереза, нејзиното страдање најтешко се проголтуваше, се врати од работ на неверство, па прошета до работ на смртта поради очајот за љубов и внимание.

Она е продукт на еден апсурд, се поистоветува со својата мајка, пропаѓа во животот како келнерка (мислам на кошмарот на секоја келнерка), го врти погледот на секое неверство, го игнорира мирисот на жените на својот маж и ја следи љубовта на својот живот надвор од цивилизацијата. До последната страница го следиме ронењето на нејзината душа.

Мислам дека е фер сите да циркулираат со предлози на темава. Со оглед на тоа дека рецензирав прв, јас треба да предложам книга за наредниот месец, но таа привилегија и ја отстапувам на @Darklady . И со оглед на стажот на оваа тема @Violetova ќе предложи книга за месец јули, а @Aceso за месец август. Гледајте тоа да биде лесно достапна книга, не многу обемна, пожелно е да не биде лектира и да не ви е читана. :noze:
 
Неподносливата леснотија на постоењето - Милан Кундера

„Мислата за вечното враќање е најтежок товар“- Ниче

Дали тежината е навистина страшна, а леснотијата прекрасна? Дали најтешкиот товар е воедно и слика за најинтензивно исполнет живот. И колку што товарот е потежок, толку е пореален и повистинит?
А апсолутното отсуство од товар?
И што да се избере? Тежината или леснотијата?

Токму тоа се двете главни поенти во романов, тежината и леснотијата.
Константно споредување на светлина и темнина, нежност и грубост, топлина и студенила, постоење и непостоење, душа и тело, приватно и јавно, случајност и судбина, разбирлива лага и неразбирлива вистина.

Томаш и Сабина во константната потрага за моменталното задоволство, слободни во целост, ја прикажуваат леснотијата. А наспроти леснотијата ги имаме Тереза и Франц, врзани за тешкотијата.

Прекрасен сплет на филозофија (преку референците на Ниче и Парменид) и социологија, односите помеѓу луѓето од различни друштвени класи, се заедно испреплетени со политичкото опкружување.

Дејството започнува во Прага 1968 година со Томаш, млад хирург, кој живее лесен живот, неоптеретен од љубовни и семејсни врски. Се до моментот кога случајно Тереза влегува во неговиот живот. (дури 6 случајности:icon_mrgr:). И започнува да прави се она, што до тогаш не правел. Тереза не го потсетува на никого од дотогашниот негов живот. Таа не е ни љубовница, нити сопруга. Туку ја чувствува како дете што го извлекол од кошница и ја сместил на својата постела. Распнат и несвесен дали е тоа хистерија или е љубов. Зошто заради Тереза дејствува спротивно на неговите принципи? Дали љубовта може да се роди од една метафора?
Тој чувствува страв од жените. Копнее за нив, но се плаши од нив, па си создава компромис помеѓу стравот и копнежот, едно „еротско пријателство“. Цврсто е уверен дека единствено несентиментален однос, може да им донесе среќа на двете страни. Единствено со Тереза не му е целта на љубовниот чин како телесно уживање, туку му е важен сонот што следува после него.
Во исто време се запознаваме и со Сабина, неговата пријателка, сликарка.
Тереза - (ми одеше на нерви цело време:icon_mrgr:), го носи печатот на тежината константно. Растена покрај посесивна мајка која ја обвинува Тереза за нејзиниот несреќен живот. Таа верува дека е продолжение на нејзината мајка, во себе си го гледа мајчиниот гест, див и самоуништувачки. Во моментите на слобост се чувствува како Дубчек, понижена и исцрпена, а таа како нејзината држава, која пелтечи, се бори за здив и не може да проговори.
Сепак, токму слабиот мора да знае да биде силен, да замине, кога силниот е премногу слаб за да може да го повреди послабиот.
Непрестано ја мачи поделбата на душа и тело, затоа што мисли дека телото ја спречува и не е задоволна со него, а всушност таа не успева да изгради свој сопствен идентитет, заради доминацијата на мајката и живеењето во нејзина сенка.

Сабина е олицетворение и симбол на леснотијата. Преку нејзе е прикажан и бунтот против режимот, прикажана како екстремен лик на побуна и слободен дух. Таа е единствениот преживеан главен лик таа во целост се одлучува да живее во знакот на леснотијата. Според Сабина, Томаш и Тереза умираат умираат во знакот на тежината, а таа сонува да биде запалена и со расфрлена пепел во леснотија.
Кундера преку градењето на своите ликови, сам ги испитува нивните состојби, прецизно забележува и скептично ги коментира.

Самиот роман, не ја испитува стварноста, туку постоењето. Ако постоењето не е она што се случило, постоењето е полето на човечките можности, се она што човекот може да биде, се она на што е способен.

П.С. Кичот е само мост помеѓу постоењето и заборавот.
 
Книга за месец јуни ќе биде:

„Читачот“ од Бернхард Шлинк

Бердхард Шлинк е германски книжевник, роден 1944 година. Денес важи за еден од најдобрите современи европски книжевни раскажувачи.
Неговиот роман „Читачот“ е преведен на 50 јазици, прогласуван за книга на годината и наградуван со повеќе меѓународни награди. Во 2008 година е екранизиран.
И токму филмската верзија беше главната причина, зошто ја избрав оваа книга за месец јуни.
Не станува збор за само една љубовна приказна, туку совршено се прикажува една тажна, крајно емотивна, слоевита и доста комплексна животна приказна, за човечката природа. На што се се спремни луѓето да направат, само за да го прикријат она од кое се срамат.
Опишан како моќна, филозофски елегантна и морално комплексна книга.

Со романот Читачот започна популарната едиција на ИЛИ-ИЛИ „ПРОаЗА“.
Чини 299 денари или во најблиските библиотеки.

Се надевам ќе уживате:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom