- Член од
- 9 февруари 2016
- Мислења
- 1.463
- Поени од реакции
- 3.601
И јас се чудев зашто други ги мразат, дури немав јас проблем. Пред некое време купувам машинка и ја пуштам, ама нејќе да шиша, се кочи. Одам одма назад и имаа гужва некоја, му викам на вработениот купив машинка пред 15 минути не шиша, запира. Ми вика чекај малку еве го шефот ќе види он. И чекам едно 20 минути и тој ми вика отсечно не може враќање. Како бе човек не може, купувам продукт,не ја врши својата функција? Ми вика така нема и се мурти. Го гледам и не ми се верува. Викам добро ќе пријавам во инспекција. Прај што сакаш, ми вика. И седам јас пак, викам париве во канта ги фрлив, не може ова вака, тој фаци прај, вика користена. Користена, ама не е, викам, еве ја брадава цела. Не знам како уште бев културен, веројатно не ми се веруваше што се случува. Јас не си одам и вработениот конечно ми вика ќе ја пратиме на сервис, ќе чекаш некое време дали ќе одобрат да се врати. Абе брат сега ја купив, ама јебига, ајде викам пиши таму и пратија. И чекам пишува таму, ми вика шефот може замена за иста. Викам не сакам иста сигурно цела серија се такви, ќе си доплатам ќе земам поскапа. Не може ми вика, вака или никако. Пробувам да го убедам, не тоа е, ова е лупхол. Ај викам сигурно нема да прави сторна и прифаќам, знам дека ќе биде исти кур, ама ќе збеснам ако се расправам. Кога ми вика сторна да направи да му ја дадам старата сметка и да пушти пријава до сервис. Добро викам кога веќе се прави сторна, дај да доплатам ќе ја земам оваа поскапата. Не може ми вика само вака и ова ти е услуга. Му објаснувам дека е исто кога прави веќе сторна и издава нова, барем да бидам задоволен. Нејќеше, ја земав новата иста таква,ни сече ни Бога моли. До душа малку подобра од претходната, ама исти кур, пак не е како што треба. Сега имам машинка што ако ставам чешел скубе и прекинува и тоа на брада, не дај боже на коса да ја ставам. Работи ама како да не работи, како да купам кола и да нејќе да крене над 30, за кур ми е таква.Им однесов дел со 5 год гаранција кој се распипа после 4 години и 8 месеци , за месец дена ми да дадоа нов со исто толку гаранција.
Оти волку хејт.
Може треба да пробам да ја вратам и оваа, ама пак ќе се прават будали и ќе поебам уште пари на паркинзи и гориво, а најверојатно нема да завршам работа. Што е најтрагично за пола маало имам составувано компјутери од кај нив. Толку од мене, веќе не стапнувам во нивна продавница. Не било џабе што сите се жалат. Другар исто го ашкле по 100 пати наваму натаму и на крај кренал раце. Гнасна фирма, не сум имал толку лошо искуство со никого.
Ти си имал среќа и гаранцијата најверојатно ти ја продолжиле од фирмата увозник/сервис на продуктот.