Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    681

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.290
Posrana ili chista, sepak e chlenka na taa alijansa, toj pakt, kade shto politikite, pravilata se takvi, ako bilo koj od tie 30ina chlenovi na klubot e napadnat, site ke skoknat i ke go unishtat/izedat neprijatelot ... ta bil sveti Putin, sveti Xi Jing Ping, Kim Jong Un...
Русија е најмоќната нуклеарна сила на планетава, и стратешки и тактички. Како и најмоќната копнена сила, со додаток на хиперсонично оружје кое НАТО морнарицата ја става на ранг на бродови од средниот век. Со преку 2000 тактички нуклеарки не би можел никој да и се приближи ни во сон. Да не зборам за стратешко нуклеарно кое е доволно два пати да ја преора Америка.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Јас мислам дека нас утре да не срамнат Русите со земја НАТО нема да возврати и да влезе во нуклеарна војна со Русија, и покрај тоа што ние сме нели НАТО членка, истото важи и за сите останати, освен оние кои имаат да возвратат ако се директно загрозени, САД Британија Франција.
И тука е целиот проблем, не туркаат во конфронтација и ни ветуваат лажна безбедност.
Настрана економски последици, тонеме во инфлација и до прва се усилуваме по удолницата, за што?
Затоа што сме окупирана држава, исто како во турско ропство, само сега што имаме интернет и лажна слобода.
Во секој клуб, во секое друштво имаш еднаквост, да, постојат еднакви, ама постојат и уште поеднакви од другите... И во НАТО и во ЕУ се знае има неколкумина главни кои дрмаат и на кои им се слуша зборот, а останите се кикиритки, измеќари, потрчковци, чистачи на лајна, купувачи на цигари и бурек, чувари пред врата, на влез, на рампа...
Мада сепак не е будала Путин да ја гаѓа Македонија во која живеат милион и пол гревој, а да си ги жртвува мулти-милионските Москва, Санкт Петерсбург и.т.н.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.341
Поени од реакции
31.210
Овдека имаме сосема друга ситуација, на северот и северо-истокот од Украина Руските сили доживеаа класичен промашај, фијаско, ама нешто слабо работава и доле на југот и југо-истокот. Трет месец веќе трае војнава и мислам дека воена сила како РФ која е рангирана втора или трета на планетава требаше досега да има многу многу поголеми успеси, а не сеуште да се занимаваат со Донбас бе, сеуште 100 постотно не ја завзеле Луганската област, а во Донецката област имаат уште некои 40 посто за освојување што не е малку...
Ако идеа со америчка тактика на карпет бомбинг, ќе имаа далеку поголеми успеси, веројатно и капитулација на Украина... Не го прават тоа, ама пак се „лошите“ момци. Америве пола свет го бомбардираа/нападнаа/итн, ама они се „добрите“.

Тоа е отприлика наративата.
Реалноста е дека колку повеќе трае војната толку повеќе е во предност оној со подобра логистика. Нешто што тек ќе се види како што ќе тече времето.

...на никој не му паднало на памет да го гаѓа непријателот со нуклеарка, туку исклучиво се војува со конвенционално оружје !
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: TOT

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Русија е најмоќната нуклеарна сила на планетава, и стратешки и тактички. Како и најмоќната копнена сила, со додаток на хиперсонично оружје кое НАТО морнарицата ја става на ранг на бродови од средниот век. Со преку 2000 тактички нуклеарки не би можел никој да и се приближи ни во сон. Да не зборам за стратешко нуклеарно кое е доволно два пати да ја преора Америка.
Да, има Русија нуклеарки, ама тоа го имаат и овие, а и други на планетава...
Види едно е фалењето кој што има, а сосема друго е кој што реално има... И Трпе вика дека имал гланц ново порше у гаражата, ама всушност има југо од 85та кое не му ни пали уопште, па мора да го гура :icon_mrgr: Јас досега за овие три месеци војна во Украина не видов ништо супериорно кај Руската армија... Не, не зборам, за нуклеарни оружја, пупу скраја нек'je, говорам за супериорност во ова конвенцијалново оружје... Реалноста е дека на територијата на Украина имаш војна т.е. пушкарење помеѓу две бивши советски армии со претежно слично оружје (советско) и на двете завојувани страни ... мигови, сухои, ми-хеликоптери, бтр-транспортери, советски тенкови, калаши ... Ене гледам видео Русите срушиле Украински миг или сухои... После гледам друго видео Украинците срушиле Руски миг или сухои или ми-хеликоптер... тоа е тоа... фактички ова е битка помеѓу две советски држави/советски армии... кои биле едно до пред 30ина години !
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.341
Поени од реакции
31.210
Posrana ili chista, sepak e chlenka na taa alijansa, toj pakt, kade shto politikite, pravilata se takvi, ako bilo koj od tie 30ina chlenovi na klubot e napadnat, site ke skoknat i ke go unishtat/izedat neprijatelot ... ta bil sveti Putin, sveti Xi Jing Ping, Kim Jong Un...
Тоа е наративата, ја знаеме приказната.
Но во реалноста, дали САД се спремни за MAD заради Полска или било која друга трета држава?

НАТО и посебно членот 5 е блеф, барем кога се работи за војна со нуклеарна велесила. Иако навистина се надевам дека Русија не се спремни да повикаат на тој блеф.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Говорев за конфликтот помеѓу Пакистан и Индија, а не за конфликтот помеѓу САД и Јапонија од 2св кој завршил со овие печурки... Пакистан и Индија се нуклеарни сили, соседи се, имаат тензии, проблеми, со децении, но на никој досега не му паднало на памет да го гаѓа непријателот со нуклеарка, туку исклучиво само војување/пушкарење со конвенционално оружје !
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.341
Поени од реакции
31.210
Говорев за конфликтот помеѓу Пакистан и Индија, а не за конфликтот помеѓу САД и Јапонија од 2св кој завршил со овие печурки... Пакистан и Индија се нуклеарни сили, соседи се, имаат тензии, проблеми, со децении, но на никој досега не му паднало на памет да го гаѓа непријателот со нуклеарка, туку исклучиво само војување/пушкарење со конвенционално оружје !
Дали Пакистан и Индија се во активна војна и дали взаемно си го загрозуваат постоењето?
Дали Русија е во активна војна, и дали само со Украина?

Одговори си на овие прашања и ќе одговориш и на прашањето дали Русија може да употреби тактичко нуклеарно оружје.
Кога некој го напаѓаш директно како што Русија е нападната со хибридна војна, тој некој може одлучи да се брани најдобро што знае.

MAD секако е detterent ама само додека двете страни седат мадро.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: TOT

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.290
Да, има Русија нуклеарки, ама тоа го имаат и овие, а и други на планетава...
Види едно е фалењето кој што има, а сосема друго е кој што реално има... И Трпе вика дека имал гланц ново порше у гаражата, ама всушност има југо од 85та кое не му ни пали уопште, па мора да го гура :icon_mrgr: Јас досега за овие три месеци војна во Украина не видов ништо супериорно кај Руската армија... Не, не зборам, за нуклеарни оружја, пупу скраја нек'je, говорам за супериорност во ова конвенцијалново оружје... Реалноста е дека на територијата на Украина имаш војна т.е. пушкарење помеѓу две бивши советски армии со претежно слично оружје (советско) и на двете завојувани страни ... мигови, сухои, ми-хеликоптери, бтр-транспортери, советски тенкови, калаши ... Ене гледам видео Русите срушиле Украински миг или сухои... После гледам друго видео Украинците срушиле Руски миг или сухои или ми-хеликоптер... тоа е тоа... фактички ова е битка помеѓу две советски држави/советски армии... кои биле едно до пред 30ина години !
У која војна ти си видел супериорно оружје?
Овие се утврдиле и ги чекаат со години и се кријат позади цивили, што очекуваш....некои АИ куршуми и сл. :D
Автоматски споено мислење:

Американциве фрлија тони осиромашен ураниум у Афганистан, и на крај избегаа како пички оставајки 100 милијарди вредна опрема.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
Не. Русија ако ја зема Украина без жртви ќе има доволно сили за повеќе. Вака ќе бидат среќни и со тоа што ќе го земат. А и свесни сме сите дека напад на НАТО е самоубивство на Русија. Дада, нуклеарки ќе пуштеле.
Ајде сега искористи ја „Барај“ опцијата на сајтов и побарај каде јас сум спомнал нуклеарки или напад на НАТО држава. Напад на НАТО држава од страна на Русија е возможно само ако некоја НАТО држава директно се замеша во Украина, затоа што колективната одбрана не важи во таков случај. Да важеше и во таков случај, во најмала рака Полска веќе ќе беше влезена во Украина. И на крајот на краиштата, постојат држави надвор од НАТО кои се на список на Русија, дури и да не ја спомнуваме Молдавија, тука се Финска и Шведска. Напад на Финска и Шведска (макар и ракетен) ќе значи директен воен напад на ЕУ и дефинитивно бајаги ќе ја раздрма унијата. Тогаш веќе Германија ќе мора и дефакто да се откаже од Руските енергенси, ако сака воопшто да опстане унијата. Секое друго сценарио ќе значи распад на ЕУ. Русија е веќе демонизирана на западот, санкциите се удрени врз све освен врз енергенсите. Што ќе ги кошта да пуштат ракети на Финска и Шведска?

А што се однесува до употреба на нуклеарно оружје, тактичко или стратешко свеедно, Русите јасно и гласно кажаа дека нема да се мислат да го употребат, но само доколку им е загрозена егзистенцијалноста. Сега како што стојат работите, многу е далеку од тоа и нема некакви си знаци дека во блиска иднина ќе дојде до тоа.

Украина се покажа како одличен вазал на западното општество и буквално се донесе на работ на опстојувањето заради тоа. Како што и ти самиот кажа „ Кој е при свест знае дека западот тоа му е целта. Свесни се дека Украина не може да победи.“ И како продолжува овој конфликт така влогот на Украина се зголемува, а партијата се знае дека ќе ја изгуби. Значи западните партнери се свесни, ама не и Украинците... барем не оние кои ја водат Украина. Да беа свесни, нема да ги полнеа безбедносните структури со сомнителни навијачки групи, следбеници на нацистички колаборатори. Или можеби се свесни, ама работат по туѓ диктат и по туѓи национални интереси.

Кој побогу игра изгубена партија? Кој води изгубена војна?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.954
Поени од реакции
35.875
valjda misli za srbite ovie drugive sekako ke kidnat uste prviot den koga bondstil ke zatvori.
Немаат гајле, имаме ние добродушни политичари што ќе ги примат и веднаш, и им најдат соодветна државна работа.
Автоматски споено мислење:

Безлишен е муабетов. Одлучиле да ја бранат државата и сами бараат опрема. Сметам дека е нивно добро право.
Автоматски споено мислење:

Не, ја сум одма да прекинат со војнава. Русија е единствена што тоа го може.
Ти ако играш партија во која водиш цело време, и е огромна шансата да победиш, дали би се откажал?

Очигледно можат да си играат вака со месеци, секоја педа земја плус им е од корист кога ќе дојдат преговорите на маса.

Плус уште има нацисти низ Украина ;)
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.402
Поени од реакции
36.334
Разликата е што уапсените руски граѓани кои протестираа против војната се апсени за изразување став.
Во ситуација на војна имаш лица поради кои гинат цивили, жени и деца, односно предавници. Нив ги има секаде и секогаш и можат сериозно да наштетат на страната во која делуваат. Што не значи дека треба да се ликвидираат без судење или нешто слично, но не знам дали постои земја во светот која го нема велепредавството како најголем правен грев.
Ако е за изразување став и човекот од видеото изразил само став на социјални медиуми. Не го апсат дека е колаборатор:)

Инаку се сложувам со тебе и тоа како тешки времиња бараат тешки мерки. Тоа како постапуваат дури и не е ни спорно за мене.

За мене трагикомично е како различно се прикажува сето тоа ако е во Украина и ако е во Русија, од страна на тие што се нарекуваат медиуми. Едното е нормално во тешки времиња, другото е диктаторот и тиранинот Путин го злоставува слободоумното население во Русија.

Или како што бившиов Американски амбасадор во Русија и објаснува на западната јавност, како на дебилчиња или мали деца кои гледаат Марвел филм.

6143B24C-A5E2-4117-87EB-607233ABF0E9.jpeg
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.326
Поени од реакции
18.186
Престанете бе со патетики и Виетнам беше разрушен, па гледајте сега каква држава е.

Украина прави максимум од ситуацијата. Да, може да изгуби, но и да победи сега Русија мора победата да и биди пирова.

Впрочем СССР победуваше во Афганистан, па на крај СССР се распадна.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405

Значи војната треба да продолжи што е можно повеќе?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.326
Поени од реакции
18.186
Значи војната треба да продолжи што е можно повеќе?
Ако Украинците се спремни на тоа, да.

Реално имаат најпогодна ситуација во моментов, затоа што САД т.е. оваа администрација е спремна да троши и ништо не е скапо за нив да ја турнат Русија на колена.

Мислам САД потрошија трилион ми се чини на војната во Афганистан, за Русија да падни сигурен сум ќе платат и повеќе.

Заборавате сите или не знаете историја, но Украинците од 1945 - 1955 година и тоа во време на Сталин, воделе партизанско герилска војна во СССР.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom