Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
Како би хо дпоредиле Торони и Неа Пори?
Како што го опишувате Торони премногу пензионерски ми изгледа.

Важно ми е да има ресторанчиња во околина, да има кај да се прошета, и да има песочни плажи. Да не биде монотоно


Sent from my iPhone using Tapatalk
Погледни неколку видеа од Сарти и блиска околина. Одлична препорака ти даде @STEALTH потполно се согласувам со се што ти кажа. И од мене топла препорака за Сарти. :)
ПС Јас сум староседелец таму.

Град

Orange Beach -на околу 5км од Сарти

Klimataria Beach -на околу 10км од Сарти

Mega Portokali -на околу 6км од Сарти

Pigadaki Beach - на околу 10км од Сарти -за најдобрата риба на цела источна обала на Ситонија (во 5 steps in the Sand)

И многу, многу други прекрасни плажи.

Каде и да скршнеш од патот во околина, нема да погрешиш, на секое ќоше те чека море со тиркизна боја и плажа со ситен песок.
Конкретно за Сарти. Во ново Сарти на градска плажа е релативно мирно, без бранови и ветер. Во старо Сарти на градска плажа, да знае да дува ветер и да има бранови.
Тоа е градче кое има дух, ќе се заљубиш на прв поглед. :)

Но секако, вкусови се во прашање. Како велат, за вкусови не се расправа.
 
Последно уредено:
3 пати имам одено за Сарти, врие од фамилии со деца и бебиња и не се сеќавам дека дуваше да носи чадори низ плажа.
Ако таму дува толку страшно - тогаш воопшто да не фаќаме подолу од Волос по островите.
Сарти има некои гадни струи во подлабокото, ама на дете од 1 година му треба само малку вода, песок и сенка.

Торони е како Долно Дупени во споредба со Сарти, зборам за дестинација за летен одмор, да се сместиш со жена и дете.
Мислам дека таму не би седел ни на 85 години, импотентен и со штаки.

Константно дува некогаш повеќе некогаш помалку ама дува и е доста непријатно , незнам како ти си погодил да не дува ама Сарти е познат по тоа и јас лично се уверив у тоа, една од дестинациите на кои не би се вратил ми е
Чоекот си бафаше мирно место и добро за деца затоа Торони ми изгледа нај ок, сеа недостатоци сегде има, неможеш да очекуваш мирно место а да има петалиште огромно, продавници и се остало, ако така гледаме Никити и Неос Марнарас се мал париз за Сарти


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Како би хо дпоредиле Торони и Неа Пори?
Како што го опишувате Торони премногу пензионерски ми изгледа.

Важно ми е да има ресторанчиња во околина, да има кај да се прошета, и да има песочни плажи. Да не биде монотоно


Sent from my iPhone using Tapatalk
На втор крак ќе добиеш „тиркизна“ вода, ама мали плажи, и пензионерска атмосфера (барем во овие што ти ги предложуваат). Јас не бев фасциниран ни од плажите, секогаш порадо би одел на островите за некој денар плус (ама за мали деца малтретирањето е големо).

Во Неи Пори ќе добиеш огромна плажа со многу песок и затоа водата брзо се заматува кога влезеш внатре, ама е рамно и на 30 метри од брегот е многу плитко. Имаш ресторани, пицерии, пекари и се што ти треба. Платамона ти е одма до него, го имаш замокот на 10 минути возење.
 
Дали летувал некој на Паксос? Да сподели искуства, цени и дали вреди да се тепа патот (~600км, 10 саати, кола, фериброд, итн.) за 4-5 дена?

Sent from my SM-G930F using Tapatalk

За толку малку - не.
Јас гледав за Паксос и лани и годинава (превоз, сместувања, плажи).

Подобро оди до Тасос или Лефкада за 5 дена. Тасос е релативно блиску и траектот е ептен краток, Лефкада ти е исто одлична опција.
Или евентуално втор крак, сепак е како остров (за разлика од прв).
 
Да прашам да не има одено некој деновиве за Грција и дали е потребен ПЦР тест?
 
Да прашам да не има одено некој деновиве за Грција и дали е потребен ПЦР тест?
Пред 2 недели сертификат за вакцина на граница не ми бараа. Али по угостителски објекти да, не пуштаа без сертификат.
 
Пред 2 недели сертификат за вакцина на граница не ми бараа. Али по угостителски објекти да, не пуштаа без сертификат.

Само за влез и излез ми е искрено, нема повеќе од 3-4 саати да се задржувам, само да знам дали треба ПЦР да вадам или не треба ништо.
 
Само за влез и излез ми е искрено, нема повеќе од 3-4 саати да се задржувам, само да знам дали треба ПЦР да вадам или не треба ништо.
Мислам дека нема да ти треба.
 
Само за влез и излез ми е искрено, нема повеќе од 3-4 саати да се задржувам, само да знам дали треба ПЦР да вадам или не треба ништо.
drugo e sega
bogo2.jpg
 
Само за влез и излез ми е искрено, нема повеќе од 3-4 саати да се задржувам, само да знам дали треба ПЦР да вадам или не треба ништо.
Ништо не ти треба повеќе за влез во Грција. Од вчера е укинато се.
Исто како и пред пандемијата, пасошот во рака и среќен пат.
 
Препорака за мирно местенце што би било соодветно и за мало дете (1 год.)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Торони, не е предалеку има убава голема плажа, нема прегужви, морето е плитко да се пробања бебто...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: dwa
Цел крак може да се прошета со кола и со мало дете, јас бев со два месеци дете таму пред 8 години.
Најдолго трае денот на тој, ако тоа некој му значи и ако 5 оди на плажа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom