Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    747

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
И јас сум за уште вечерва да прекине војната, но досега не сум видел некој со дотурање бензин да изгасил оган, еве два месеци поминаа не слушнавме ниту еден повик за прекин на огнот од страна на западот, се што слушаме е санкции, русите орки, и пратете оружје. И покрај тоа што се свесни дека Украина губи.
Украина губи да, па секако дека губи таа и е нападнатата страна во конфликтов, на нејзина територија и се води војната, нејзините села и градови се прав и пепел напраени и нејзините граѓани се бегалци од своите домови и родни огништа, ама сепак има сеуште народ кој може да се бори, нели, и да гине, па затоа секој ден нови пратки натовско оружје... Зеленски тврди дека Украина накрај ќе победи и дека секој инч Украинска земја ќе биде ослободен и сите Руски војници до последен ќе бидат набркани отаде границата (дома во Русија). Ниту Украинската власт има намера да се повлече, да капитулира, ниту пак западот има намера да направи стоп на секојдневното пумпање на Украина со оружје ... :tapp: :masa::pijani:
П.С. Ма че се бориме со тија Русите до последен Украјинцки маж, жена, дедо, баба, дете, бебе, куче, маче, врапче, ами како... баш вака испаѓа ситуацијава !
 
Последно уредено:

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.650
Поени од реакции
22.382
Убиство на Русија за убиецот значи самоубиство од заседа.
Биди ајде реален и кажи хипотетички што ќе направи нато ако фрлат нуклеарка еве на Бугарија?
Зошто да пуштат нуклеарка на Бугарија?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.077
Поени од реакции
6.561
Ова е некој хумор или да се правиме на Тошо што ни се случи и колку предавства се случија во северен фиром ? :icon_lol:
Буквално предавник и дезертер ти е технички втор човек во државава.
30 Години се случуваат предавства, и тоа во мирнодопски услови. Но тие не потпаѓаат под легална рамка, пример приватизацијата, туку тие категории се оставени за воени услови. Ако има правник на темава нека каже.
Автоматски споено мислење:

Зошто да пуштат нуклеарка на Бугарија?
Не знам зошто луѓево си мислат дека постои нуклеарна опција во војнава, како си замислуваат дека Варшава, Талин, Хелсинки ќе осамнеле под атомска печурка, може Путин е луд ама не е глуп :icon_lol:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.650
Поени од реакции
22.382
30 Години се случуваат предавства, и тоа во мирнодопски услови. Но тие не потпаѓаат под легална рамка, пример приватизацијата, туку тие категории се оставени за воени услови. Ако има правник на темава нека каже.
Автоматски споено мислење:



Не знам зошто луѓево си мислат дека постои нуклеарна опција во војнава, како си замислуваат дека Варшава, Талин, Хелсинки ќе осамнеле под атомска печурка, може Путин е луд ама не е глуп :icon_lol:
Малце е очајно како демек ако не победи Русија ќе пуштат нуклеарки. Нема иако никогаш не можеш да исклучиш.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
1.902
Тоа што највисоко воено лице мора да преземе и да оди на фронт некои може да го толкува како знак до сега сепак не оди све по план. Делува и малку аматерски толку многу високи воени лица на едно место собрани во дофат на Украински ракети. Факт е дека Украина и поради ваква помош се држи толку добро. Тоа што го имаат со максимална ефикасност го користат. Не знам дали ова повеќе кажува за САД или за Русија, ваљда и за едно и за друго.
Досега сеуште не се десило нешто вистинито да биде објавено од украинската страна, да почекаме и за ова.

Но, да претпоставиме дека е вистина. Ако навистина бил Герасимов заедно со други генерали, тоа може да укажува на "состанок" од стратешка природа. Може да е промена на стратегија, може да е потврда за продолжување со досегашната или може да е нешто измеѓу, мали корекции, приспособувања, прилагодувања на актуелна или евентуална идна ситуација за кои се разработиле сценарија.

Ако е вистина, причината за таков ризичен потег, не мора да значи дека нешто не оди по план. Баш напротив. Може да е ради сензитивност на информации и претпазливост од пресретнување комуникации. Може да е ради консултации со генералите кои се позапознени со тактичката и реалната природа на боевиот театар.

Според она што е познато од досегашното дејствување на руските единици, според воени историчари и експерти, се работи за сосем нова методологија и пристап на оперативно делување, каде сите единици со нивните команданти и генерали над нив, делуваат најсамостојно што се може, независни едни од други во смисла координација, комуникација итн. Оперативно-тактичкото делување е препуштено максимално на командантите на терен. Повторувам, колку се може. А повисокото, стратешко планирање и консултирање се дешава изузетно ретко и не се меша во тактика, туку во посеопфатна стратегија. Немаат рок, имаат само зададена цел и нејзино исполнување.

Најбанален пример: Иде Герасимов вика стратешки потребно е да се опколат во Донбас не да се иде груда у груда со нив. Командантите одлучуваат или предлагаат како ќе го остварат тоа, во кои правци ќе се движат, кои населени места, селца, стрстешки точки ќе ги зазимаат по кој редослед и во реагираат во согласност со постојаните промени секој во својот реон на делување.

Лавров денес по 283828283829 пат повтори и потврди она што веќе сите го знаеме, нема рокови за завршување. Какви 3 дена какви 3 недели каков 9ти мај каков крај на година или деценија. Има само остварување на задачите.

Околу држењето на украинците. Прво, не сакам на никој да му одземам од храброста (или будалоста), свесни се дека се топовско месо и немаат никаква шанса за некаков успех. Главна задача им е да нанесат нешто штета на руска опрема и некој војник. Но ништо од тоа нема да промени исход. И среќа се повеќе се предаваат и ја сваќаат реалноста. Штета што како и самите кажуваат, со 3 дена обуки ги носат на први линии, командантите си се враќаат у штаб, не им дозволуваат да се предадат, сопствени снајперисти ги држат на нишан. Кога ќе им утепаат командант или генерал на единицата, тогаш веднаш се предаваат.

Дури една новинарка, ултрапроукраинска, како и неколку твитер профили западни почнаа се повеќе да објавуваат за катастрофата што владее во украински редови, што од мотив и морал, што од недостаток на оружје, муниција, храна, логистика, што од разочарување од лагите на нивното раководство, што од соочување со реалноста кога ќе дојдат у фронт, дека све е обратно од што им сервирала пропагандата. Впрочем има миљон сведоштва за ова и на странски платеници, не само на украински заробеници.

Така да, отпорот што го даваат е мн слаб, не по нивна вина, повеќекратно побројни се од русите, и се во одбрана, во долго време утврдувани позиции, на свој терен, би требало и со поголема мотивација јер бранат татковина итн. Но, освен во бројност и тоа составена од лица кои не кренале потешко од пенкало и кои нажалост се праќани како жртвени јагниња на покољ, немаат начин да дадат сериозен отпор на многукратно инфериорните по бројчаност руски единици со кои се соочуваат. Но тие се професионална, одлично опрема и со поддршка од неограничено количество артилерија и воздушна доминација.

Се молам што повеќе да се предадат и да си ја сватат реалноста дека нивната сопствена влада и раководството ги смета само ко бројка, статистика, ги праќа во сигурна смрт и изгубена битка без око да им трепне. Кога доволен број ќе се соочат со таа сурова реалност, ќе се деси масовно откажување послушност што се надевам ќе доведе до притисок врз лидерството и ќе ги остаи без опции и ќе седнат да потпишат примирје/капитулација.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.650
Поени од реакции
22.382
Не се нервирам, владата на нашата држава ќе ви направи огромен споменик.
Абе убав пример си, водиме колку што гледам ок дискусија и наидуваш ти и трескаш некоја глупост и мислиш си смешен или си направил некое дело. Можеби во реален живот не си таков ама вака анонимно лесно е да се лечат комплекси.
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2022
Мислења
1.075
Поени од реакции
4.168
Зошто да пуштат нуклеарка на Бугарија?
За да ги вратат на фабрички подесувања. Хипотетичко е прашањето може да одговориш што потоа ќе направи нато? претходно тврдеше дека ако Русија нападне нато земја ќе било крај за неа..
Еве и не мора да е нуклеарка, ракета една пуштат да го уништат аеродромов во Скопје зашто виделе дека канадски транспортер на оружје тука слетал. Што ќе направи нато после тоа?
Зашто гледам интересен ви е ставот околу тоа, еј ај ние ќе праќаме оружје да гинат руси па дури ако може и внатре на руска територија, и ќе спиеме на тоа уво дека овие не се луди да ни акнат една тактичка у чело.
Путин кажа уште на почеток дека ќе ја удрат секоја земја која дирекно ќе се вмеша во конфликтот или ја загрози безбедноста на Русија, без разлика во каков воен сојуз членува истата.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.650
Поени од реакции
22.382
За да ги вратат на фабрички подесувања. Хипотетичко е прашањето може да одговориш што потоа ќе направи нато? претходно тврдеше дека ако Русија нападне нато земја ќе било крај за неа..
Еве и не мора да е нуклеарка, ракета една пуштат да го уништат аеродромов во Скопје зашто виделе дека канадски транспортер на оружје тука слетал. Што ќе направи нато после тоа?
Зашто гледам интересен ви е ставот околу тоа, еј ај ние ќе праќаме оружје да гинат руси па дури ако може и внатре на руска територија, и ќе спиеме на тоа уво дека овие не се луди да ни акнат една тактичка у чело.
Путин кажа уште на почеток дека ќе ја удрат секоја земја која дирекно ќе се вмеша во конфликтот или ја загрози безбедноста на Русија, без разлика во каков воен сојуз членува истата.
Тешко е да дадеш одговор на хипотетички прашања. Од една страна не сум Нато од друга страна сценариото што го опишуваш е нереално. Ако Русија нападне Нато држава ќе реагира директно на Русија, во друг случај постоењето на Нато нема смисла. Јасни беа во тоа и Русија највероватно ќе се воздржи од таква акција.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.499
Поени од реакции
13.780
Абе убав пример си, водиме колку што гледам ок дискусија и наидуваш ти и трескаш некоја глупост и мислиш си смешен или си направил некое дело. Можеби во реален живот не си таков ама вака анонимно лесно е да се лечат комплекси.
Ајде, клаи што следно ќе и пратат на украина, шмајзери?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Какви бре луѓе нуклеарки... Аво некој рокне нуклеарка на Руска територија (Руски град) секако дека курбан потоа ќе одат и НАТОвски држави, но и обратно ако Русија прва употреби вакво оружје врз некоја НАТО членка, потоа и таа апсолутно нема да биде поштедена. За една нуклеарка која Русија би ја истрелала врз некоја НАТО држава потоа за возврат би добила страотен контранапад... Па и Пакистан и Индија имаат вакво оружје, а и со децении имаат меѓусебни проблеми, па и војни, ама ете на никој не му паднало на памет да го гаѓа непријателот со нуклеарка, туку исклучиво се војува со конвенционално оружје !
 

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.291
Какви бре луѓе нуклеарки... Аво некој рокне нуклеарка на Руска територија (Руски град) секако дека курбан потоа ќе одат и НАТОвски држави, но и обратно ако Русија прва употреби вакво оружје врз некоја НАТО членка, потоа и таа апсолутно нема да биде поштедена. За една нуклеарка која Русија би ја истрелала врз некоја НАТО држава потоа за возврат би добила страотен контранапад... Па и Пакистан и Индија имаат вакво оружје, а со децении имаат меѓусебни проблеми, па и војни, ама ете на никој не му паднало на памет да го гаѓа непријателот со нуклеарка, туку исклучиво се војува со конвенционално оружје !
Za edna posrana Polska mislis deka e spremna SAD da gori?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Ајде, клаи што следно ќе и пратат на украина, шмајзери?
Panzerhaubitze, Hermelini, Pinzgauers... :icon_mrgr:
Автоматски споено мислење:

Za edna posrana Polska mislis deka e spremna SAD da gori?
Posrana ili chista, sepak e chlenka na taa alijansa, toj pakt, kade shto politikite, pravilata se takvi, ako bilo koj od tie 30ina chlenovi na klubot e napadnat, site ke skoknat i ke go unishtat/izedat neprijatelot ... ta bil sveti Putin, sveti Xi Jing Ping, Kim Jong Un...
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2022
Мислења
1.075
Поени од реакции
4.168
Тешко е да дадеш одговор на хипотетички прашања. Од една страна не сум Нато од друга страна сценариото што го опишуваш е нереално. Ако Русија нападне Нато држава ќе реагира директно на Русија, во друг случај постоењето на Нато нема смисла. Јасни беа во тоа и Русија највероватно ќе се воздржи од таква акција.
Јас мислам дека нас утре да не срамнат Русите со земја НАТО нема да возврати и да влезе во нуклеарна војна со Русија, и покрај тоа што ние сме нели НАТО членка, истото важи и за сите останати, освен оние кои имаат да возвратат ако се директно загрозени, САД Британија Франција.
И тука е целиот проблем, не туркаат во конфронтација и ни ветуваат лажна безбедност.
Настрана економски последици, тонеме во инфлација и до прва се усилуваме по удолницата, за што?
Затоа што сме окупирана држава, исто како во турско ропство, само сега што имаме интернет и лажна слобода.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom