Живот после смртта

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Е ај да ја "воскреснеме" и темава...

Научниците објасниле зашто мртвите лебдат над своето тело по смртта. Тоа го објаснуваат со промената на Електроенцефалограмот поставен на пациенти пред умирање, кој покажувал електрична активност непосредно пред смртта. Таа активност веруваат дека би можела да биде причина за предсмртните визии кои се случуваат во свеста на болниот (кој е пред умирање).

Колку е точно ова не можам да кажам, но сепак знам за многу искуства поврзани со гледање мртви луѓе и некакви визии на луѓето кои се на смртната постела. Гледаат починати роднини, предци, познати личности од нивниот живот кои пповеќе не сеживи, и по кратко време починуваат.

Електроенцефалограм тој мерен инструмент е заебана работа :icon_lol:.

--- надополнето ---

Е тоа не знам :). Еднаш читав дека (демек) за да утврдат дали по смртта искача нешто од човековото тело, било вршено мерење на мртовецот веднаш по смртта и додека бил жив (ваљда ден-два пред да умре). Резултатот бил - 7 гр. во тежината по смртта, и како заклучок извезе дека душата тежела 7 грама :).
Јас мислам дека се чисти глупости, но кој знае... :)
Чисти глупости се....
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Koga veke nema vecna mladost vecno zdravje i vecen zivot togas sto ostanuva osven nadez za zivot po smrtta. No ima nekolku problemi.Prvo zosto na nikoj koj eventualno moze da ne prenese od dupkata kaj sto ke ne zakopaat kon podobriot svet sega ne mu e gajle za nas?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Животот е клуч за вратите на рајот.

Вака го кажав малку уметнички, ама моето толкување е дека делата кои ги правиме во животот, секој миг, размислување, донесување одлуки влијае на тоа каква енергија ке пренесеме во другиот свет.
Животот ни е тест за влез во рајот.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.427
Поени од реакции
11.339

да бе многу читаш книги :) имам и јас читано за тоа дека земскиот живот е само за да се одреди каде би оделе, во рајот или пеколот.... бла бла бла никој не се вратил да каже нешто за послем смрта така да можеме само да нагаѓаме .
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Ne e bitno vo sto veruvas, no sto ima loso vo toa da veruvas vo toa, da treba da pravis dobri raboti ako sakas da ti bide so dobrina vozvrateno, generalno, za se, ne samo za taa nagrada vo drugiot svet, za koja nekoi od lugeto mislat deka postoi. Еве исклучи го тоа како опција.
Ако ти веруваш во доброто и правиш такви дела, ако јас верувам во доброто и правам такви дела, ако ние веруваме во доброто и правиме такви дела, тогаш верувај дека светот ке биде многу подобро место за живеење, бидејки во некои случаи доволно е еден човек, за да се промени нешто на подобро, но кога тоа го прави целиот народ, подоброто е загарантирано, нема сомнеж дека тоа ке се случи.
Значи во крајна смисла, и Господ да не постои, божјите заповеди и она што библијата не учи, немаат ништо лошо или погубно за човештвото, па зашто да не се водиме според нив?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
да бе многу читаш книги :) имам и јас читано за тоа дека земскиот живот е само за да се одреди каде би оделе, во рајот или пеколот.... бла бла бла никој не се вратил да каже нешто за послем смрта така да можеме само да нагаѓаме .
Хахах а зошто би се враќал ?
Ако бил у пекол мислиш ќе го пуштат назад ?
Или ако си у рајот мислиш дека ќе си толкава будала да се враќаш ?
Ова само колку да го доловам апсурдот у твојата констатација.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.427
Поени од реакции
11.339
Хахах а зошто би се враќал ?
Ако бил у пекол мислиш ќе го пуштат назад ?
Или ако си у рајот мислиш дека ќе си толкава будала да се враќаш ?
Ова само колку да го доловам апсурдот у твојата констатација.
абе ок е разбирам што сакаш да ми кажеш само сакав да ти го доловам тоа дека никој неможе да тврди дека има нешто послем смрта кога не се вратил никој да каже...а зашто бе да неможе да се врати па што е со ѓаволите,ангелите ти текнува?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.970
Поени од реакции
83.303
Е ај да ја "воскреснеме" и темава...

Научниците објасниле зашто мртвите лебдат над своето тело по смртта. Тоа го објаснуваат со промената на Електроенцефалограмот поставен на пациенти пред умирање, кој покажувал електрична активност непосредно пред смртта. Таа активност веруваат дека би можела да биде причина за предсмртните визии кои се случуваат во свеста на болниот (кој е пред умирање).
Дали тој енфецелограмт објаснуе како на пример тие шо лебделе знаат што има горе врз високата полица во операционата сала* и како знаат тие околу нив шо праеле, збореле, кој влегол, кој излегол од салата...за тоа време?

* или пак знаат за изгледот на места кои можат да се видат само од таа перспектива (плафонска)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Koga veke nema vecna mladost vecno zdravje i vecen zivot togas sto ostanuva osven nadez za zivot po smrtta. No ima nekolku problemi.Prvo zosto na nikoj koj eventualno moze da ne prenese od dupkata kaj sto ke ne zakopaat kon podobriot svet sega ne mu e gajle za nas?
Ако се разреши мистеријата дали има живот пред смртта, прашањето дали има живот после ќе изгуби на значење.
Тука се религиите да ловат во матно...
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.923
Поени од реакции
12.484
Ако се разреши мистеријата дали има живот пред смртта, прашањето дали има живот после ќе изгуби на значење.
Тука се религиите да ловат во матно...
Што ако ова што го нарекуваме живот е всушност смрт, што ако сме во некој круг од чистилиштето на данте, што ако сето ова е само сон...како муабетот од Матрикс: што ако сонуваш сон кој е страшно реален, се идентификуваш со него(како што е и вообичаено), и никогаш не се разбудиш од тој сон...од каде ќе ја знаеме разликата помежу сонот и јавето :)
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Дали тој енфецелограмт објаснуе како на пример тие шо лебделе знаат што има горе врз високата полица во операционата сала* и како знаат тие околу нив шо праеле, збореле, кој влегол, кој излегол од салата...за тоа време?

* или пак знаат за изгледот на места кои можат да се видат само од таа перспектива (плафонска)
Ќе треба да го пробаме опитот на Др. Хаус у 3-та или 4-та сезона коа со виљушка брцна у штекер и кажа дека почуствувал прекрасно чуство со кажување дека "таму горе има некој" :).
 
Член од
26 октомври 2010
Мислења
90
Поени од реакции
4
Ќе треба да го пробаме опитот на Др. Хаус у 3-та или 4-та сезона коа со виљушка брцна у штекер и кажа дека почуствувал прекрасно чуство со кажување дека "таму горе има некој" :).
Ја замлце ке сум го копирал потегот на 6 години ама мама не ми дала.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Што ако ова што го нарекуваме живот е всушност смрт, што ако сме во некој круг од чистилиштето на данте, што ако сето ова е само сон...како муабетот од Матрикс: што ако сонуваш сон кој е страшно реален, се идентификуваш со него(како што е и вообичаено), и никогаш не се разбудиш од тој сон...од каде ќе ја знаеме разликата помежу сонот и јавето :)
Смртта е престанок на проектирање на нашиот дел од холограмот,дефиниран како таков.
Сите сме дел од големиот холограм,проекција со зададени физички,био-хемиски параметри,но тоа сознание не ја намалува вредноста на искуството кое како ваква физичка инкарнација добиваме шанса да го живееме.

Death is for pussies...:vozbud:
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.923
Поени од реакции
12.484
Ќе треба да го пробаме опитот на Др. Хаус у 3-та или 4-та сезона коа со виљушка брцна у штекер и кажа дека почуствувал прекрасно чуство со кажување дека "таму горе има некој" :).
Јас за малку ќе сум почувствувал кога сум имал 2-3 години, барем така ми кажуваат, само сум направил грешка...наместо шајка или било што без изолација сум употребил штравцигер, пукнал штекерот ама јас сум останал без мистично искуство...тужно :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom