Незнам како е точната дијагноза, сите резултати се кај матичната. Знам дека има само хеликобактер веќе 4-5 години.
...како може да немате никакви примероци дома од направени анализи и специјалистичко мислење, не знаете да направите фотокопија и да ги дадете на матичната , а оригиналите да си ги чувате дома за да си имате црно на бело мислење за на друго место или странство?
- вие ги плаќате испитувањата, за да ги чува оригиналите матичната? аман!
- крвни анализи се најчесто користен антиген метод за одредување на антителата на Helicobacter pylori (IgA и IgG) со кој може да се процени дали се работи за свежа, неодамнешна инфекција со бактеријата (IgA) или пак инфекцијата е добиена во минатото (IgG), исто така титарот на IgG, антителата е особено важен за следење на инфекцијата после примање на терапија.
- додека во фецес (измет) тест се прави за да се открие присуството на самата бактерија во столицата или да се одреди дали третманот на инфекцијата со Helicobacter pylori бил успешен.
„...Секојдневно во желудникот се излачува одредена количина на желудочен сок кој содржи дигестивни ензими и концентрирана хлороводородна киселина и на тој начин ја разградува консумираната храна и микроорганизмите кои се внесуваат преку исхраната.
...желудникот е заштитен од сопствениот кисел желудочен сок со тенок слој на мукоза, кој ја обложува неговата внатрешна површина, Helicobacter pylori има моќ да ја надмине оваа заштита, со тоа што живее во самиот мукозен слој и има способност да се бори против желудочните киселини со помош на ензимот уреаза кој го поседува, претварајќи ја уреата во бикарбонати и амонијак, кои се јаки бази и ја неутрализираат желудочната киселина на тој начин се создава заштитен слој околу самата бактерија, штитејќи ја од pH киселата средина во желудникот.
... ако ја има во поголема концентрација Helicobacter pylori веќе имаме појава на инфекција и тогаш нашиот имун систем реагира на инфекцијата со Helicobacter pylori создавајќи соодветни антитела, во почетокот IgA, а потоа IgG што всушност ги детектираат крвните тестови.
... Helicobacter pylori се пренесува орално, преку фекални остатоци кои може да се внесат преку храната (недоволно измиени салати и друг вид на зеленчук или овошје), исто така при подждригнување бактеријата може да се пренесе од желудникот во устата и на тој начин може да се пренесе директно преку орален контакт и да размислиме во тој правец можеби мајка ти се излекува со дадена тројна терапија и повторно се реинфицира не внимавајќи на начинот на можно повторно инфицирање, односно можеби и се дале за неа несоодветни антибиотици кои ете не ја завршиле до крај работата на уништување на бактеријата!
...доколку мајка ти има во терапија Апирин 100 тбл. тоа дополнително ја отежнува ситуацијата со Helicobacter pylori што се препознава со болки во желудникот, уздригнување и надуен стомак, алергични кожни реакции и воопшто дигестивни проблеми,
... доколку мајка ти нема тегоби туку се водите само по покачена вредност на тестот, доволно е да се преоринтирате колку можете кон исхрана која Helicobacter pylori „не ја поднесува“ со мнооооогу внимание на повторна реинфекција преку инфицирани раце и орален контакт,
... лоша хигиена на раце како можен главен фактор на реинфекција со Helicobacter pylori и затоа и твоето тврдење дека веќе подолго време се мачи мајка ти, така да не ја лечите само последицата и внимавате само на последицата, гледајте најдете ја причината од што доаѓа таа инфекција, реинфекција Helicobacter pylori со што проблемот ќе се реши за навек!
...иако Helicobacter pylori се смета дека нормално е присутна во желудникот, сепак главната инфекција е од надворешната околина преку уста т.е. инфицирани прсти дали со исхрана, дали од фецес, доаѓа до патолошко размножување што доведува до различни тегоби, што ако во водата за пиење да речеме во селски услови доаѓа некои фекалии загадени Helicobacter pylori па поради несоодветна вода бактериски исправна ете можни се такви екцеси и тоа кај некои особи поизразено, а кај други особи имуниот систем веднаш ја уништува без никаква потреба од лекарства тројна терапија ...итн.