Gjirafa50.mk (официјална тема)

Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.463
Поени од реакции
3.601
Им однесов дел со 5 год гаранција кој се распипа после 4 години и 8 месеци , за месец дена ми да дадоа нов со исто толку гаранција. :toe:

Оти волку хејт.
И јас се чудев зашто други ги мразат, дури немав јас проблем. Пред некое време купувам машинка и ја пуштам, ама нејќе да шиша, се кочи. Одам одма назад и имаа гужва некоја, му викам на вработениот купив машинка пред 15 минути не шиша, запира. Ми вика чекај малку еве го шефот ќе види он. И чекам едно 20 минути и тој ми вика отсечно не може враќање. Како бе човек не може, купувам продукт,не ја врши својата функција? Ми вика така нема и се мурти. Го гледам и не ми се верува. Викам добро ќе пријавам во инспекција. Прај што сакаш, ми вика. И седам јас пак, викам париве во канта ги фрлив, не може ова вака, тој фаци прај, вика користена. Користена, ама не е, викам, еве ја брадава цела. Не знам како уште бев културен, веројатно не ми се веруваше што се случува. Јас не си одам и вработениот конечно ми вика ќе ја пратиме на сервис, ќе чекаш некое време дали ќе одобрат да се врати. Абе брат сега ја купив, ама јебига, ајде викам пиши таму и пратија. И чекам пишува таму, ми вика шефот може замена за иста. Викам не сакам иста сигурно цела серија се такви, ќе си доплатам ќе земам поскапа. Не може ми вика, вака или никако. Пробувам да го убедам, не тоа е, ова е лупхол. Ај викам сигурно нема да прави сторна и прифаќам, знам дека ќе биде исти кур, ама ќе збеснам ако се расправам. Кога ми вика сторна да направи да му ја дадам старата сметка и да пушти пријава до сервис. Добро викам кога веќе се прави сторна, дај да доплатам ќе ја земам оваа поскапата. Не може ми вика само вака и ова ти е услуга. Му објаснувам дека е исто кога прави веќе сторна и издава нова, барем да бидам задоволен. Нејќеше, ја земав новата иста таква,ни сече ни Бога моли. До душа малку подобра од претходната, ама исти кур, пак не е како што треба. Сега имам машинка што ако ставам чешел скубе и прекинува и тоа на брада, не дај боже на коса да ја ставам. Работи ама како да не работи, како да купам кола и да нејќе да крене над 30, за кур ми е таква.

Може треба да пробам да ја вратам и оваа, ама пак ќе се прават будали и ќе поебам уште пари на паркинзи и гориво, а најверојатно нема да завршам работа. Што е најтрагично за пола маало имам составувано компјутери од кај нив. Толку од мене, веќе не стапнувам во нивна продавница. Не било џабе што сите се жалат. Другар исто го ашкле по 100 пати наваму натаму и на крај кренал раце. Гнасна фирма, не сум имал толку лошо искуство со никого.

Ти си имал среќа и гаранцијата најверојатно ти ја продолжиле од фирмата увозник/сервис на продуктот.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.757
Поени од реакции
5.032
И јас се чудев зашто други ги мразат, дури немав јас проблем.
Ти се погодиле сплет на срање околности.Ако идеме ептен по правила - производ и дента да го купиш ако не го бива го носиш директно у сервис ,кај нив требало директива у рузвелтова у тој подрумот шо е да си го испитаат производот и нормално трпение да чекаш отпосле,ама сфаќам дека било ептен брзо па си рекол ај да се вратам нема ни пола саат дали ќе испаднат фер оти тоа очекуваш.
Сте се закарале малку ,сте се напнале и ко за инат он може да каже - во гаранција стои ако не го поправиме производот за 30 дена ти даваме ИСТ нов ,НО ако нема од тој во залиха ти даваме сличен.Така стои во повеќето гаранции мислам.Со самото купување веќе си заглавен на тој производ.
Не дека неможел да испадне фер и да направи компромис,него тоа му е работа да менаџира,него има копилиња шо за инат кога им одговара ќе одат по процедури ќе те убедуваат,колку да испадне он во право...

Кај мене беше рам меморија шо после толку време наеднаш цркна-видов дека сум имал уште 4 месеци фора,им ја донесов у сервис - ги немаше 35 дена да се јават ,јас им отидов - ми дадоа лист да подигнам иста нова од гтц(со исто 5 год гаранција) оти не ја опраиле.
 
Луѓе носат патики по неколку дена, не им се свиѓаат и ги враќаат без проблем, а овие за апарат што не работи како што треба ми се курчеа. Јас бев фин, културен не е дека се карав, не ни очекував дека ќе има проблем зашто буквално дојдов дома ја пуштив и се вратив. Прво нешто тој шефот што ми рече беше ааа ништо иди си нема враќање и се сврте на друга страна. Не знаев како да реагирам, се чудев. Да беше друга фирма за ваква ствар ќе завршев за минута и ќе ме услужеа ко што треба.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Купувај ствари кои имаат реален (голем) попуст за да не ти е шубе околу гаранција.

Мислам дека сеуште никој немал искуство со сервиси со нив пошто уште им се нови производите, али не би требало да има проблем. Регистрирани се со фирма тука кај нас, а како бренд (Gjirafa) се доста големи во регионов. Имаат дури и инвестициски фондови/бизнис ангели со енормни суми.

Нарачав логитек слушалки за цена што неможеш да ги најдеш, си дојдоа во оригинална кутија со сите додатоци внатре. А глеам и од други доста задоволни се, знам луѓе што нарачуваа графички и немаа лош збор.
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
1.372
Порачав Homepod mini пред некој ден. За 7000 ден најефтино од сите други места никаков проблем, спакувано, 12 месеци гаранција стандард од Apple.
 
Член од
5 мај 2022
Мислења
2
Поени од реакции
2
си дојдоа во оригинална кутија со сите додатоци внатре
Ова не треба да биде воопшто предмет на дискусија, бидејќи не сумњаме дали се работи за шејди фирма и дали нивните производи се оригинал, секако дека ќе си дојдат во оригинална кутија со сите додатоци.

Може да си дојдат во неоригинална/отворена кутија или користени од сетек или анхоч, не од жирафа.

На ит форум имаше направено повеќе нарачки од по илјадници евра, абе по 6000 евра оставаа на жирафа за графички, дузина купија PS5 за 37к, ве молам не дискутирајте дали производите биле оригинал и дали вредело да се купат слушалки од 500 денари или да се чекало да паднат уште малце до кај 400ки па тогаш да се земат за секој случај ако не се оригинал XDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDdd абе алооооооооооооооооо !!!!!!!!!!!!!!!
 
Шо ти е бе бот? 50% од графичките и одредена ит опрема доаѓа во еко кутии и некои луѓе се скептици околу оригиналноста на производот, затоа пишав така. Башка темата е отворена за прашања од таков тип да добијат одговор, да знаат луѓе што е што, зошто обичен смртник кога ќе го види вебот со термини како овој на сликава:

1640079258494.png

нема да купи или ќе му биде сумљиво. Затоа не се пали, вчера си се регистрирал. Прочитај прво што пишав па после куцај.
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
244
Поени од реакции
349
Дали знае некој зошто прозводите на Gjirafa имаат 1 година гаранција, истиот производ во Сетек има 3 години гаранција.
Дали се користени производи?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom